Среда, 24 Февруари 2021   
ЖЕНСКИТЕ СЕКЦИИ – ЗНАЧАЈНИ ПРОДОЛЖУВАЧИ НА МАКЕДОНСКОТО ЦРКОВНО И НАЦИОНАЛНО ЖИВЕЕЊЕ – ДЕЛ III (25)

1016

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија. Затоа, во продолженија даваме што е забележано за Женската секција во книгата „Македонски вознес“

ГОРДАНА РИСТЕВСКА (ЗЛАТЕВСКА)

Гордана е родена во Титов Велес, на 14 јуни 1946 година, а во септември истата година со семејството се доселува во Скопје. Таму го заврши основното училиште, а потоа се запишува во Учителската школа "Никола Карев". Меѓутоа, по катастрофалниот земјотрес, во 1964 година заминува во Канада.

Во првите две години живее во Монтреал, а потоа се доселува во Торонто каде што и денес живее. Во Торонто се вклучува во Женската секција на Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" и неколку години е активен член во управата. Работи како секретар, потпретседател и член на контролната комисија, а во 1976 и во 1979 година е избрана за лретседател.

Сите овие години работи неуморно и со задоволство, иако е мајка на три ќерки, кои учеа во македонското неделно училиште и играа во играорната група на црквата.

"Среќна сум што придонесов за нашата црква и за нашиот народ во времето кога навистина беше напорно за сите Македонци во Торонто. Но, задоволство е што сите работиме и што сите придонесуваме сложно и во мир. И покрај тоа што моите ќерки се омажени за Италијанци и тие се активни членови во црквата и во "Обединетите Македонци. Наскоро и мојата внука ќе ја запишам во македонското неделно училиште и во играорната група“, кажала Гордана Ристевски. Таа е неизмерно горда што е Македонка. 

ВЕРА ЧУМАНДРА

Од вториот по големина македонски град, од убавата Битола, потекнува Вера Чумандра, која набргу по вработувањето како заботехничар во Здравствениот дом во Битола заминува со сето семејство во онтариската престолнина Торонто.

Taa веднаш се вклучи во животот на македонската заедница, станувајќи еден од активните членови на женската секција. Во тие години е бирана за благајник, помошник благајник и за секретар, а во 1978 година едногласно и е доверена фуикцијата -претседател на Женската секција при Македонската православна црква "Св Климент Охридски". Во тој мандат работи неуморно со своите најблиски соработници: Цена Гивенс, потпретседател, Славка Стојановска, секретар и Дана Кузев секретар и благајник.

Подол период беше  член на годишното женско собрание. Покрај активноста во секцијата, Вера Чумандра беше и редовен член на Црковниот хор од неговото формирање.

Таа со задоволство зборува дека нема да ги избрише од сеќавањата оние месеци кога како преседател на секцијата, заедно со другите жени работеше со толку голем елан за доброто и за угледот на Македонците во Торонто и пошироко, особено за Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“.

НАДА СТОЈЧЕВСКА

Нада Стојчевска, родена преспанчанка, поточно родена во селото Долно Дупени, во 1943 година, потекнува од крај што е печалбарски од дамнина и од чии села и градови потече голема иселеничка река на сите страни во светот. Денес нив ги има од Австралија до Америка, Европа Јужна Америка и, секако. во голем број и во Канада.

А во 1959 година, во Торонто пристигна Нада со своите најблиски и почна да трага по подобро адаптирање и снаоѓање во новата средина. Секогаш подготвена да учествува, во активностите во македонската заедница во Торонто, таа станува член на црквата "Свети Клиг/еит Ох-ридски", а набргу потоа е избрана и за претседател на Женската секција.

Таа со задоволство зборува за овој многу успешен период од дејствувањето на Женската секција, споменувајќи го посебно времето во 1980 година, за која велеше дека е посебно запаметена по тоа што тогаш се исплатени долговите на Црквата и тоа беше голем значаен поен за сите дотогашни и тогашни активисти.

Нада Стојчевска сметаше дека е време навистина сите да го дадат својот придонес за посреќната иднина на Македонците во далечната канадска земја, особено за Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. 

ДРАГИЦА РИСТОВСКА

Драгица Ристовска е родена во 1938 година во Скопје. Повеќе години во родниот град работеше со графичка диплома, најпрвин во печатницата "Гоце Делчев", a no земјотресот во печатницата на "Нова Македонија".

Во 1970 година со цело то семејство се преселува во Торонто. Веднаш потоа се зачленува во МПЦ "Св. Климент Охридски", и станува активен член на Женската секција, каде што дава се од себе и се вбројува меѓу најактивните.

Во 1981 година Драгица Ристовска едногласно е избирана за претседател, додека Вера Бојчевска за потпретседател, a Bepa Спасевска, Сика Саракинова и Дана Кузева за најблиски соработници. Бидејќи Женската секција работеше навистина многу добро, и во 1982 година на челното прво место беше избрна Драгица.

На овој мандат за членови на Одборот се избрани: Вера Бојчевска, Љуба Ипраковски, Марија Гулевска и Донка Трифунова, кои не жалеа време и труд за да постигнат значајни резултати во работата.

Во 1985 година Драгица Ристовска по третпат е избрана за претседател, а во Одборот се: Фана Плетерска, Златка Цаца, Љуба Ипраковски и Слободанка Христова. По крај овие активности треба да се додаде и тоа дека веќе 15 години убавиот глас на Драгица се слушаше на настапите на црковниот хор. Таа не само што беше еден од најдобрите членови на хорот и активен член на Женската секција, туку беше и двигател на бројни акции за афирмација на македонскиот народ и на Македонија. 

