|
|
ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (15) |
ВИКТОР БИВЕЛ – ГОЛЕМ БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА И МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНКИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА Виктор Бивел е Австралијанец од македонско потекло кој својот живот го посветува на македонското иселеништво на Македонија и македонскиот народ со посебна нагласка на настаните во Егејска Македонија. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Австралија и во целиот свет. Тој е познат новинар значаен издавач, уредник и публицист. Неговиот портал „Политекон“ е огледало за вистината на културата, историјата и борбата за основните човекови права на Македонците во Грција. Кај Македонците од Егејска Македонија постои вековно мислење дека тие се Македонци затоа што нивните татковци и мајки, нивните дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени како Македонци, бидејќи земјата од која потекнуваат, во земјата во која се родени, во која се пораснати и во која почиваат се вика Македонија. На нив не им требаат нивните непријатели да ги дефинираат и да им кажуваат кои се тие, а кои не се. Тие се Македонци бидејќи се Македонци од поделена Македонија, заградена со граници. Општо познато е дека македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Тоа го направи со доселувањето на православното турско населени (просвиги) во цела Егејска Македонија. Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн Едно од тие македонски семејства од егејскиот дел на Македонија се родителите на Виктор Бивел, Ристо и Фанија Бивелов, кој потекнуваат од селото Нерет. Село кое отсекогаш било населено со Македонци, од кои голем број се раселиле ширум светот. Особено бројот на оние што ја напуштиле дедовската земја се зголемува по поразот на Демократската армија на Грција и по Граѓанската војна, во која учествуваше и македонското население од тие македонски простори, со цел да ги оствари своите национални и социјални права, за кои сонуваа и се бореа многу години. Селото Нерет Нерет е типично планинско македонско село, на надморска височина од околу илјада метри и најмногу е познато по планинските јагоди кои нашироко се прочуени по својот квалитет и арома. Нив ги има во изобилство, а кај народот тие се познати под името планушки. Семејството на Виктор Бивел го напуштило своето родно село Нерет, но болката и љубовта кон родното место, кон дедовската земја и кон сето она што е македонско, го понесе со себе и во Австралија. Тоа му го пренеле на Виктор за тој да го пренесува и шири на генерациите што доаѓаат. Инаку од Нерет беше и познатиот иселеник од старата генерација, Петар Божанин кој беше прв претседател на разгранокот на Македонско - австралискиот народен сојуз за Мелбурн и еден од првите активисти за изградбата на првата Македонска православна црковна општина надвор од Македонија – „Свети Ѓорѓи” во Фуцкрај, со кого авторот на овој текст, Славе Катин се сретна во Австралија и пишуваше за него. Чичко Петре Божанин, како често го нарекуваа помладите од селото Нерет, беше типичен леринчанец, Македонец и по душа и по срце; благороден, со блага насмевка и интелигентни црти на лицето, рус, од среден раст, честит и со добротворна измачена македонска душа, која видела и добро и зло Семејството на Виктор Бивел, исто така, е од Нерет, од егејскиот дел на Македонија. Неговите дедовци Никола Биволчев и Ване Мечкаров пристигнале во Австралија мешу првите доселеници од Македонија, во 1926 и 1937 година, а неговиот родители Ристо и Фанија Биволчев се преселиле во 1955 година. Виктор е првиот во неговото семејство кој е роден во Австралија. Виктор Бивел е родр на 20 Мај во 1957 година во Манџимап, Западна Австралија, а пораснал во Перт. Тој се школувал на Универзитет од Западна Австралија и Универзитетот Кертин, на групата за уметност и англиски јазик. Виктор e оженет со Жаклина, која дипломирала на правни науки и е адвокат. Жаклина и Виктор имаат три наследници. Во биографските податоци на Виктор Бивел е забележано дека тој е уредник, издавач, новинар, публицист и чувар на македонското име, на Македонија, а е вљубеник во Егејска Македонија. Тој е уредник и новинар на списание од 1987 година и уредник на книги и издавач од 1992 година. Во 1984 година се преселил во Сиднеј, а во 1987 година бил вработен како уредник на списание во Издавачката куќа „Томсон“. Во оваа улога тој беше уредник на ФЕН, производствено списание за инженери што го уредуваше пет години; и БПН, списание за градежни производи што го уредуваше истовремено со ФЕН за една година. Перт Во 1992 година Виктор ги напушти изданијата на „Томсон“ за да основа сопствен издавачки бизнис – публикации, веб-страницата „Политекон“. Политекон обработува три значајни теми: политика, литература и економија. Во него Виктор бјавува македонски теми на англиски јазик. Публикацијата „Политекон“започна