Среда, 14 Јули 2021   
ЈОНЧЕ И МИЛКА РАЈЧОВСКИ – ДОНАТОРИ НА ИСЕЛЕНИЧКИТЕ СРЕДБИ ВО ЉУБОЈНО (16)

1mil1

Брачниот  пар Јонче (Џан) и Милка Христови (Рајчовски) се Македонците кои долг период претставувале мост на зближување на родниот крај - Македонија, и на втората татковина САД.. Животната сторија на Џан и Милка Христови е интересна, ,,долга и широка”. Истовремено таа е и дел од историската судбина на Љубојно, на Преспа, на Македонија и на македонската иселеничка сага во САД. 

Не може да се оддели животна сага на Јонче (Џан) и Милка Христови (Рајчовски) ниту од македонската ниту од американската приказна. Тие двајца се дел од неа. Тие се дел од својата животна приказна, давајќи дел од себе и кога е во прашање родната грутка преспанска, но и кога е во прашање и втората татковинска посветеност во Америка.

Јонче (Џан) Христов, е роден во Љубојно на 15 јули 1925 година. Таму го поминал своето детство. Како и сите млади луѓе во селото во тој период, така и тој им помагал во полските работи на своите домашни, бил активен во детското и младинското живеење и бил еден од почитуваните во пошироката заедница на Рајчовци. Основно училиште завршил во родното место. Потоа завршил полуматура и некои курсеви во Скопје.

Како напреден младинец бил распореден да работи во Ресен, што за него било голем предизвик. Бил во Ресен, а многу често го посетувал и Љубојно. Во Ресен имал пријатели, другари со кои одел на корзо и како убаво момче бил ,,цел» на девојките. Ресен му останал длабоко во сеќавањата, бидејќи таму, во Детскиот дом, се запознал со неговата животна содружничка Милка Убавата и стројна младинка таму прво била сакана воспитувачка, а потоа и учителка во Љубојно.

Љубовта меѓу Џан и Милка се јавила на прв поглед. Младоста си го направила своето. Како во приказните, се’ започнало спонтано, со силна љубов, за потоа таа љубов да ги натера да се договорат и да стапат во брак.

Се’ уште кај постарите во Љубојно се раскажуваат впечатоците за нејзината убавина, добрината, за односот на Милка. Се раскажува за тоа дека една убава учителка од град се мажила во село. Тоа беше вистинска атракција, која ги освои срцета на љубанци. Таа беше одличен воспитувач и наставник по географија во училиштето “Димитар Влахов” во Љубојно. 

1mil12Љубојно 

Милка е родена во 1935 година во Велес, во скромно и честито македонско семејство. Таа во шега кажувала дека татко и’ дури и палтото си го продал за да и’ овозможи да се школува. Велес го напуштила по завршувањето на средното образование, за потоа да дојде на работа како воспитувачка во Детскиот дом во Ресен. Судбината ја донела во Љубојно каде била наставник по географија во централното училиште.

Џан Христов потекнува од печалбарско семејство. Неговите предци оделе и се враќале на гурбет. Меѓутоа, неговиот татко Борис отишол во Америка и не се вратил. Тој бил причина и повод и Џан да тргне по неговите стапки. И така се случило. Така, во ветената земја, САД, дошол во потрага по поинаква иднина и судбина на 17 мај 1951, само што ја минал дваесеттата година од својата младост. Заминува за Америка сам, за по две години и Милка да појде преку океанот кај својот домаќин. Заминувањето за САД не било едноставно, но за среќа се’ се завршило добро и тие се нашле пак заедно во Детроит. Во новата средина Господ им дал три рожби: Бери, Борис и Џорџ. За жал, Џорџ сега не е меѓу живите - погина во несреќен случај што ги потресе сите Македонци во Детроит.

По пристигнувањето во Детроит, Џан и Милка отвориле свој бизнис, свој ресторан. Нивниот ресторан бил место на средби, другарувања и пријатни мигови за сите љубанци и други Македонци и Балканци, кои во тој период не биле многубројни. Немало некој од ,,стариот крај”, како често Македонците го викале родното место и Македонија, да дојде, а да не биде прифатен и угостен од овие благородни луѓе.

Милка добро го совладала и англискиот јазик, па дури подучувала и доста нашинки, оти се знае колкава е предноста кога добро се зборува јазикот. Како учителка ја продолжила својата активност и во новата средина. Во повеќенационалното училиште во Детроит била солиден наставник, па дури и им предавања и на некои од учители што доаѓале од стариот крај.

