Среда, 20 Јануари 2021   
ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ III (20)

1vozn

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

По повод 30-годичнината од осветувањето, пак, излезе делото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танасков.Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црлва „Свети Климент Охридски“, од Торонто, кое е отпечатено во 1994 година, на 232 страници, на македонски и англиски јазик Монографијата е исполнета со  интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации  и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“.

Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на ова дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.

Исто така, треба  да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската  православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина во демократска Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.

За делото „Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Американско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Тра­јановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како ре­ли­квиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-на­цио­нална историографија.

Свечена промоција оваа монографија доживува и во Стру­мица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа про­фе­сорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во својство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

И во ова продолжение ќе продолжиме со горенаведените претседатели на Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" од Торонто кои беа на чело на управите во периодот од формирањето на црквата во 1962 година до 1994 година, како што следи:

13. TOME ТАНАСОВСКИ

Да се биде на чело на најголемото духовно-просветно светилиште надвор од етничките граници на Македонија е чест и гордост, тоа е обврска и титула која се стекнува со работа и со авторитет во канадската средина.

Од оној револуционерен дух на славнота Смилево што го носи со себе упорниот темпераментен и заслужен активист Томе Танасовски, многу нешто беше вградено во секојдневните и во богатите постигнувања на македонската црква, на чие челно во период 1985/86 години беше Танасовски.

Овој енергичен активист во македонската заедница од Торонто е роден во 1939 годна од мајка Цола и татко во револуционерното село Смилево, Битолско, во кое се родил и револуционерот Даме Груев. Завршил Педагошка академија во Скопје, a потоа во 1969 година, заедно со својата сопруга Марика, емигрирал во Канада, со која имаат две ќерки Рози и Џесика.

Кога пристигна во Канада, Томе се запиша на колеџ со цел да стане просветен работник за грижа на деца. Од 1969 година воспитувал деца во еден центар во Торонто Во 1983 година, станал член иа Управата на црквата "Св. Клииент Охридски", а наредната година беше избран за секретар на црквата, додека во 1985 година тој е и нејзин претседател.

Во периодот кога Томе Танасовски беше претседател на црквата се презедоа голем број активности Така, се формира Македонска младинска асоцијација која што организираше бројни игранки; се формира шахоеската секција, а заедно со Никола Белчевски ја формира уметничката секција, за што црквата доби повеќе награди.

Исто така, тој беше иницијатор за голем број активности за собирање доброволни прилози за хуманитарни цели, a ce извршени повеќе поправки и дотерување за што поголема функционалност на просториите во црквата.

Овие трајни белези и повеќе значајни признанија, секако му дадоа посебен и карактеристичен печат на времето и при мандатот и претседателствувањето на смилевчанецот Томе Танасовски

14. АЛЕК ПЕТЛИЧКОВ

Александар (Алек) Петличков, е роден на 6 март 1941 година во селото Буф, Леринско, Егејска Македонија, од татко Ристо и мајка Гула. Во 1947 година, со големата армија на децата бегалци од Егејска Македонија е и Алек Петличков, кој прво оди во Битола, а потоа во Валандово.

Во 1957 година Алек од родната македонска земја се пресели во Торонто, каде и се ожени со својата избраничка Мери Џугоманова родена во селото Баница. Нивната љубов Господ ја благослови со убава рожба - ќерката Гула и синот Крис.

Покрај семејните задолженија, Алек е жива легенда за Македонците во Торонто, бидејќи уште во 1959 година ја организираи ја формира првата македонска фолклорна група, која подоцна стана гранка на организацијата "Обединети Македонци", а од 1969 година гранка на Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" под името "Македонка".

Под неговото несебично залагање и работа, преку ова фолклорно училиште поминаа повеќе илјади македонски младинци, кои го изучија македонскиот мелос и фолклор, а некои од нив се оспособија да бидат кореографи, водители на играорни групи. Затоа неговото залагање и труд денес се плод на повеќе играорни групи во Канада и во Америка.

Целата негова активност беше забележана од македонската емиграција, така што на Годишното изборно членско собрание за мандатниот период за 1987 и 1988 година беше избран за претседател на Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" во Торонто.

Периодот од неговото претседателство помина во извршување на сите задолженија кои произлегуваат од правилникот за работа на оваа црква, "Ја користиме можноста по повод јубилејното празнување на црквата 1964-1994 година, да им го честитам на сите Македонци и да им посакам се поголеми успеси и прекрасни заеднички мигови во иднина", вели Алек Петличков.