со работа во 1992 година и досега има објавено 14 книги. Повеќето се фактички книги за животот во Егејска Македонија, но ги објави и првите преводи на англиски јазик на романите „Црно семе“, „Големата вода“ и „Пиреј“. Виктор Бивел има направено и неколку проекти за објавување преку Интернет. Овие изданија вклучуваат онлајн препечатување на првиот македонскиот весник „Македонска искра“ што се печатеше во Австралија од 1946 до 1957 година. Постојат нешто повеќе од 100 изданија. Во 2004 година ги направи делата „Македонските заедници низ целиот свет“, што е прва компилација на бројни имиња што можеше да ги најде за градовите и селата низ целиот свет каде има македонски населби, а ги има околу 3.000. Друг проект му беше под наслов „Договори и правни случаи“. Ова се копии во целост на многуте меѓународни договори што ја поделија Македонија, како што е Договорот од Букурешт во 1913 година, плус некои од националните и меѓународните правни случаи што ја зафатија Македонија и Македонците. Има дел од вистината и животот во Егејска Македонија каде објавува оригинални статии за луѓето, политиката, културата, историјата и дијаспората на Македонците во тој дел на Македонија Неговиот последен проект е „Бесплатни електронски книги“, каде што става достапни бесплатни копии на книги за македонските човекови права, политика, историја, дијаспора, јазик, економија и други области. Досега има над 320 бесплатни книги на веб-страницата, меѓу кои и 36 публикации на авторот на овој текст Славе Катин. Сите 320 бесплатни електронски книги можат да се видат и прочитаат на веб-страницата на Виктор Бивел, www.pollitecon.com Интересно е тоа што Виктор Бивел е Македонецот кој сака да дознае повеќе за неговото потекло. Затоа направил генетски тест со ДНК на Семејното дрво во Тексас. Резултатите покажале дека 90% се европски и 11% блискоисточни од Мала Азија (дополнителниот 1 процент едноставно се заокружува.) Неговиот европски дел е 66% и е од југоисточна Европа, 15% се источноевропски и 9% се западни и средноевропски. Според опширните резултати Виктор Бивел имал далечни генетски роднини во сите соседни балкански земји, како и во Европа и другите делови на светот. Сето ова има огромни импликации врз неговиот идентитет и начинот на кој тој го гледа национализмот на Балканот, особено агресивните форми на грчкиот, албанскиот и бугарскиот национализам. Според него долго време Македонија е во опасност да се исели и да непостои. Тој мисли дека треба да се сврти тој проток. Затоа, ја изнесува идејата дека на Македонија и требаат Македонци. Тоа би помогнало да се обезбеди опстанок на македонската татковина и да се помогне за растот на економијата. Исто така, со тоа би се обезбедила политичка стабилност во Македонија. Виктор потенцира дека статистичките податоци покажуваат дека каде мнозинското население паѓа на ниско ниво, во опасна зона под 70 или 75 проценти, тоа може да доведе до политичка нестабилност и граѓанска војна. Примери, меѓу другите, според него се Кипар, Северна Ирска, Шри Ланка, Фиџи и Македонија. Затоа, Виктор Бивел сака да го охрабри огромниот број Македонци ширум светот да размислат како можат да и’ помогнат на Македонија. Тоа може да биде, меѓу другото, со посета на Македонија како туристи и враќање за стално, со инвестирање во Македонија, поддршка на економијата со купување на македонски имоти или со воспоставување или зајакнување на семејните врски и пријателства. Од активностите на Виктор Бивел во Австралија треба да се потенцира дека тој пишува различни текстови и коментари на теми за Македонија. Под наслов Есеи на веб-страницата Политекон, тој во моментов има 29 статии, 16 говори и 21 радио и видео интервјуа. На фејсбукот, Виктор е администратор на две групи: „На Македонија и требаат Македонци“ и на „Семејството и пријателите на Нерет“. Тој исто така уредил три книги со семејна историја за членови на неговото пошироко семејство. Виктор Бивел е добар и честит Австралијанец, а во исто време тој е посветен на Македонија, на македонската вистина и на Македонците ширум светот. Зато, секогаш тврди дека има многу талентирани и вредни македонски активисти во Австралија. Тоа е мотив повеќе Македонија да не се сомнева дека македонското иселеништво на петтиот континент и насекаде во светот не само што е многубројна, туку е и многу гордо на своето македонско потекло и има огромна љубов и почит кон неговата татковина Македонија. Од сето горе наведено, со право можеме да заклучиме дека Австралијанецот со македонско потекло од Сиднеј, Виктор Бивел е еден од најактивните во македонската дијаспора повеќе од 25 години. Тој е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветува на публицистиката, на пишаниот збор, на науката, на древните корени на македонскиот народ, особено од Егејска Македонија и на македонското иселеништво од етничка Македонија. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |