|
|
БРАЌАТА ВАСИЛ, МАРКО И ПЕТРЕ ЈАНОВСКИ (16) |
Во семејството Јановски покојниот Васил беше најстариот брат, човек со среден раст, отворен и љубопитен за се’. Кога го запознав, првата негова реакција беше да чуе за Велушина, за Македонија, за Битола. Реагираше на начин како вчера да ја напуштил татковината. Интересот го изразуваше со рафали од прашања, со кои го бараше очекуваниот одговор. Посебен интерес покажуваше за моите книги, за кои слушнал на локалното радио, од весникот „Македонија" што излегува во Toронто, но и од списанието „Македонија“, орган на Матицата на иселениците. Посебна преокупација му беше религиозната тематика чии изданија ги читаше, а кога слушна дека сум автор на Библискиот речник, беше пријатно изненаден и среќен што му се укажала прилика да се сретне и да разговара со еден од авторите на едно такво дело. По префрлувањето од Грција во Канада, Васил прифаќал разни ангажмани, колку да може да опстане, да ја обезбеди основната егзистенција, Во еден подолг период имал и свој бизнис, со кој не може да се пофали дека бил успешен. Поради тоа и не успеал навреме да се вклучи во проектот за фаориката на браќата, па морал на крајот да им се придружи како општ работник, a не како рамноправен партнер. Сепак, со поголем напор и желба да успее, навлегол во дрводелскиот занает и иако најстар од браќата полека, но сигурно си го нашол своето место како мајстор што има свој корисен придонес за развојот на фабриката. Марко е вториот брат кого го красат убави особини: благороден, тих, скромен и вреден, Co понизок раст од другите браќа, продорен поглед и широки мустаќи, тој е кормиралот на фабричкиот брод Иако има место во канцеларискиот дел, неговиот мегдан се погоните во кои се произведуваат бараните кујнски производи за канадскиот пазар. Надгледува, помага и интервенира во разрешуеањето на техничките и другите проблеми што ќе се појават во процесот на производстеото. Неговиот син, исто така, работи на машините. Согругата на Марко беше од Велушина, добра и вредна домаќинка и мајка, која како баба своето време им го посветуваше на внуците, раскажувајќи им приказни од родниот крај. Петре Јановски Димитар, Марко, Катин и Петре Како што веќе нагласив, Марко првин заминал за Австралија, од каде го повлекле браќата во Канада, каде што со Петре навлегле во посериозен бизнис, кој денес ја доживува својата полна афирмација. Можеби токму поради тоа тие се и неразделни еден од друг (каде да ги сретнеш секогаш се заедно), како тандем кој функционира поврзано и професионално. Она што ги разликува се типично македонските манири кај Марко, кој иако живее во Toронто, се чувствува како да е во Велушина или во Битола и така се однесува во секојдневниот живот. Бил во управата на катедралната црква Свети Климент Охридски, комуницира со голем број луѓе, не пропушта приредби и разни свечености, на кои задолжително е присутен. Во оваа приказна за Марко има и еден друг куриозитет: При нашата срдедба првпат дозна дека јас сумсинот на неговите пријатели - моите родители, со кои редовно оделе во црква и имале добри пријателски односи, кои му останале во добар спомен. Посебна била блискоста на нивните сопруги со мојата мајка. И Марко не го криеше својот интерес за моите книги, често прашувајќи за нивната содржина посветена, главно, на тажната судбина на Македонците во дијаспората. Петар, или Петре е најмалиот брат ко] со своите способности успеал да се издигне во светот на бизнисот и да ги почувствува неговите погодности. Иако богат, парите не го промениле неговиот карактер: останал скромен и срдечен човек, кој повеќе му се радува на семејството и на внуците, односно на човечките вредности, отколку на моќта на капиталот. Во негови раце е кормилото на фабричната фрегата, посебно на маркетингот, односно освојувањето на пазарот. Овој симпатичен, умен и разговорлив Македонец, милозлив соговорник, со питомо срце и душа, плени со својата појава. Заслуга за тоа имаже и неговата покојна сопруга Софи, која ги сакаше и почптуваше неговите човечки и деловни способности. Меѓународната одисеја на Петре започнала кога тој избегал во Грција, од каде што, по извесно време, се префрлил во Белгија. Оваа земја, позната по својот стандард и култура, извршила големо позитивно влијание врз формирањето на неговата личност во светот на бизнисот. Престојот во Европа му дошол како приправнички стаж пред да го започне искачувањето на бизнисменскиот олимп во Канада. Се разбира, како и секој домаќин Македонец, така и Петре, во Белгија се одомил, освојувајќи го срцето на неговата сопруга Софи, со што ја воспоставип неопходната ментална рамнотежа, како услов за совладување на канадските бизнис врвови. Петре Јановски живее во стариот дел на Торонто. Бев гостин во неговиот дом, кој плени со својата убавина. Co својата скромност, чесност и работливост е многу почитуван меѓу Македонците вo Торонто, Во бракот имаат два сина. Семејството е зголемено со уште четворица внуци, кои се чести гости во домот кај дедото и бабата Јановски, За разлика од него, неговата сопруга беше многу љубопитна и располагаше со широк дијапазон на прашања. Добар дел од нив беа за состојбите во Македонмја и нејзината релација со Канада, а не помалку и за односите меѓу нашите сонародници во оваа земја. Иако скромен во кажувањата, Петар, или Петре не го криеше задоволството од подготовката на нивната мононографија, која остане трајно сведоштво за неговото семејство, за огромниот број негови членови, а посебно за него и неговите браќа Васил и Марко, но и за нивните родители, за кои ми зборуваа со почит, Не случајно, фотографијата на неговиот татко Ѓорѓи, се наоѓа на влезот во фабриката. Внимание заслужува и фотографијата на Марко и Петар со Киро Глигоров, кога бившиот претседател, по настапот во 00Н, го посетил и Торонто и во црквата Свети Климент Охридски, меѓу другите се сретнал и со браќата Јановски. Семејството Јановски е учесник на голем број манмфестации, меѓу кои и на Интернацио-кзлниот карван на нзциите во Toронто, на Црковно-националните манифестации, како и на бројни активности во македонската колонија. Исто така, семејството Јановски се едни од големите покровители на црквите, како и на друштвата и секциите што се во нивен состав. Многу пати нивната материјална помош била од голема важност за продолжување на целокупната дејност на црквите, информативните гласила и другите асоцијации на Македонците во Канада. Затоа, монографијата „Јановски“ од авторот на овие редови, Славе Катин, која е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002, на 226 страници, на македонски и англиски јазик, ќе остане како документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Мзкедонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарага (родителите), среднага (браќата) и најмладата (нивиите потомци), кои живеат во Канада, а имаат завет да не ја заборават Македонија. Крај Пишува: СЛАВЕ КАТИН |