|
|
ТРАДИЦИОНАЛЕН ПИКНИК НА ВОЛИНЦИ |
ТРАДИЦИОНАЛЕН ПИКНИК НА ВОЛИНЦИ И покрај најновите рестрикции во Сиднеј поради Ковид – 19, Волинчани на католичкиот Божиќ (25.12.2020) го одржаа својот традиционален пикник крај брегот на Пацификот на живописниот Stanwell Park. Поради истите рестрикции оаа година само Волинчани од соседниот град Волонгонг не им се придружија. Како што се практикува, покрај македонска музика, се пиеше и јадеше (одговорен за скарата како и секогаш беше Крсте Илинкоски) и се навратуваше на блиските и далечни средби со Волинчани, се нижеа спомени за детството во Волино и прекрасната Македонија и животот на Волинчани во Австралија, а секако и за сегашната политичка ситуација во Република Македонмија, при што остро се осуди и предавничката политика на владата која го избриша името, а сега е во процес на бришење историјата, јазикот и македонскиот идентитет – го корне најбитното за опстанокот на една нација. НЕКА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2021 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ! АМИН! Д. Ристевски Фото: Групна фотографија на Волинчани Братска фотографија: Иван, Ангеле и Трпе Крсте Илинкоски и Иван Трпоски
|