Уште со доаѓањето во Детроит, Џан и Милка биле активни во македонската заедница. Во почетокот во друштвата, а со формирањето на Македонската православна црква Света Богородица, нивната активност била многу корисна. Џан бил ден од основоположниците на темелите на тој многузначаен македонски црковно-духовен и национален храм во САД. Милка, пак, му била десна рака на Џан. Таа била една од најактивните во женската секција во црквата и пошироко во македонската заедница.

Двајцата сториле многу на планот на афирмацијата на националните достоинства, културата, духовноста, традициите и семејното живеење. Џан повеќе пати бил член на Управата на црквата, а Милка била претседателка на Женската секција во 1974 година. Милка е запаметена како исклучително активна жена, како многу упорна и истрајна личност. Незаборавни се средбите во домот на Милка и Џан со голем број познати личности од Македонија кои ја посетиле македонската заедница во Детроит. Меѓу нив биле членовите на ансамблот ,,Света Софија”, на чело со Тома Прошев, Виолета Томовска, Кочо Петровски и редица други естрадни уметници и личности од јавниот живот од Македонија кои ги посетиле Соединетите Американски Држави и Канада.

Меѓутоа, судбината си поигра со Милка. Таа го напушти своето семејство и се пресели во вечниот дом на педесет години, кога ненадејно почина во 1985 година. Тагата беше голема за сите, но се чини за децата и за Џан беше најголема. Таа остана во спомените на семејството, на роднините, пријателите, познатите во македонската заедница во Детроит. И денес по многу години сеќавањата за Милка, големата дама и големата Македонка, се свежи и трајни кај сите кои ја познаваа.

Инаку, Борис Христов татко му на Џан бил столбовникот на фамилијата Рајчовски во Детроит. Тој вистински се истакнувал со својата работа и патриотска мисија. По неговите стапки тргнал и неговиот син. Така, Џан помогнат од својата сопруга Милка секогаш беше меѓу првите активисти во македонската заедница во Детроит и пошироко. Тој, меѓу другото, беше претседател во организацијата ,,Обединети Македонци” и нејзин основоположник, покрена многу иницијативи и акции, а испраќал бројни реакции и писма против непријателските пропаганди кон Македонците.

Исто така, Џан беше меѓу големите поддржувачи, меѓу иницијаторите, еден од столбовите и меѓу најсреќните кога се отвори МПЦ Света Богородица во Детроит. Заедно со големиот донатор од Болно, Крис Ник, беа едни од најактивните во изградбата на црквата.

1mil13Детроит

Меѓу другите донации, во почетокот на формирањето на црквата Св. Богородица Џан подари 3.000 долари. Беше член на управата, потпретседател, присутен и активен помагач и донатор секогаш кога можел. Исто така, како бистар и мудар старец котираше високо не само меѓу своите преспанчани, туку и кај тетовци во Детроит. Како виден граѓанин во македонската заедница на Детроит беше почитуван и покануван гостин на секој поголем настан, на секое гостување на некоја позначјна личност, група или ансамбл од татковината.

Џан Христов во новата средина во САД никогаш не го заборавил своето Љубојно, својата Преспа, својата библиска Македонија. Тоа се потврдуваше со неговите активности како прв претседател на друштвото ,,Љубојно” во Детроит. Заедно со Милка дојдоа неколку пати во Македонија, во своето Љубојно. Биле драги гости на Матицата на ислениците од Македонија, а посетија и други владини институции во поранешните години каде им беше укажана достоинствена почит. Секогаш кога имаа прилика и време беа меѓу своите, меѓу блиските и пријателите во Љубојно и на други места во Македонија.

Џан Христов беше доблесен патриот и донатор.Уште кога беше жива Милка, тие заедно и сесрдно ги помагаа сите македонски организации во Детроит. Во последните десетина години од неговиот живот до 21 ноември 2009 година, беше драг гостин во неговото родно Љубојно, тој финансиски ја помагаше Илинденските средби, Месната заедница, Црковниот одбор, како и бројни приватни лица.

Меѓу другите донации и помош, во 1990 година, Џан беше активистот кој заедно со други љубојнчани собра околу 40.000 долари вредна медицинска помош и на негова сметка таа помош беше испратена во амбулантата во неговото Љубојно. Исто така, и во многу други ситуации Џан и Милка Христови ги покажаа својата широка душа и човекољубие, својот патриотизам и срцата големи македонски, особено „Илинденските иселенички средби“..

Продолжува

1slave 9 Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.