АЛЕКСАНДРА СТОЈКОВСКА 

Bo голем број активности што се извршиле во македонската колонија во Торонто, значајно место зема Александра Стојковска. Таа учествувала во бројни манифестации и прослави што се организирани во црквата "Св. Климент Охридски", посебно во прославите на Велигден, Божиќ и други христијански и национални празници.

Инаку, Александра е родена на 15 ноември 1944 година во селото Раби, во Мала Преспа, во Егејска Македонија. За време иа Граѓанската војна во Грција, како и бројни Македонци, го напушта родното место и заедно со родителите се преселува во слободниот дел на Македонија, каде и го започнува своето образование. Во Кавадарци, во градот на виното, со успех го завршува средното училиште.

Веднаш потоа во 1964 година стапува во брак со Вангел Стојковски, познат активист во македонската колонија во Торонто, кој е по потекло од село Арменско, Беломорска Македонија. Тие имаат две деца: синот Сашо и ќерката Кристина. Во септември 1968 година заедно со семејството се доселува во Канада, каде се активира во македонската колонија, особено во Женската секција во црквата "Св. Климент Охридски".

Таа заедно со сопругот Вангел беше активен член во Црковниот хор и учествуваше на поголем број хорски натпреварувања. Повеќепати беше во управата, а во 1983 година е избрана за претседател на Женската секција. Заедно со Вера Спасевска, како потпретседател, секретарот Вера Бојчевска, благајникот Вера Ристевска и нејзината заменичка Лила Петревска, постигна видни резултати во зачувувањето на македонскиот идентитет, обичаите и традициите.

ДАНА ГЛОБОЧКА

Дана Глобочка потекнува од убавото живописно пресланско село Брајчино, од кое со родителите Нада и Спасе во 1964 година, како 15-годишно девојче се преселува во Канада. По доаѓањето во новата средина, го завршува средното  образование   и набргу стапува во брачна заедница со својот избраник Кире Глобочки - Преспанецот, од село Подмочани, со кого во бракот ги имаат синовите Тони и Роберт.

Тие активно го помагаат и го даруваат подигнувањето на светиот македонски храм во Торонто, во кого заживеа една многу голема активност, а Дана станува дел од плејадата заслужни активисти, кои со својата работа оставија траен белег во целокупното духовно, национално и културно-просветио поле.

Како резултат на нерината несебична повеќе годишна дејност и за големиот придонес, во 1984 година и ја доверуваат пријатната должност, ја избираат за претседател на Женската секција, a повеќепати пред тоа беше член на Управниот одбор.

Дана Глобочка исцело и беше посветена на оваа хумано-патриотска мисија, дело кое што го чини среќен и горд секој Македонец кој дошол останал или се родил во овој град и во оваа канадска земја.

ВЕРА ВРЖОВКА - ПЕТРЕВСКА

Името на Вера Петревска (Вржовска) е тесно врзано за бројни активности во Литературното друштво "Браќа Миладиновци", во Женската секција и воолшто во животот и работата на вредните Македонки во голема македонска колонија во Торонто. Таа е една од поактивните кои со својата ангажираност придоиела за доброто и за иднината на македонската заедница.

Вера Вржовска - Петревска потекнува од печалбарското село Брај-чино, во Долна Преспа. Таа е родена на 21 април 1949 година во семејството на Ристо и Петра Вржовски. Основното училиште го завршува во селото Брајчино, а осмолетка во Љубојно. Во 1965 година се преселува во Канада каде се мажи за Томе Петревски, исто така преспанец од рибарското село   Коњско. Таа  е   мајка на еден син no име Стивен (Стефан). Работела како менаџер во неколку дуќани за модна облека.

Инаку, Вера беше долги години благајник во Женската секција и во Литературното друштво "Браќа Миладиновци", затоа со право некои ја викаа "благото на секциите". Член е на повеќе секции во црквата "Св. Климент Охридски", а особено е активна во Женската секција чиј претседател беше во 1986 година.

Во тој мандат за прв потпретседател беше избрана Фана Плетерска, а за втор потпретседател Рада Димовска. Тие заедно со другите Македонки придонесоа за афирмација на македонското име во канадското општество.

СЛОБОДАНКА ХРИСТОВА

Слободанка одраснала во патриотска македонска фамилија. Таткото Лазо Ангелески, кој потекнува од селото Буф, е познат борец за правда и вистина, девет пати ранет за нашата мила Македонија, мајката Мара Чулаковска е од село Љубојно. во убавата Преспа.

Логично е што ќерката Слободанка уште од мали нозе покажува големо интересирање за македонската историја и за македонската иднина. Родена е во 1948 година, а во Канада доаѓа во 1970 година и со сопругот Ристо од Витолиште, веднаш се вклучуваат во црковно-просветните активности.

Повеќепати Слободанка Христова беше избирана во Управниот одбор, беше потпретседателка, заменик благајник, а во 1987 година ѝ беше дадена големата почест да застане на чело на Женската секција.

За ваквата доверба таа им изрази благодарност на сите оние колешки - Македонки кои го дадоа својот глас, без чија помош, според Слободанка таа не ќе ја извршеше со успех значајната обврска.

Нејзини соработнички беа првата потпретседателка Вера Вржовска - Петреска, втората потпретседателка Фана Плетерска, секретарката Вера Јанкуловска, благајничката ДонкаТрифуновска и заменик благајничката Марија Гулевска.

Работеше Слободанка со срце и со душа, за здравје, за Божји добрини, за македонски успеси тука во Торонто. Нејзината желба и идеја беше младите поколенија да го продолжуваат големото македонско дело, да работат за доброто на својата нација и за своето големо македонско име и Македонија.

Продолжува 

1slave 2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.