Среда, 25 Ноември 2020   
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

1vidaВо издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје излезе од печат луксузното монографското дело „Семејството Видиновски“на публицистот Славе Катин. Во него на 440 страници на македонски и на англиски јазик се дадени текстови кои се значаен прилот и придонес кон осветлување на голем број аспекти од историската и творечката вистина за иселениците Борче (Борис) и Рада Видиноски од Торонто, Канада. Рецензенти на делото се проф. Д-р Вера Стојчевска –Антиќ и Нада Николовска.

Монографијата „Семејството Видиновски“ е  слика за животот и делото на позната поетеса Рада Видиновска и неговиот сопруг, бизнисменот Борче Видиновски, како и за  нивното семејството во Канада и Македонија. Во исто време делото претставува интересна  страница од мозаикот на македонскиот иселенички  летопис  во Торонто, Канада, но и во пошироките  простори   на северноамериканскиот континент.

Инаку, авторот на ова монографија Славе Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот и на Античка Македонија. Исто така, неговата работа се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми и други собири, како и на преку 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот

Авторот во монографијата пишува дека Рада и Борче Видиновски се почитувани и горди Македонци. Тие се познати, доблесни имиња, активисти и поети, кои со својот ангажман, со нивната активност во Македонската заедница во Торнто, оставаат достоинствени пораки за времињата идни и за генерациите следни. Тие пленат со нивното родољубие и силна посветеност за афирмација на  македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултикултурна Канада.

Животната приказна на семејството Видиновски е, истовремено, е и скромен дел од историјата на неговото Крстоар, Битолско, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на нивната татковина – Македонија. Зашто она што се случувало од исконските времиња на Филип Втори и Александар Трети – Македонски,  преку незаборавните битки на цар Самуил, до оние на Гоце Делчев, Даме Груев и сите борци по нив, ги отсликуваат историските голготи низ кои минала Македонија, се’ до нејзиното прогласување за самостојна, демократска и независна држава. Затоа, може да се рече дека со монографскиот труд на Славе Катин за доблесното семејство Видиновски во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја.        

Семејството Видиновски од селото Крстоар ја напуштило својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Борис (Борче) и Рада Видиновски, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја откриваат сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори.

11vida 111vida

Семејството Видиновски е дел од многуте печалбари од подпелистерските краишта, за кои судбината  била сурова и оставила вековни последици и лузни врз животот на иселениците.Во таа печалбарска сага, секако свое посебно место има нивното родно село Крстоар кое е тесно поврзано со историскиот и општествениот развој на Македонија и македонскиот народ и со иселеништвото во целина.

Борче и Рада се личности за почит и пример од кои можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, Канада и Македонија. Делото што го направиле Борче Видиновски и неговиот животен сопатник Рада Крстевка Видиновска, претставува убав пример и патоказ на еден честит и благороден канадски брачен пар.

Кога се пишува за  Рада Видиновска може да се каже дека за неа поезијата, всушност, е нејзин живот. Во нејзината поезија се испреплетени нејзините две татковини, Македонија и Канада. Затоа поетските дела што таа ги напишала претставуваат убав пример и патоказ на една честита и трудољубива канадска Македонка, на која татковините ѝ се и радост и тага и восхит. Во Канада, Рада Видиновска стана македонски иселенички писател, поет, есеист, раскажувач и автор на 14 стихозбирки.

Монографијата за семејството Видиновски е поделена на неколку дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и земјата на нивниот животен пристан - Канада. Во Канада се  пет децении, но се чести гости и во Крстоар и во Охрид, каде имаат киќа и стан за одмор и рекреација. Претставени се нивните родни места селата Крстоар и Живојно, за кои се објавени сите релевантни податоци во текот на нивното постоење. Исто така, се претставени значајните личности, со посебна нагласка на црковно-духовните центри од двете села

Исто така, монографијата е посветена на поетското творештво на Рада Видиновска. Така, сите четиринаесет поетски дела што ги напиша Рада Видиновска претставуваат убав пример за една  трудољубива иселеничка.

Поетските дела на Рада Видиновска се промовирани на многу места во Република Македонија и на северноамериканскиот континент. Тоа придонело таа да е прв лауреат на наградата „Иселеничка грамота“ во 1992 година, што за првпат Матицата на иселениците од Македонија ја додели на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобар поет од дијаспората. Рада е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година, а, исто така,  и член на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга.      

Затоа, може да се заклучи дека монографското дело „Семејството Видиновски“е публикација која отсликува дел од животната приказна за Борче и Рада Видиновска.Таа претставува своевидна сага за жилавоста, макотрпението, упорноста и истрајноста на Борче и Рада од Крстоар и од Живојно, Битолско, кои педесетина години живеат во Канада. Нивната  судбината е слична или идентична со судбините на голем број други иселеници од етничка Македонија кои „свиле нови гнезда“ насекаде во светот, но останале да бидат чувари на македонското име и на Македонија

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.