|
|
НОВИ ИКОНИ НА МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛИ |
Деновиве во Македонската Православна Црква “Св. Наум Охридски” во Хамилтон, Онтарио, Канада беа осликани нови икони на кои се изобразени ликовите на триесет Македонски светители. Опфатени се светители кои се родени на територијата на Македонија, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење не само за Македонскиот народ туку и за целиот Христијански свет, како и светители кои потекнуваат од други краишта но извршиле важни мисии, се подвижувале или страдале на наш терен.
За сите нив Маедонската Православна црква ја одредила првата недела од месецот октомври како нивни заеднички празник. Иако тие си имаат и свои посебни празници, овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите две илјади години придонеле за афирмацијата на христијанството на овие простори и пошироко.
Во Свети Наумовата црква во Хамилтон, во два низа од медаљони со 102 см дијаметар се претставени 26 светители и уште четворица со фигури во природна големина.
Следниве светителите са застапени по историски редослед:
Светители Македонски, стоејќи пред Бога, молете се за спасение на нашите души, за нашата татковина и за признавање на нашата црква.
Глигор Стефанов |