Среда, 16 Декември 2020   
ВОСТОЛИЧУВАЊЕ НА ПРВИОТ АМЕРИКАНСКО –КАНАДСКО – АВСТРАЛИСКИОТ МИТРОПОЛИТ ГОСПОДИН КИРИЛ (15)

1iust

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето 

 

Имено, придобивка за црквата “Свети Климент Охридски“ е и тоа што Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, на големиот Црковно-народен собор, оджран во древниот град Охрид, ода 17 до 19 јули 1967 година, тогашниот викарен епископ Тивериополски Г. Кирил го назначи за епискол на новоформираната Американско канадско-австралиско- македон-ската епархија.

Илјадници, десетици илјади припадници и поклонители на Светиклиментовата црква што живеат во Канада и Америка на тој начин го добиЈа својот духовен архиластир, Под неговото мудро и многузначно, најшироко дејание за релативно кусо време на северноамериканскиот континент македонските вредни иселеници со самопрегорен труд подигнаа десетина православни македонски храмови.

Но, чин на незаборав е оној, секако, запишан во историЈата на Македонската православна црква на 10 август 1969 година, или две лета откако беше назначен г. Кирил за овдешен владика. Тогаш пред олтарот во овие свети македонски порти беше извршено востоличувањето - интронизацијата на Неговото високопреосвештенство митрополитот Американско-канадско-австралиски г. Кирил. На тој ден река од народ се слеваше од многу места и градови, нешто слично како неколку дена пред тоа на Илинденскиот пикник, меѓу кои беше и авторот на овие текстови, Славе Катин. Некои дојдоа дури и два дена порано за да фатат место за многу значајниот настан.

3iustСлово на митрополитот г. Кирил 

Светата архиерејска литургија, во асистенција на сите свештеници   од  македонските   црковни  општини   во   САД  и   во Канада од страна на Дебарско- кичевскиот архиереј митрополитот г. Методиј и митрополитот г. Кирил беше отслужена на најсвечен начин, по што во името на Светиот архиерејски синод на МПЦ, митроплитот г. Методиј го воведе во архиерејскиот трон надлежниот епархиски архиереј.

Веднаш по интронизацијата митрополитот г. Кирил одржа мошне инспиративна, многу топла беседа и заблагодарувајќи се на довербата и задачата што му е доверена, меѓу другото, рече:

"Овој ден е ден на радост и на торжество, но. како и секоја друга радост, и оваа нашата денес, задолжува и обврзува. И јас вашиот архипастир, и свештениците во мојата пространа епархија и вие сите, мили духовни браќа и сестри на Господа, треба да бидеме свесни за големите и за тешки задолженија што се поставуваат пред нас. 

Одговорноста и потешкотиите, со кои ќе се среќаваме, се дотолку поголеми што македонските црковни општини кои ја сочинуваат нашата Богомдарована епархија ги разделуваат големи океански пространства. Сеедно, никогаш нема даја изгубам верата и надежта во Бога, дека со вашата искрена подршка и помошта уште на други наши повеќе од 200.000 браќа и сестри Македонци и Македонки кои живеат во Соединетите Американски Држави и во Австралија, а и тие се составен дел на оваа наша епархија,. 

Затоа ќе можеме да успееме уште со позасилено темпо во остварување на се поголеми успеси, како на нашето културио-просветно национално поле, така и на нашето црковно- патриотско поле. He ја губам надежта дека со сигурност ќе можеме да одиме во целосна афирмација на нашето на Бога угодно справедливо црковно и национално свето дело", беа зборовите што им ги упати на верниците новиот надлежен владика г. Кирил.

4iust

Банкетво црквата "Св Климент Охридски"

Вечерта вo чест на востоличувањето во големата сала на "Св. Климент Охридски"беше приредена свечеиа вечера, на која покрај четиристотините Македонци, присуствуваа и многу други видни личности, како црковни, така и државни, од градот Торонто и од провинцијата Онтарио. Меѓу нив беа: г. Џорџ Бен, член на Парламентот, претставникот на Англиканската црква г. Вејт, претставниците на Католичката црква господата Томас и Доукер, уште еден член на Парламентот - д-р Шуман, делегати од Матицата на иселениците од Македонија, од македонските црковни општини од Австралија и од Америка, градоначалникот на Торонто г Џонс првиот претседател на МПЦ "Свети Климент Охридски" во То-ронто Спиро Сандѕрс и тогашниот Џим Џуглов и, се разбира, уште многу други личности со кои заедно беше возвишено вечерашното славје.

Следеа поздравни говори, силни пораки, многу ветувања и верувања дека со новиот надлежен архиереј г. Кирил уште похрабро и порешително ќе се оди во нови победи. Ваквите зборови на охрабрување и за поттик наидоа на силно одобрување од страна на сите присутни во големата сала. Радоста беше голема, веселбата исто така, постигнувањата и успесите - секако најголеми. Тоа беше уште еден силен мотив успешно и мудро да се работи и да се придонесува за свое добро, за доброто на својот народ, за добфто на сите заедно.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.