|
|
СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17) |
ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 2001 година Светле (Стив) Стамевски заедно со една група видни Македонци од тетовскиот крај пристигнаа во Македонија со цел да дадат поддршка на Република Македонија во наметната војна со УЧК. Во таа пригода беше голема поддршката и од целата дијаспора. Затоа, ќе го поместиме извештајот на мојата колешка Фиданка Танаскова, новинар, дописник на македонските радија во Мелбурн -Австралија и Келн - Германија.. Таа, меѓу другото известуваше: „Голем срам, црна дамка беше тоа што и се случуваше на нашата татковина Македонија во времето на 2001 година. Кој и какви приказни да кажува вчера, денес или кога било во иднина, не ќе може да ја помести од столбот на срамот таа црна страница што и’ се случи на Македонија на самиот старт од новиот милениум. Ниту народот беше консултиран за погромниот рамковен договор, ниту пак, некогаш му се објасни зошто и како дојде до него“. Во извештаите, секако една од главните личности беше Светле (Стив) Стамевски , за кого го кажа следното: „Нас во Одри криминално-терористички банди ни ја ограбија куќата, а на ѕидовите уште пак и со големи букви изначкртале УЧК. Групата Тетовци од САД во 2001 година Ги украдоа и нашите три автомобили. И, што со тоа?Да се омрзнеме. Мислеа дека некој ќе се исплаши. - Ама, ве молам. Такви бандитски глупости веќе никаде не поминуваат. Зар, пак, се’ сторив и во иднина ќе сторам. Во мојата родна куќа, во моето родно Одри, во моето Тетово, во моја Македонија, работите си доаѓаат и уште повеќе ќе легнат на своето место, ама црните страници од минатото нема никој да ги избрише, а вистината времето нема да ја посипе со пепел, туку напротив. Знаете дека ние од Америка и Канада како и од други земји во светот, тогаш дојдовме, наши луѓе сме, токму кога се пукаше, кога со тешки придружби одвај успеавме да се пробиеме, за да видиме одблизу некои наши места во тетовскиот крај. Колку ли тагувавме заедно со нашите браќа и сестри избркани од нивните родни огништа, каде биле со векови и векови, а дојде време, за жал, да мораа да спасуваат глава по разни прифатилишта. Бевме и кај американскиот амбасадор Ајник од кај кого излеговме разочарани бидејќи се знаеше на која страна „дува" тој“. Светле (Стив) Стамевски заедно со групата видни Македонци од тетовскиот крај учествуваа на митингот што тие го одржаа на плоштадот “Македонија“ во центарот на Скопје. Таков собир Македонците од дијаспората го организираа за да им дадат целосна поддршка на нивните браќа во Тетовско, кои беа жртви на зло и несреќи, и да и’ дадат поддршка на нивната прва татковина Република Македонија, која беше вовлечена во еден опасен пекол чии последици неможеја да се санираат со децении. Во својот емотивен говор пред насобраниот народ на плоштадот "Македонија" Светозар-(Светле) Стамевски меѓу другото рече: Браќа и сестри, „Јасно и гласно од овде на целиот свет сакаме да му кажеме дека Македонија е стара нација, стара држава, и дека сите ние заедно ќе се бориме против терористите Ние сите заедно ќе се бориме против нив. Ние сме тука исто така за да му покажеме на светот дека сме заедно, ние, вие, сите кои сме едно - Македонци, каде и да не однела судбината, каде и да жи вееме, каде и да сме раселени. Светле (Стив) Стамевски и Мишко Васовски Ова е Македонија. Ова е македонска земја, македонска држава. Така било, така и ќе остане. Никој нема право да продава држава. Никој. Оние што живеат во Македонија треба да имаат соживот со сите Македонци, а не да се терористи. Да живее нашата Македонија. Да живее нашата Америка.... Кое срце можеше да биде камено, кога го видовме разрушениот Лешочки манастир, гордоста наша духовна. Таму одиме на вистинско духовно поклонение и прочистување. Таму, пред олтарот отсекогаш палиме свеќи, молејќи