Среда, 28 Април 2021   
ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ НА ЉУБОЈНО ВО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА (5)

1kir12347

Во октомври 1944 година Љубојно слободно заживеало во Народна Република Македонија, во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, за потоа од 8 септември 1991 година до денес да живее во самостојна, демократска и независна Република Македонија. Уште во текот на ослободителното движење во Љубојно било воспоставено организирано живеење преку Месниот народен одбор. Активностите се прошириле и се збогатиле во периодот од 1950 до 1955 година кога се формира Општината Љубојно

Според пишаните документи, општината Љубојно со селата од Долна Преспа: Сливница, Крани, Арвати, Штрбово, Наколец, Брајчино и Долно Дупени, чиј претседател бил Митре Марковски, а секретар бил Мијал Наумовски, двајцата од Љубојно во периодот од 1950 до 1955 година. Меѓутоа, од 1955 до 1958 година љубанската општина била припоена кон Општината Асамати, чиј претседател бил Васил Димовски од Долно Дупени. Од 1958 година Општината Љубојно ѝ припаднала на Општината Ресен во чиј состав е и ден-денес, во 2021 година

Од политичките организации во Љубојно треба да се споменат: Месниот народен одбор кој постоел од ослободувањето па се’ до 1963 година, а оттогаш до денес постои Совет на Мес- ната заедница, чиј прв претседател беше Лазор Видиновски. Во овој Совет продефилирале голем број љубанци кои дале значаен прилог и придонес за Љубојно и тоа: Ристо Бубутиовски (Ничевски), Ристо Најдовски-Ламбурка, Ристо Србиновски, Методија Рајчовски, Илија Крстиновски, Ламбро Алабаковски, Петре Кичовски, Андрија Секуловски (Видиновски), Спиро Граматниковски, Здравко Јанкуловски Митре Лембовски, Јоше Танчевски (Митревски), а денес претседател е Васко Томулевски.

Во оваа прилика треба да се потенцира дека љубанци како луѓе ја покажале и докажале нивната човечка големина и хуманост прифаќајќи десетици илјади Македонци од егејскиот дел на Македонија, меѓу кои најмногу деца, прогонети во виорот на Граѓанската војна во Грција.

Во тие тажни мигови, љубанци во своите можности ја искажале својата човечка топлина и мајчинска грижа кон тие преморени, гладни и исплашени најмлади генерации. Денес, особено за Илинденските иселенички средби, бројни прогонети Македонци од своето прадедовско огниште го посетуваат Љубојно и се сеќаваат на мрачните и тешки денови на прогонот.

1kir123478Дел од Центарот (Полената) на Љубојно

За Љубојно карактеристично е и тоа што уште во 1949 година за првпат на Полена беше прикажан филмот „Барба Жван“. Потоа, во 1957 година, земјоделската задруга „Преспа“ од Љубојно  набави  кинопроектор  со  кој  се’  до  1973 година во Задружниот дом се прикажуваа филмови за љубанци и мештаните од другите селa, а кинопрожектор беше Борис Јанковски-Мазо. Киносалата располагаше со околу 350 седишта, а филмови се прикажуваа двапати неделно, во среда и сабота.

Есента 1948 година, пак, по примерот на советските колхози и во Љубојно стаса колективизацијата. Така во пролетта 1949 година, сите 226 домаќинства со 1171 жител беа зачленети во Земјоделската задруга „Видое Смилевски“ во Љубојно, чиј прв претседател беше Митре Казиовски. Во тие бурни времиња беа изградени шталите, во кои еден период беше отворен погон на „Преспатекст“ од Ресен и магацините во Чифлиг. Задругата успеа да се одржи уште 4 години, а нејзини претседатели беа: Ристо Дупенски, Јосиф Томулевски и Васил Димовски.

Во 1953 година во Љубојно се формира новата задруга „Преспа“, која имаше свои пунктови на земјоделски производи, бакалница, продавница за вештачко ѓубриво, кланица, продавница за месо и кафеана. Прв директор на задругата беше Јосиф Томулевски, а потоа најдолг период беше Глигур Милевски, заедно со Владе Петревски. Од 1975 година задругата влезе во состав на комбинатот „Преспанско јаболко“ од Ресен, а во 1992 година беше ликвидирана.

Љубојно е познато и по спортските активности.   Првите   спортски,   посебно   фудбалски

активности се појавиле меѓу двете светски војни, поточно во 1924 година кога бил формиран првиот фудбалски клуб. Најактивни вљубеници на фудбалската вештина биле: Стево Мелевски, Митре Кичовски, Спиро Грежловски, Бончо Фотевски и Петре Чороловски од Брајчино, а подоцна се активирале Спиро Јанкуловски и Наум Пашариковски.

Во 1950 година во Љубојно се формирани два фудбалски клуба „Пелистер“ и „Слога“, кои пет години се натпреваруваа во Преспанската фудбалска лига. Најактивни играчи од тоа време биле: Ристо Грежо, Илија Денкин, Мијал Пашариковски, Петре Паспаловски, Славе Грежловски и многу други, а тренери биле Ефтим Грежловски и Наум Пашариковски.

1kir123479Одбојкарскиот клуб „Љубојно“

Шеесетите години од минатиот век се карактеристични за спортот  во  Љубојно  со  развојот на спортската дисциплина одбојка. Љубојно стана член на Првата републичка одбојкарска лига. Познати одбојкари од тоа време беа Владе и Славе Пашариковски, Јосиф Грежловски-Гандето, Васил Поповски, Славе Василевски и други.

Исто така, треба да се споменат неколку спортисти во светот кои водат потекло од Љубојно, а тоа се: Пит Стојановиќ (Марковски), еден од најскапо платените рагби играчи во тоа време во САД и Анита Томулевска која живее во Осло, Норвешка, која била врвна европска гимнастичарка, која учествувала на гимнастичарски натпревари во Атина и Шпанија и постигнала завидни резултати.

Што се однесува до културно-забавниот живот во Љубојно треба да се каже дека бил на високо рамниште во Преспа. Уште во 1931 година била формирана пејачката и дилетанска група „Преспа“, во која работел хорот „Видое Трифуновиќ“. Оваа драмска група го постигнала својот врв по ослободувањето под раководство на учителот Кицо Хаџиевски од Ресен.

Се чини дека преродбата на Љубојно започнала од 1975 година . Тогаш се пушти асфалтниот пат Макази-Љубојно, а една година подоцна била пуштена водоводната мрежа. Со тоа Љубојно добило обележја и услови на градска населба.

Во последните години, кога животот во селото, пак, се враќа; се враќаат печалбарите од сите континенти, се враќаат на својата родна грутка, а носителот на сите акции што се прземаат е Месната заедница. Вредните раце и дарежливоста на селаните придонесоа да се изгради водовод и асфалтен пат до Љубојно и селото да се поврзе со новиот пат кој води за Долна Преспа, асфалтирање на улици, како и завршување и изградба на други комунални објекти кои значат преродба за Љубојно.

Продолжува 

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.