Среда, 21 Април 2021   
ВИДНИ ЛИЧНОСТИ ОД ПЕЧАЛБАРСКО ЉУБОЈНО ПРЕД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (4)

 

1lubЉубојно е едно од најкарактеристичните места во Преспа и пошироко. Долго време претставуваше општински, образовен, културени здравствен центар за Долна Преспа и пошироко. Тоа е едно од најубавите села кое пленува со своите архитектонски градби, со стилот на старите куќи,сокацитеи дворовите, како и со иновациите во начинот на живеење што бројните печалбари ги пренеле од светот во својот роден крај.

Љубојно, како и многу македонски села, е село од збиен тип; со тесни калдрмисани улици, стари македонски куќи изѕидани со камен и на кои се впечатливи пространи балкони, како и со дворови заградени со авлии што се резултат на пограничната местоположба.Селото Љубојно за првпат се споменува во еден запис на Сливничкиот манастир во 1607 година како поголема македонска населба.Затоа со право се вели дека ова е село со долга и бурна историја. Сведоци на таа македонска историја се низа оставнини како што се нивните стари куќи, кои ја чуваат вистината и тајната за Љубојно, за љубанци и за целиот македонски народ.

Според пишаните документи, особено според податоците на Стојан Лембо во книгата „Љубојно - љубов наша“, во Љубојно живеат 96 домаќинства, или 223 жители (а најмногу - 1209 жители селото броело во 1953 година). Во Македонија има 125 домаќинства, во Европската унија 20, во Србија 11, потоа во САД 172, во Канада 66, во Австралија 32 и 15 домаќинства биле иселени пред Втората светска војна. Или вкупно 517 домаќинства на кои им се протегаат корените во прадедовската земја, во Македонија, во Љубојно. 

1lub2 1lub3

Местото и улогата на Љубојно и на љубанци се значајни уште пред Илинденското востание. Од Љубојно имало дваесетина комити, предводени од четирите истакнати љубански војводи и тоа: Кире Кондов, Ефтин Лембов, Ристо Томулев и Јонче Стасовски, при што значајна улога одиграл и љубанскиот поп Ристо Попов. Еден од првите членови на Националниот комитет за ослободување од ропството, штипјанецот Славејко Арсов од 1901 година кога се одвивале подготовките за почеток на востанието, па се’ до завршувањето на востанието, честопати бил присутен во Љубојно, организирајќи револуционерни комитети. За тогашните настани е сведок спомен-куќата на Калајџиовци во која се криеле, меѓу другите, кривенскиот војвода дедо Геро и во која загинал комитата Ристо Бузако од Арвати.

За овие настани од времето на Илинденското востание на куќата на Калајџиовци е поставена спомен-плоча како потсетник која ги потсетува денешните генерации, кои секоја година им оддаваат достојна почит на сите илинденци токму прек куќата на Калајџиовци и токму на денот на востанието, односно на 2 август.

Според историските податоци, периодот од Илинденското востание па се’ до Втората светска војна е карактеристичен по тоа што во 1919 година била отворена (пренесена од Наколец) првата општина во Љубојно, во куќата на Коле Бубутиов, а во 1927 година била изградена новата општинска зграда, која денес е преадаптирана во полициски станови.

Потоа, во 1922 година била отворена џандармериската станица, која и денес постои и се користи како дел на полициска станица. Веднаш до неа, во 1937 година била изградена царинарницата. Војничката зграда, позната кај љубанци под името штаб, пак, е изградена во 1932 година, а во 1936 година во Љубојно започнала со работа поштата, која ги задоволувала потребите на целата љубанска општина. Меѓутоа, веднаш по Народноослободителната војна во Љубојно во 1946 година била отворена сегашната македонска пошта, чиј прв вработен бил Спасе Чулаковски, потоа во неа работеле Цветко Василевски и Танас Калевски, сите од Љубојно.

Периодот меѓу двете светски војни за Љубојно е карактеристичен и по тоа што во 1931 година на гласањето за пратеник во Ресен, меѓу четирите кандидати, најмногу гласови добил д-р Михајло Попов од Љубојно. И д-р Владо Туџаров бил избран за околиски лекар, а бил и претседател на фудбалскиот клуб во Ресен во 1938 година.

1lub4Дел од Љубојно

Секое време си носи свое бреме, така вели народната поговорка. Така и во овој период имало, меѓу другото, делба на семејствата и проширување на селото, засилено враќање на печалбарите од прекуокеанските земји, појава и интерес кај љубанци за школување во средно и високо образование и појавата на првата лимузина (автомобил) на Јосиф Туџаровски, чиј прв возач бил Тодор Димовски. Подоцна, во 1958 година Петре Џајковски бил прв што купил автомобил, а денес, пак, во Љубојно има четириесетина автомобили и четириесетина трактори.

Љубојно било под многу окупации: српска, бугарска, италијанска, германска и албанска окупација, но секогаш било и база на преспанските движења за ослободување во сите борби и обиди за борби на македонскиот народ, Таков е случајот во Втората светска војна кога на 9 септември 1943 година во Љубојно, со околните села што ги опфаќало како општина, била создадена слободна територија, прва во Преспа. За жал, таа слобода траела само два месеца (до 6 ноември 1943 година) кога Љубојно било окупирано од бугарските војски и така останало се’ до целосното ослободување, односно на 5 септември 1944 година.

Во тие тешки воени времиња поголема група љубанци зеле активно учество во Втората светска војна. Во одредот „Гоце Делчев“ со кој командувал Коле Канински учествувале: Јовко Јовковски, кој бил член на битолската партиска организација и најактивен љубанец во НОВ, Стево Џајковски, Митре Марковски, Стефо Србиновски, Алексо Јанкуловски, Коте Паспаловски, Спиро Денкин, Ристо Бубутиовски, Јосив Кондовски, Митре Ангелевски од Брајчино, жител на Љубојно и други.

За жал, во тие немирни времиња од германските војски бил убиен Кичо Чулаковски од Бистрица, по потекло од Љубојно, за што сведочи спомен-плочата на Полена, а од бугарските војски на ѕверски начин бил погубен Пандо Пашариковски. Исто така, од Љубојно во војната загинале и Васил Јовковски, Цветко Думбовски, Јонче Шалковски и Јоше Рајчовски.

На 5 септември 1944 година бугарската војска била повлечена од Љубојно, и тоа повторно станало слободно и станало главна база на ослободителното движење за Преспа. Тогаш била отворена болница во хотелот на Гоче Шерденковски, која служела на ослободителната војска. Четири дена подоцна, на 9 септември 1944 година, Околискиот народно - ослободителен одбор испратил наредба до населението на сите преспански села, со која престанале да важат сите наредби на фашистичките власти, а целокупната власт преминала во рацете на народ- ноослободителните одбори.

Продолжува 

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.