|
|
ЉУБОЈНО - РАСАДНИК НА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ - ДЕЛ II (10) |
Голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата, публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општестени заслуги, затоа, одреден број од нив се опфатени во овој дел на текстовите во продолжение. Меѓу нив се: Проф.д-рБисеркаЈовковска-Ќаевае ќерка на Јовко Јовковски од Љубојно и е родена во Ресен во 1953 година. Се школувала во Скопје каде завршила и медицински факултет. За вонреден професор е избрана во 2002 година. Нејзин посебен предмет на интгерес се болестите на плеврата и превларниот излив, област која е и нејзината докторска десертација. Работи во единицата за инвазивна дијагностика во Одделот за ултразвук чии почетоци на работа директно поврзани со нејзиното директно ангажирање на набавка на опрема и воведување на ултразвукот во дијагностиката, следење и лекување на болните во преврални изливи и периферни сенки во белите дробови Остварила повеќекратни научно-стручни престои во земјата и во странство и презентирала бројни трудови од својата област. Автор и коавтор е на поголем број научни трудови, учебници и друга медицинска литература како на делото „Совррмена дијагностика и терапија во медицината“ (2000), „Учебник по интерна медицина“ (2003), „Практикум за вежби по интерна медицина“ (2004) и „Учебник по предевтика“ (2004). Чле е на Македонското и на Европското респираторно здружение. Поф. Д-р Елизабета Србиновска – Костовска е професор по интерна медицина на Медицинскиот факултет-Скопје, а е вработена како лекар специјалист интернист-кардиолог на Клиниката за кардиологија-Скопје. Таа е родена 1961 година во Скопје, каде завршила основно и средно образование. На медицинскиот факултет дипломирала во 1984 година. За помлад асистент по предметот Интерна медицина е избрана во 1988 година, а за редовен асистент во 1991 година. Центарот на Љубојно Посдипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје завршила 1990 година и стана магистер на медицински науки. Докторска дисертација на тема „Проценка на валвуларните протези, резултати и компликаци по валвуларен репласман“ ја одбрани 1995 година. Во фебруари 1997 година е избрана за научен соработник по предметот Интерна медицина од кога е вклучена во наставата за студенти, лекари на специјаизација и постдипломски студии. Во декември 2001 година избрана е за професор. Активно учествува во научно-стручната работа на Клиниката за кардиочогија и има изработено над 200 научно-стручни трудови кои се презентирани на голем број национални и интернационални симпозиуми и конгреси (Шпанија, Египет). Автор и коавтор е на делата „Современа дијагностика и терапија во медицината“(2000), „Валвуларе реплеисмент на срцето“ (2002). Делови во учебниците „Интерна медицина“и „Интерна пропедефтика“ на Медицинскиот факултет во Скопје. Проф д-р Кристина Василевска, епидемиолог во Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика. Таа е родена во Битола во 1952 година и е ќерка на д-р Владо Туџаров од Љубојно. Со основно и средно образование се стекнала во Битола, а Медицински факултет завршила во Скопје во 1976 година. Својата работна кариера ја започнала во Медицинскиот центар „Трифун Пановски“ во Битола, а во 1982 година, a од 1982 година е од во новоформираниот Институт за епидемологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1988 година го одбрани докторскиот труд „Епидемиолошки карактеристики на ракот на дојката во Република Македонија, а потоа се здоби со наставните звања, доцент, вонреден и редовен професор на катедрата на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика. Таа е член на повеќе стручни и научни здруѓенија, а во 2000 година со колеги од Филозофскиот факултет и Катедрата за дефектологија учествува во формирањето на „Македонското научно здружение за аутизам“. Била соработник на Министерството за здравство на Република Македонија, во Светската здравствена организација, притоа работејќи како активен учесник и презентер на ставовите на Министерството за здравство. Била учестик на бројни семинари, проекти и научни во земјата и странство. Проф. Д-р Кристина Василевска учествувала во сосзавање на учебници и научни студии од сверата на дејностите на Катедрата за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика и тоа: Брза проценка на состојбата во здравството (2001), Биостатистика, Практикум во биостатистика и јавно здравство (2006), Општа епидемиологија (2007), Алергиските болести во Република Македонија (2008) и Специјална епидемиологија (2009). Д-р. Дијана Костов – Шерденковски, дипломиран фармаколог, д-р по фармакологија, BCPS, BCOP, работи како клинички фармацевт-специјалист во одделението за хематологија/ онкологија и на Институтот за рак „Џозефина Форд“ при Болницата „Хенри Форд“ во Детроит, Мичиген. Дипломирала и докторирала за фармацевт на Државниот универзитет „Вејн“. По дипломирањето д-р Костов продолжува со напредно специјализантско специјализирање во Болницата „Хенри Форд“, а своето стажирање за онколошка фармација го завршила кај д кај д-р Андерсон во Хјустон, Тексас. Таа, исто така, е специјалист за фармакотерапија и онкологија. Д-р Костова ја посветува својата фармацевска кариера на обезбедување максимална фармацевска грижа на ците нејзини пациенти, така што таа претставува ресурс за информации за лекарите и медицинските сестри, едуцирајќи ги студентите по фармација на Државниот универзитет „Вејн“ и постдипломците – стажанти во Болница „Хенри Форд“, Оддел за фармација како и спроведувајќи клинички истражувања. Д-р Костов е член на повеќе комисии при Болницата „Хенри Форд“ и автор на институционални политики и директиви ки се користат во целиот систем. Покрај тоа има објавено и презентирано истражувања на национални и регионални средби и има и има напишано поглавја за фармакотерапија за една книга по физиологија. Своите постигнувања д-р Костов – Шерденковска ги посветува на фармацијата, поддржувајќи го и сакајќи го своето семејство. Таа е 20 години во брак со сопругот Златко и имаат три сина – Александар, Метју и Димитри. Д-р костова е првата генерација македонска Американка. Нејзите родители се Владо и Елица Шерденковски по потекло од Љубојно. Д-р Петре Лубаровски e роден на 10. 02. 1935 година во Љубојно, каде го завршил основното образование во училиштето ”Димитар Влахов”. Во тие немирни воени години во првото одделение учел на албански, италијански и македонски јазик. Потоа, по ослободувањето на Република Македонија, образованието до осмо одделение го продолжил на македонски јазик. во ОУ” Димитар Влахов”. кое беше првото училиште на македонски јазик во Преспа, а второ во Македонија. Средното образование го продолжил во Гимназијата “Јосип Броз Тито” во Битола, а потоа се запишал и го завршил Медицински факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Како студент бил извесно време на меѓународна размена на студенти во Париз, Франција. Неколку години по завршување на своето образование на Медицинскиот факултет и работата во Скопје, патот го однел меѓу печалбарите од Љубојно во Детроит, Мичиген. Таму живеел и работел како лекар во периодот од 1967 до 1972 година. Меѓутоа, неговиот животен сопатник, сопругата Д-р Стојанка Лубаровска (родена Димовска) и трите ќерки, Кристина, Наташа и Билјана со своите семејства го вратија назад во неговата родна земја Македонија. По враќањето од Соединетите Американски Држави во 1973 година, својот работен ангажман го продолжил во Алкалоид – Скопје, од каде и се пензионира во 2000 година. Детроит Д-р Петре Лубаровски до крај на својот живот останал доследен со љубовта кон Македонија, кон зачувувањето и напредокот на родното Љубојно, особено за возобновувањето на Основното училиште „Димитар Влахов“ кое е оставено на забот на времето. Тој, заедно со поголем број љубанци во Македонија и во иселеништвото собираше помош и го актуализираше проблемот за училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно Притоа, оставил аманет на семејството со зборовите: “Кога ќе починам да ме погребате во моето родно Љубојно, сакам со главата да бидам свртен кон Езерото, а за Илинден да ми палите свеќа“ Тој почина на 23.09.2015 година на 80 годишна возраст, а неговото вечно почивалиште е во неговото родно Љубојно. Проф. Д-р Мајкл Симов кој беше директор на Клиниката за бронхоскопија и интервентна пулмологија во состав на болницата „Хенри Форд“ во Детроит, САД има љубанско потекло. Имено, тој и неговата сопруга Евона се од македонско потекло и се активни членови на православната црква „Св. Климент“ во Детроит. Д-р Симов е втора генерација македонски Американец. Неговиот татко Џејмс е роден во Лореин. Охајо. Д-р Мајк Симов, пак, живел со сопругата Евона во Нортвил, Мичиген и двајцата се многу активни поборници и симпатизери на науката и на спортото. Неговите родители имаат корените од Љубојно од семејството Мартиновци и од Битола. Мајката на д-р Симов (Илинка) е од Породин, Битолско. По дипломирањето на Универзитетот во Беин д-р Мајк Симов својот живот го посветува на медицински истражувања и е вклучен во развојот на важните пионерски третмани за рак на белите дробови и други болести на градите и белите дробови. Д-р Симов ги има изработено наставните планови во областа на напредната технологија на болницата „Хенри Форд“, на државниот универзитет „Вејн“ и на Американската асоција за бронхологија и интервентна пулмологија. Има патувано во Европа и Азија да обучува лекари за најновите иновации во медицината. Д-р Мајк Симов е автор на бројни публикации и е именуван за еден од „Најдобрите лекари на Америка“ и „Американски врвни лекари“ во период од пет години. Тој е член на директори на Институтот за рак „Џозефина Форд“ и на болницата „Хенри Форд“. Љубојно се гордее со горенаведените личности во повеќе продолженија, но исто така се гордее и со голем број интелектуалци и врвни стручнаци во медицината на Република Македонија и ширум светот, кои имаат потекло од Љубојно, меѓу кои, ќе ги споменеме: д-р Благој Сековски, д-р Наум Карапашовски, д-р Јосиф и д-р Стерјо Кондовски и д-р Љуба Ничевска, во Соединетите Американски Држави. Продолжува Пишува СЛАВЕ КАТИН |