Среда, 30 Декември 2020   
БРАЌАТА ЈАНОВСКИ И НИВНАТА ФАБРИКА ВО КАНАДА (15)

11bal

Денес Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се одвиваат значајни социјални. културни и економски преобразби, a со тоа и голема трансформација во нејзиниот етнички состав.

Канада е прва земја ео светот која официјално го признава мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната и доследна недискриминаторска политика, а со тоа мултикултурата се прогласи за политика на владата на Канада, каде што секој има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената култура, пропа-гирање и применување на сопствената религија и употреба на мајчиниот јазик.

Затоа често се вели дека Канада е „ветената земја" за Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија, кои во Канада ги уживаат сите човечки права, Додека во својата родна земја се туѓинци; им се оспорува националниот идентитет; врз нив се врши асимилација, денационализација и систематско истребување од родната грутка, Затоа, со право и со гордост Македонците во Канада ја пеат химната „О. Канада...“

За големиот биланс на активностите на Македонците во Торонто, не помалку се заслуж-ни и браќата Петре и Марко, кои веднаш по npистигнувањето во оваа далечна земја, својата енергија и способности и ги ставија на располагање на македонската заедница. Затоа, по толку години, од денешна дистанца, кога ќе се види што се е постигнато на планот на организирањето и вклучувањето на Македонците во динамичниот крвоток на оваа богата и демократска мултиетничка држава. Неодминлив е придонесот на браќата Јановци и на нивната фирма, која се наоѓа на северната страна на Торонто, во гратчето Маркам 

Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Торонто е во фокусот на вниманието и ангажманите на браќата Јановци, а посебно на Петре и Марко како успешни менаџери и активсти сo Црковниот одбор. Скоро секоја недела се присутни на богослужбата. Потоа се собираат во големата сала на црквата, по која продолжуѕаат кафесредбите, каде речиси се постојано вклучени не помалку од 400 до 500 македонски иселеници, од сите возрасти,

12balДел од фабриката „Јановски“ 

На нив, сепак. доминира постарата генерација, која има и најмногу теми за дебатирање, почнувајќи од родниот крај, па завршувајќи со тековните настани во новата татковина. Нивното внимание особено го привлекуѕа доаѓањето на висок духовник од Македонија, претставник на Македонската правослаѕна црква или на истакнат државник од Сколје, Битола и други градови, со кои темпераментно се дискутира за сите горливи прашања, било од доменот на црквата или од тековната политика на Владата на земјата, за која нашите иселенпци не секогаш имаат лозитивна оценка.

Во таквите сеанси не заостанува учеството на Петре и Марко, кои свесни за ефектите на своите ангажмани на овој план, не штедат усилби за сопстаени донаторски вложувања во работата на радио и ТВ часовите, но и во реализацијата на бројни акции што одат преку црквата, како Матица на сите Македонци во Торонто и воолшто во Канада.

Присуството на браќата Јановци во македонската колонија се протега и на нивните ангажмани околу црквата Свети Димитрија Солунски, нивните донации и тука се присутни, бидејќи ова верско светилиште кое го чувствуваат како свое, се наоѓа во близина на нивната фабрика. Но, нивниот хуманитарен хоризонт не запира тука: не помала е нивната грижа и за црквите Саети Илија и Света Недела, но и за бројни хуманитарни акции поврзани со укажување помош на болните, во покривањето на дел од трошоците за скапите оперативни зафати и во низа други случаи.

Вродените способности на луѓето секогаш доаѓзат до израз ако за нивното експонирање државата создава услови. Во спротивно, тие никогаш не ги даваат очекуваните резултати, особено во доменот на активностите за кои човекот носи такви предиспозиции. 

13bal 14bal           Марко и Петре                                                        Авторот Катин со тимот „Јановски“ 

Типичен е примерот со браќата Јановски, особено со Петре и Марко, кои дури биле во Велушина, како деца или момчиња. својата преокупација ја наоѓале во грижата за добитокот, зашто објективно немало простор за нивни поинакви ангажмани, какви што оствариле во Торонто, во услови на создадена клима и еднакви шанси на сите Канаѓани да покажат што умеат и да се докажат како успешни бизнисмени. Таквата шанса не можела да остане неискористена од надарените браќа, кои во менаџментот ја виделе својата животнз шанса.

Денес во гратчето Маркам се наоѓа нивната фабрика за производство на мебел, односно на кујнски елементи, барани на овој пазар, главно. заради нивниот квалитет. Имав чест и задоволство, како гостин на семејството, да го посетам овој производен капацитет и на самото место да ја доживеам атмосферата во која функционира. Она што прво паѓа во очи е големината на капацитетот кој зафаќа преку пет илјади квадратни метри површина, но и системот на неговото функционирање без застој, a co кој, раководи главниот менаџер - Џорџ (Ѓорѓи), синот на Петре Јановски.

Тој е родеи во Канада, завршил машински факултет, се оженил и има две деца. До него дојдов преку неговата секретарка, една пријатна Канаѓанка, по потекло од Егејска Македонија, вешта во комуникацијата со гостите и клиентите. На лице место имав можност да се запознаам со процесот на гроизводството, но и со фактот дека Џорџ е клучниот човек во работата на фабриката, во презентацијата на производите и нивниот пласман, Импресивно делува изложбениот салон, кој врие од клиенти заинтересирани за купувзње на разни елементи од кујнскиот мебел. 

Фабриката е автоматизирана, процесот на производството го контролираат петнаесеттина работници, од кои повеќето се Македонци. Амбиентот околу фабриката е култивиран со убава градина, во која покрај возниот парк, се наоѓа и парцелата за производство на македонски традиционални земјоделски производи: пиперки, домати. краставички, но и цвеќето здравец како симбол за препознавање на македонските домови.

Инаку, здравецот расте претежно на планините Баба, Бигла и Пирин Планина, и се наога во секоја македонска куќа, а неговото присуство овде, во Канада ги потсетува Македонците на својот роден крај.

Како што веќе истакнав, фабриката се наоѓа во квартот во кој е концентрирана лесната индустрија, на една височинка обиколена со бројни убави објекти, Фабриката се наоѓа во непосредна близина на улицата Вудбајн и Автопатот број седум, една од најважните зони од новиот дел наТоронто.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.