Среда, 18 Ноември 2020   
НА 7 АВГУСТ 1962 ГОДИНА СЕ ОСТВАРИ ИДЕЈАТА ЗА СВОЈА ЦРКВА ВО ТОРОНТО – ДЕЛ II (11)

1mih

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, за која и на најголемите неверници и противници им беше многу јасно дека враќање нема, колебање ич, и дека решеноста да се изгради храмот е огромна и конечна.

Успехот на оваа акција во "Паладиум хол" ги подгреа и ги зацврсти напорите и истрајноста да се продолжи со уште поголемо темпо. Тоа мошне елегантно го преиесоа и бројните медии - весниците, радијата и телевизијата од Торонто. кои, меѓу другото, го цитираа следниот текст на црковната управа:

"Be известуѕлме дека Македонската православна црква во Торонто е факт со кој се радуваат Македонците. Во најскоро време црковното настоЈателство ќе го реши прашањето за место каде ќе се вршлт богослужбите, Едновремено со ова ќе се преземат чекори за изградба на црква која треба да ги задоволи сите потреби за религиозен живот, а просветување, разонода и друго   и да биде нивиа гордост. 

Примете ги нашите искрени желби за преуспевање на Млкедонската православна црква и нашите длабоки почитувања, кон Вас - високите достоинственици на МПЦ".

Ha состанокот беше формиран и управен градежен одбор a свештеникот Кирил Стојановски беше назначен за прв парохиски свештеник на новата црква   "Св. Климент   Охридски".

Втората етапа беше да се изнајде најпогодно место за скорешната градба, но да биде тоа местоположба што ќе биде најдобра и општоприфатена од најшироките маси. Настојателството и не само тоа, трагаа секојдневно, го крстосуваа градот само за да дојдат до локација на која ќе никне катедралниот храм. Дури во 2,500 примероци беше размножено решението од регистрацијата кај канадските власти, со што и официјално "Св. Климент Охридски" влезе на списокот и дека таа е веќе запишана како прва македонска црква  Датумот е 12 декември 1962 година.

2mihМитрополитот Наум со Македонки во народна носијв

Трагањето по местото најпосле вроди со плод. Беше пронајдено, одбрано и купено, а во целиот период духовниот живот се одвиваше во Желевското селско друштво, во слободните простории во салата во "Плазата" на Торнклиф Парк, а понекогаш и во Англиканската црква и на други места.

Во 1962 година веќе масовно започна акцијата за подигнување духовен храм за да продолжи во следната 1963 и онаа година потоа и сите беа исполнети со многу напори, со маки, собирање на пари, непрестајни борби со разните проблеми, изработка на плановите и со што ли уште не. Мора да им се оддаде големо признание на сите ентузијасти кои не се штедеа ни себе си, ниту своето слободно време за да ги завршат оние куп обврски што стоеја на патот до изградбата на светиот дом.

Задоволство беше да се гледаат луѓето, како доаѓаа на купеното место за да стапнат, како што велеа, на парче македонска земја во Канада. Тоа место тие навистина го чувствуваа како свое. А како ли ќе изгледа утрешната црковна градба? Се прашуваа и прашуваа сите.

Се’ беше тајна до денот кога по три месеци упорна работа (сега покојниот) желевчанец, академскиот сликар Петре (Питер) Стојанов не и ги даде ликот и обликот на "Св. Климент Охридски" и не ја изложи макетата во "Плазата" (Трговскиот центар) Торнклиф Парк.

Претходно, дедото Петре ги покани на муабет и кус договор дел од оние што најмногу трчаа за црковните работи, па на крајот од средбата во неговиот дом да им ја покаже макетата на повеќето присутни пријатели. Сите беа воодушевени А заедно со чашка здравица ја споделија радоста: Павле Базел - Тупурковски. Мајк Нешевиќ, Коста Ендрус, Питер Илијас, Пит Кондов, Спиро Базел Тупурковски, Ван Петров, Луј Џорџ и свештеникот Кирил Стојановски. Сите останаа со отворени усти од големото и пријатно изненадување.

3mihМитрополитот Наум и свештеникот Кирил Стојановски со грула Македонци во 1962 година

Ho, толкаво големо изненадувањето беше и во "Плазата" во Торнклиф Парк кога река од луѓе поминуваа и уживаа, гледајќи ја макетата, па не само што ветуваа, дека ќе даруваат пари, туку за релативно кусо време беа собрани 110.000 долари доброволно и од срце. Се давани од 5 до 5.000 долари, се разбира секој според џебот и волјата да помогне.

Времето од 2 август 1962 година до 5 април 1964 година е време на организирање и на собирање финансиски средства во Торонто, купување место, одредување на локацијата, приготвување планови и дотур на материјали за да може црквата да се изгради поевтино, побрзо и посолидно.

Оној ден кога макетата на сегашната Македонска православна црква "Свети Климент Охридски" беше истакната во плазата на Торнклиф парк на луѓето им стана јасно дека црква не се прави само со пари, туку и со искрена љубов и вера дека делото што си го поставиле како цел пред себе, ќе се оствари.

Исто така, во серијата културни настани поврзани со денот на ослободувањето на Скопје, посебно место зазема изложбата на Петар Стојанов од Торонто, Канада. Овој македонски иселеник роден во 1900 година во големото македонско село Желево во Костурскиот краЈ, Македонија, на Уметничката галерија во Скопје и подари еден дел од своето ликовно творештво: шест уметнички слики и графики, со скромна желба, неговите уметнички остварувања да ги видат сонародниците во Македонија

И во 1963 годмна по јулскиот катастрофален земјотрес, кој многу ја разурна престолнината на Македонија и однесе многу скапи човечки животи, испрати уште 50 свои уметнички дела со една единствена и искрена желба, како што е речено во писмото, тие да им бидат разделеии на сите уметнички галерии во поголеуите градови од Републиката

Продолжува

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.