Среда, 31 Март 2021   
Одбележана 90-годишнината од смртта на македонскиот научник и општественик д-р Анастас Коцарев
1Kotzaref
Во француската престолнина Париз, претставници на македонските
заедници од Франција и Швајцарија и претставници на градската власт од Париз ја
одбележаа 90-годишнината од смртта на македонскиот научник и општественик д-р
Анастас Коцарев и положија венец на неговото вечно почивалиште.
 
 
Со посебно одобрување и почитување на мерките за претпазливост и растојание, со
пригодни говори од македонска и француска страна беа одбележани девет децении од
смртта на овој истакнат македонски научник и 131 година од неговото раѓање.
 
Семејството Коцареви од Македонија како и бројни почитувачи на делото на д-р Анастас
Коцарев од Европа не беа во можност да дојдат во Париз и церемонијата од
комеморацијата ја следеа во живо преку видео пренос испраќајќи испратија телеграми и
пораки во заедничкото одбележување на настанот.
 
На комеморацијата обраќање имаше претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и Соња
Коцарева- Трпезановска, роднини на истакнатиот научник Анастас Коцарев.
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во своето обраќање рече:
„На денешен ден, пред 90 години, животната судбина го зеде од овоземниот свет светскиот великан Анастас Коцарев, истакнат македонски творец, научник, ерудит, лекар, човекот чија креативна мисла и луциден научен и лекарски дух оставија трајни белези во светот, но и денес во државата Македонија. Луѓето како нашиот Анастас Коцарев вечно живеат. Во Епот за Гилгамеш, змијата е таа што го краде ’вечниот живот’, но, за наша среќа, таа не успеваа тоа да му го направи на Анастас. Големиот римски поет Хорациј, мислејќи за своето дело, зборува дека по неговата смрт сепак нешто ќе преживее: „Нема целосно да умрам“ (Non omnis moriar).
 
„Постои време за сè, и сезона за секоја активност под небото.“ Денес е време да се
зборува, да се биде гласен, да се поддржи работата на Анастас Коцарев, време за
помирување меѓу Македонците, за општествен и духовен мир без дивеењата што ги
гледаме катадневно веќе со години, време за Македонија со повеќевековно минато и
долгорочна просперитетна иднина. „Сега е време да разбереме повеќе, за да се плашиме
помалку“, порачува Марија Кири.
 
„ Академик Љупчо Коцарев потсети и за активностите на Анастас Коцарев за праведно
решавање на македонското прашање во периодот меѓу двете светски војни и дополни:
„ 30 години по стекнувањето на независност, по остварувањето на заложбите на Анастас
Коцарев, патеката по која се движи Македонија може да заврши во провалија, да доведе
до целосно разнебитување, разорување, распаѓање на државата Македонија. Се надевам
дека денешните политичари во Македонија нема да ни педа да отстапат од програмата на
Коцарев за единствена и независна Македонија.„
 
Неговата внука Соња Коцарева-Трпезановска од Битола во нејзиното обраќање за
нејзиниот дедо истакна: „Анастас Коцарев е заборавен од својата татковина, но не и од
семејството и добрите луѓе кои живеат и работат низ Европа и кои ја согледаа неговата
големина и важност и особено во време кога за жал со сите сили сакаат да нѐ избришат
како Македонци. Анастас беше голема ѕвезда водилка на нашето семејство и голема ѕвезда
водилка на македонскиот народ; Твојата основна цел во Швајцарија и Франција беше
обединување на интелектуалните умови кои во тоа време се школувале во европските
земји околу борбата за својата татковина Македонија, тоа и се случи денеска, по 90 години
од твојата смрт да се обединиме во борбата за Македонија која продолжува преку нас и за
новите генерации кои доаѓаат. Драг наш дедо Анастас, жалиме што лично никој од
семејството не можеме да присуствуваме на твојот гроб денес, заради околностите со
пандемијата, но срцето ми е полно кога конечно го најдовме твоето почивалиште, кога
гледам дека твоето дело не е заборавено и се надевам дека еден ден ќе почиваш во
твојот сакан роден град Охрид, во твојата сакана Македонија!„ - го заврши своето
обраќање неговата внука д-р Соња Коцарева-Трпезановска.
 
Со овој чин, конечно е решена мистеријата стара 90 години за тоа каде точно се наоѓа
гробот на познатиот македонски научник Анастас Коцарев од Охрид?
По 9 децении оддадена му е достојна почит која ја заслужува бидејќи личности како него
ретко се раѓаат, а делата со кои нѐ задолжи се безвременски.
 
Вечна му слава!
 
Од семејствата Коцарев и Пинел, Унијата на Македонците од Франција, Македонскиот
национален совет од Швајцарија, Македонска дијаспора од Лозана и македонските
национални заедници од Европа Анастас Коцарев (француска транслитерација: Anastas Kotzareff) е роден во Охрид, на 26. март 1890 во старо и угледно охридско семејство Коцареви. Основно образование завршил во Охрид, гимназија во Солун и медицински факултет во Женева каде докторирал и останал да работи на Женевскиот универзитет како асистент, потоа како лекар и приватен доцент по онкологија на универзитетската клиника. Во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се населил во Париз каде ненадејно починал на 28. март 1931 година.
 
Д-р Коцарев со својата научна работа бил посветен на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување ќе го насочи на тесна соработка со познатата нобеловка Марија Кири - Склодовска која во тоа време била професор и директор на
лабораторијата за радиум на Универзитетот Сорбона во Париз.
 
Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата и првиот научник во светот кој
направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер (рак).
Покрај неговата професионална преокупација - медицината, д-р Анастас Коцарев во текот на
Првата светска војна, и по неа, развил жива политичка активност во Швајцарија и се залагал „за
единствена и независна држава Македонија“.
 
Во 1918 година ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничко Друштво на
Македонците за независна Македонија, а подоцна бил основан и Генералниот совет на
македонските друштва во Швајцарија (Conseil general des Sociétés macédoniennes) на кое Коцарев
бил избран за претседател. Во 1919 година, во текот на Париската мировна конференц ија во Париз д-р Коцарев во име на Главниот одбор поднел барање да испрати тричлена комисија која би ги застапувала интересите на македонскиот народ, но нивното барање било одбиено од
преговарачите на конференцијата. Главниот одбор и д-р Коцарев продолжиле да испраќаат
телеграми и петиции барајќи праведно решавање на македонското прашање.
 
Георге Гоце Дуртаноски
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.