|
|
ОМД повикува на подобрен пристап до политичките права и граѓанските слободи во Македонија |
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е разочарана од наодите на Извештајот од 2021 година - „Слобода во светот“, од невладината организација Фридом хаус, особено во контекст на Македонија. Извештајот го оценува пристапот на луѓето до политичките права и граѓанските слободи ширум светот. Заклучокот е дека вкупните глобални трендови за овие индивидуални слободи веќе 15 години се во опаѓање. Македонија е класифицирана во Извештајот како преоден или хибриден режим со вкупен лош резултат на демократијата од само 46 од 100, што покажува мало или никакво подобрување од претходната година. Извештајот заклучува: „Македонија продолжува да се бори со корупција и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување“. ОМД ја повикува македонската влада да работи со транспарентност, да развие силни заштитни мерки против корупцијата, да дозволи мирен протест и чесно новинарство и да се вклучи во ефективни реформи во судството. Методија А. Колоски, претседател на ОМД, рече: „Постои вистинско чувство на срам секогаш кога има нов извештај за рангирање на слободите во Македонија. Ова е одраз на владите што одбиваат да еволуираат и да го поддржат својот сопствен народ, кој генерално е воден напред. „Уште еднаш, гледаме дека моќта почива премногу централно: не се прави доволно за да се заштити слободата на печатот и да се гарантираат граѓанските слободи. Тешко е да се почитува владата што, според зборовите на овој Извештај, демократски „заостанува“. „Ако има нешто позитивно, е во потврдата дека членовите на ОМД, и старите и новите, продолжуваат да ја поддржуваат работа на ОМД за едукација и јавно застапување за привлекување внимание и справување со некои од проблемите истакнати во овој Извештај.“ |