се за здравје, среќа и бериќет. Во конаците сме како дома, a во широкиот двор на Лешочкиот манастир сме поминувале и за среќа продолживме да поминуваме незаборавни празници, средби на иселениците, фестивали и што ли уште не. Дедото Кирил, столбот на Кумановско-полош-ката епархија, големиот борец и оптимист, ни е како матица околу која се собираме секогаш и кога има и кога нема повод. Повод е и самиот владика Кирил за да појдеме и да бидеме заедно, тој, навистина, е ретка фигура, кој умее да ги собере верниците, да го собере народот. Браво. Секогаш сум уживал, сум се восхитувал од неговите комуникациски можности и способности со својот народ, co своето свештенство. Секој не го може тоа. Нашиот надлежен тетовски архијереј е еден голем духовен водач и патриот. Во времето на конфликтот, и тогаш, дедото Кирил бестрашно ги обиколуваше македонските духовни светилишта од кои за несреќа на цивилизациските вредности, многу се неповратно уништени или оштетени. Ете, во тие месеци, јас на улиците или на пазарот низ Тетово и Скопје среќавав чесни Албанци, мои другари, мои пријатели, со кои сме делеле добро и зло и многу сме се почитувале, што се срамеа од сета таа глупост во 2001 година. Тие ме канеа дома, бараа да испиеме заедно кафе и да поразговараме, тогаш ме викаа кај нив и ми гарантираа безбедност, ама не сакав да им правам бељи. Знаев дека лудостите нема да траат долго. Војната заврши со тешки лузни за сиот народ, за Македонија. Многу тетовчани, многу Македонци од целата тетовска околија неповратно се иселија, етнички се чисти, тој дел на Македонија и тоа е погубна варијанта, пред која не треба да се биде слеп и глув. Па потоа кој би се чудел што народот се разочарува, што не им верува на политичарите и така натаму, темата е бескраен лавиринт. Светле (Стив) Стамевски со претседателот Борис Трајковски Светле (Стив) Стамевски информираше дека во 2001 година, медиумите во Америка даваа искривена слика за настаните и воопшто за сите случувања во тоа време во Република Македонија. Затоа, беа организирани демонсграциите пред CNN кога го искажавме нашиот револт на медиумската кампања против Македонија и пристрасните, необјективни извештаи со кои од нив беше бомбардиран светот. По нашите протести и ургенции, потоа, американските медиумски, во прв ред CNN информираа пообјективно. To покажаа жално разрушениот манастир „Св. Атанасиј" во Лешок, го покажаа и кренатиот во воздух мотел „Бриони" кој ете и по неколку години остана да биде камен на сопнување и една таква катастрофална погрома од страна на качачките банди тогаш, долго да е предмет на кавги и пазари. Имавме доста средби со американски конгресмени, имавме посета на Сгејт департментот, имавме демонстрации пред Американскиот црвен крст и пред Белата куќа. Сакавме Америка да ја слушне вистината за Македонија. Во Стејт департментот му поставивме многу прашања на тогашниот заменик-секретар на САД, Ричард Армитаж. Тој ни рече дека „Македонија ќе остане цела, никој нема да ја парчи, ние сме за Македонија и ќе и’ помогнеме на секој план", не уверуваше Армитаж. Моите тогашни а и потоа да речам, ете, лични, и активистички, и патриотски цели беа да сум во постојан контакт со конгресмени и сенатори, со Сгејт департментот и пошироко за да се пробиваат точните информации, кога било од која причина ќе се најде во фокусот некое прашање или дилема за Македонија. Навистина, имаме доста позитивен однос во американската администрација кога е во прашање Република Македонија и така меѓу другото и се финализира признавањето на уставното име во 2004 година од страна на светскиот џин, и постојаната членка на Советот за безбедност на Обединетите нации - Соединетите Американски Држави", на крајот ми рече познатиот и признат американски Македонец, Светозар (Светле) Стив Стамевски. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |