Среда, 03 Ноември 2021   
Георги Томов – почитувач на македонската древна култура - II ДЕЛ (4)

1asa2

За духовното живеење на Македонија во Милениумскиот ораториум во Хамилтон, “Ние сме Македонија”, Георги (Џорџ) Томов се претстави со свој уметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја”. Во него, меѓу другото беше речено дека првата средба на апостолот Павле со Македонија и Македонците се остварила во градот Филипи, градот кој го втемелил Филип II, македонски крал и татко на големиот Александар Македонски

Исто така, во уметнички дел насловен како “Македонија е библиска земја кој беше претставен на пригоден начин на 26-от Црковно-народен собир  на Американско-канадската-македонска епархија на МПЦ, што се одржа во Хамилтон, Канада, во септември 2000 година беше нагласено:

Господинот Георги (Џорџ)Томов рече дека градот Филипи се наоѓал три часа пат од Егејското Море. Истиот бил средиште на жива културна, религиозна и трговска дејност. Откако кралот Филип Македонски го проширил и утврдил градот почнал да го носи името Филипи во чест на овој познат македонски цар. 

Согласно со Божјиот повик, тогаш со пристигнувањето на апостолот Павле во Филипи и развивањето на неговата мисионерска активност во Македонија, христијанството почнало да се шири и на Запад. Изборот на Македонија и Македонците во идните два века се покажал вистински како Божји повик. 

Првата личност што го прифатила христијанството била Македонката Лидија како што сведочи Светото писмо каде пишува: 

„Излеговме надвор од градот при една река каде што имаа обичај да се молат и една жена богубојазлива од градот Тиатир, по име Лидија, која што продавала црвени ткаенини, слушаше и Господ и го отвори срцето да внимава на она што зборуваше Павле“.

    1asa23     

Покрстување во Филипи 

А кога се покрсти таа и нејзините домашни рекла::“Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа. 

 Во нејзиниот дом тие останале во текот на целиот свој престој во Филипи. Тука тие го проповедале новото учење, разговарале со новопокрстените. Така, се родила првата христијанска парохија во Европа. Ваквата улога на христијанската општина во Филипи подоцна ќе биде истакнувана од самиот Павле, којшто ќе посочи дека тие прераснале во верата толку многу за да може самиот  да рече: 

 Живејте само достојно на Христовото евангелие, стојте во еден дух, борејќи се еднодушно за евангелиската вера”. 

Томов пренесе дека апостолот Павле ги чувствувал христијаните од Филипи како свои и меѓу нив се чувствувал целосно заштитен, како што подоцна во своите посланија ќе посочи и ќе искаже искрена благодарност за чистотата на нивната вера, добросрдечноста, гостопримството и нивната грижа за него.

 “Јас се зарадував необично многу во Господа - пишува апостолот. 

Истакнувајќи ја љубовта на апостол Павле кон Филипјаните, свети Јован Златоуст сосем самостојно го заменува името на градот Филипи со името на целата земја кон којашто припаѓал и тој, а името е Македонија. Свети Јован Златоуст, кој живеал во втората половина на четвртиот век или поточно почетокот на петтиот век по Христа, вели:

„Да ги сакаш Филипјаните било исто како да ги сакаш сите Македонци, додека да го сакаш Филипи било исто како да ја сакаш цела Македонија“. Таа мисла на свети Јован Златоуст покажува дека во неговото време Македонците биле познати како посебна етничка група (народ). 

Солун во апостолско време бил главен град на Македонија. Напуштајќи го Филипи, апостол Павле заедно со соработниците Тимотеј и Сила заминале кон Солун. Солунската црковна општина со мали прекини ќе стане центар околу кој ќе се групираат сите црковни општини од Македонија и ќе ги нарекуваат македонски црковни општини, а црквата во Македонија ќе ја нарекуваат Македонска црква. 

Значи, основите на Македонската православна црква се поставени од самите апостоли и нивните ученици, а потоа следи дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, за да се круниса со организиран самостоен црковен живот во времето на свети Климент и свети  Наум охридските-чудотворци. Тогаш свети Климент се погрижил за устројството на црквата, организирајќи си своја народна епархија, народен јазик и богослужение на мајчин македонски јазик, рече на крајот авторот Георги Томов.

Во врска со изведбата на мошне впечатливиот и со силна порака милениумски ораториум “Ние сме Македонија”, весникот на организацијата “Обединети Македоници” од Торонто, Канада, во септемврискиот број од 2000 година, меѓу другото, ќе напише:

„Во година кога го празнуваме двеилјадитото постоење на христијанството во Македонија и светот, на дваесет и шестиот по ред Црковно-народен собор на МПЦ на Американско-канадската македонска православна епархија, кој се одржа во Хамилтон, Канада, ќе биде запаметен во аналите на активностите на македонските цркви, а посебно во нивниот заеднички настап. 

Овојпат со една позитивна и напредна идеја зачекоривме во третиот по ред милениум, со новост во одржување и претставување на нашето двемилениумско простумење, сочувствувајќи ги македонските црковни и народни традиции. 

Овојпат, преку портретите од најпознатите македонски светци, просветители и водачи на македонската нација; преку пригодниот избор на песни од нашата многу богата фолклорна и поетска ризница, со податоци од раѓањето на македонската христијанска нација, која прва го прими христијанството и го рашири по другите народи. 

Беседите за Македонија како библиска земја ни овозможија на еден сликовит начин да го видиме нашето историско минато и задолжение за нашата иднина. 

Портретите и симболите на македонското минато под заштита на Сонцето, се претставија со новосоздадената народна музика, со инструменти карактеристични за нашето македонско поднебје и кои сеуште ја красат нашата национална и изворна музика“, се вели, меѓу другото, во весникот „Обединети Македонци“.

Инаку, вредно е да се потенцира дека учесниците на историскиот Милениумски ораториум доброволно учествуваа и го дадоа својот придонес, за овој несекојдневен настан да остане во сеќавање на присутните кои со себе  го понесоа како еден незаборавен сувенир.

Продукцијата на Милениумскиот ораториум беше од Георги (Џорџ)Томов. Тој, исто така, го направи аранжманот на музиката, ги напиша текстовите, кореографијата и дизајнот на експонатите.

На третиот и последен ден на Соборот, беше одржан свечениот банкет во хотелот Шератон. За прв пат, одобрен од Епархиското собрание, а по барање на Ѓеорги (Џорџ)Томов, се одржа Милениумскиот ораториум - “Ние сме Македонија”. Во оваа триесетминутна програма беа прикажани древната и богата историја на македонскиот народ, проследено со слики, транспаренти, икони и симболи; преку збор, песна и игра; преку звукот на ударот од тапанот; како и низ обичаите и традициите.

Сето тоа доби возвишение и кулминација. Сето се круниса кога постепено зад гостите на почесната маса, полека се крена древното македонско алово знаме со шеснаесеткракото сонце и синоличниот цвет-здравец во средината, заедно од страните, со сликите на Господ Исус Христос, Богородица со Исус, Светиот крст, аловото знаме на МПЦ, иконите на свети Климент, свети Наум Охридски, свети Кирил и Методиј и околу салата плејада ликови од богатата македонска историографија.

1asa24На Собирот во Хамилтон

Тогаш, сите присутни не можеа да се воздржат, станаа на нозе и со бурно ракоплескање го поздравија успехот на Милениумскиот ораториум - “Ние сме Македонија” од Ѓеорги Томов, со кое посебно се одбележа јубилејот 2000 години од воскресението Христово и два милениума на христијанството во Македонија и во светот.

На свечениот банкет, покрај домаќините и свештениците, на главната маса беше поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој ги поздрави присутните со содржајна вечерна беседа, потоа митрополитот Кирил, пратеникот во парламентот на Онтарио господинот Луј Темелковски, Георги (Џорџ)Томов, авторот на овие редови Славе Катин и многу други гости и пријатели на Македонците од Соединетите Американски Држави и Канада.

Продолжува 

1slave 3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.