Несомнено, еден од најзначајните активисти, Македонец кој го обележа ова време и кој во сите изминати години придонесува извонредно многу во животот на македонската колонија во главниот град на провинцијата Онтарио - Торонто. 

15. ДРАГИ ДЕНКОВСКИ 

Еден од афирматорите на македонската вистина во Канада е секакко д-р Драги Денковски. Тој е познат и признат стоматолог не само во македонската колонија, туку и во канадското општество во целина.

Покрај професионалната работа, Драги беше активен во македоиската заедница; бил претседател и еден од спонзорите на фудбалскиот клуб "Македонија" од 1973 до 1979 година, претседател и потпретседател на црковната управа на "Св. Климент Охридски", член е на организацијата "Обединети Македонци". Исто така тој беше претседател на Канадско-македонската академска асоцијација, која е формирана во 1976 година, како и членува во други друштва и клубови.

Д-р Драги Денковски е роден на 30 ноември 1940 година во селото Младо Нагоричане, каде и се здоби со осмогодишно образование, а средно забарско училиште и Стоматолошки факултет завршува со Скопје.

Тој е син на Милан и Олга Денковски, а татко на Валентина и Мики (Милан). Во 1968 година доаѓа во Канада, потоа пак се враќа во татковината за период од една година, за во 1971 година да се врати повторно во Торонто. Во 1972 година ги положува потребните испити за добивање дозвола да работи како стоматолог во Канада, каде што отвора своја стоматолошка ординација.

Драги е истакнат македонски иселеник и е еден од позначајните донатори. Меѓу другото, во неговиот период како претседател во 1989/90 година се спроведе акцијата за оперирањето на девојчето Ана, потоа за планинарот Димитар Илиевски, кој е прв Македонец кој се искачи на Монт Еверест, каде и го загуби животот. Исто така, Драги беше поборник да се соберат 90.000 долари за Соборниот храм "Св. Климент Охридски" во Сколје и за други акции и манифестации во македонската колонија во Торонто.

16. НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ

Кога се зборува или се пишува за активностите на црковно-национален и културно-просветен план во македонската колонпја во Торонто, неопходно е да се спомене личноста и делото на Никола Стојановски. Овој Канаѓанец од македонското потекло со своите активности има посебно место во општественото живеење меѓу Македонците, без разлика од кој дел на Македонија дошле и свиле привремено или постојано гнездо во демократска Канада.

Никола Стојановски, е еден од оние активисти кои дале значаен придонес во националната организациЈа "Обединети Македонци", на која бил еден од најуспешните претседатели, како и на македонската православна црква "Св. Климент Охридски" во Торонто, за чиј претседател е избран на изборите.

Исто така, како резултат на неговите постигнувања на црковен и на национален план, како и заради неговите човечки, организациони и други способности, Никола Стојановски беше избран за претседател на Американско-канадско-македонската епархија, која е највисоко црковно тело и во кое се вклучени сите македонски православни црковни општини во Канада и во САД.

Неговото претседателствување во "Свети Климент Охридски" ќе остане запаметено и запишано како време во кое тој покрена и заедно со своите соактивисти заврши неколку многу значајни акции. Меѓу нив, секако, треба да се издвои фрескоопишувањето на големиот македонски духовеи храм, кој онака зографен, делува импозантно, делува величенствено и е пример над примерите среде Торонто.

Во ова меѓувреме успешни се спроведени и неколку други работи, кои сите заедно го издигнаа угледот на "Свети Климент Охридски" и го вброија меѓу најзначајните духовни и просветно-културни светилишта во државата Онтарио.

Инаку, Никола Стојановски, овој познат и признат Македонец е no потекло од с. Скочивир, Битолско, а неговото семејство води корени од Беломорска Македонија. Тој стекнал образование во Учителската школа во Битола, потоа работел како наставник.Се доселил во Канада, најпрво во Виндзор, а потоа во Торонто, каде што повеќе години беше успешен бизнисмен.

Меѓутоа, судбината сакала да си поигра и, за жал, во сообраќајна несреќа, што се случи надвор од Торонто, ja загуби својата животиа сопатничка неговата ценета, почитувана и сакана сопруга Марија, додека тој имаше тешка фрактура на нозете.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.