|
|
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (14) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА СВЕТЛЕ – СТИВ СТАМЕВСКИ
Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив. Монографијата за Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство од авторот на овие редови, Славе Катин,го отпечати книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик. Таа во исто време е и значајно дело за вистинска презентација и афирмација на минатото и на сегашноста на Македонија и на македонскиот народ, со посебна нагласка на Македонците во САД. Делото е темелено и исцрпно кое значи прилог и има голем придонес во иселеничката книжнина. Делото е поделена на девет делови. Презентиран е краток осврт на историјата на Македонија, на Полошкиот крај и на родното село Одри, Тетовско, на семејството Стамевски, потоа родословието на ова семејство, нивниот историски развој во Македонија и во САД, пријателството на Светле со угледни американски личности од јавната администрација, неговите активности во македонската заедница, особено во Македонската православна црква "Света Богородица" во Детроит и други значајни настани, кои оваа книга ја прават интересна за читање. Светлана и Светле Со оваа Монографија верувам уште еднаш успеав да оттргнам од заборавот и да овековечам дел од животот на македонските иселеници, овој пат преку личноста и делото на познатиот и признат бизнисмен и виден Американец од македонско потекло, Светле - Стив Стамевски Во мојата биографија е забележано декa како публицист сум познат само како Славе Катини дека како аналитичар на Македонците во светот сум познат на македонската и на меѓународната јавност по моите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија. Заедничкиот живот на Светле и Светлана наликува на една современа сторија. Тие ја градат брачната заедница со многу љубов, меѓусебна доверба, внимание и уважување. Имаат четири прекрасни деца Велко, Зоран, Билјана и Гордана. Велко е најстариот син и прва рожба на семејството на Светле (Стив) Стамевски. Тој е роден на 21 април 1981 година во Детроит. Бил добар ученик и студент, а денес оди по стапките на својот татко во ресторанскиот и друг бизнис. Велко влезе во брачните води со својата долга љубов Силвана Трбовиќ, na 4 juni 2006 goдина. За својот син Светозар-Светле направи голема свадба. Покани околу шестотини гости, роднини и пријатели од сите делови на САД и Канада. Тоа беш свадба која ќе се памети по се“ она што семејството Стамевци го понуди на гостите. Вториот син на Светле (Стив) Стамевски е Зоран кој е роден на 18 октомври 1982 година. Тој е роден на година и половина по својот брат Велко. Третата рожба е Билјана, родена на 12 септем-ври 1984 година. Таа е прво женско чедо на семејството на Светле (Стив) Стамевски, а четвртата е Гордана, која е родена на 22 август 1985 година. Тие беа добри студенти кои, истовремено и учеја и работеја во ресторанот. Често дедото Тврдомир велеше дека не е моќен да го држи ресторанот без неговите внучиња. Тие му беа десна рака. Семејството Стамевски е една прекрасна американско-македонска заедница, која е горда што е од тетовскиот крај исто колку што е горда дека е од детроитското, мичигенско поднебје. Работите и во бизнисот сосема му тргнаа на арно на ова семејство. Ресторани, па потоа доаѓа нивното навлегување во претприемаштвото, во градежништвото и во недвижностите. Велко и Силвана Стамевски откупуваа слободни плацеви и простори, и градеја куќи, градеја населби за живеење со висок стандард. Да ги посочиме оние изградени шеесеттина супер луксузни резиденцијални живеалишта со базени и големи градини. Имаа купено над 330.000 метри квадратни продажен простор. Па следеа други, трети зафати и така во низа. Успесите се нижеја. He дека се’ одело како подмачка-но. Но, упорноста, снаодливоста и знаењето на босот на фирмата од Стамевци, ги разрешуваат проблемите. Основата на бизнисот на Светле (Стив) Стамевски ја постави неговиот татко Тврдомир, кој вложил многу труд, време, памет и средства. Историскиот развој на нивниот бизнис не бил лесен, туку бил исполнет со турбуленции. Но, благодарение на нивната верба во Бога, и како резултат на самодовербата, точноста, исполнителноста, чесноста и деловноста, тие постигнале значаен успех. Семејството на Светле (Стив) Стамевски е едно од поимотните Македонски семејства во САД. За почетоците на бизнисот Светле (Стив) Стамевски вели: „Го купивме ресгоранот каде што работеше татко ми. И јас таму бев доста ангажиран, но истоврамено бев и во фабриката. На две места не беше лесно, исцрпувачки е тоа максимално, но заработувачката не беше лоша. Во 1979 година, веднаш по Новата година, ја напуштив фабриката и продолжив единсгвено само со ресторанскиот бизнис. Иако млад, мислам дека успеав прилично бргу и прилично добро да овладеам со него, па богами почна и на цена веќе да биде, доаѓаше св подобра клиентела, сгекнувавме се побројни идобри госги". Потоа започнаа да купуваат недвижен имот, кој им обезбеди напредок во бизнисот. Така, семејството на Светле (Стив) Стамевски беше сопственик на пет големи трговски центри, во различни места во Мичиген и Охајо. Тие беа сопственици на 60 дуќански простори, од кои три супермаркети и други специјализирани деловни простории. Притоа неговиот луксузен дом во општината Вашингтон, претставува привлечно и богато катче за живеење. Ресторанот, пак, на Светле (Стив) Стамевски е место на средби и разделби. Во него, покрај вкусната храна што ја приготвуваше Тврдомир, пријателствата и средбите заземаат посебно место. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |