Среда, 22 Декември 2021   
ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРAОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... (11)

1is190

Георги (Џорџ) Томов никогаш не престанал да работи, да планира  и истражува. Неговото лично студио се наоѓало во центарот на Унион сквер вест (Union Square West). Неговата фолклорна група, која одела на турнеи во целиот свет, броела помеѓу 30 и 45 игроорци, пејачи и музичари

Бил директор на неговата Фолкденс фондација (Folkdance Foundation) која била непрофитна корпорација, одобрена од Федералната даночна администрација и која била под закрила на Државата Њујорк. Во својата група, го вклучил и прекрасниот оркестар познат како Солист ди Зирнахрон (Solisti di Zirnachron).

Но, треба да се спомене дека зголемениот интерес за учење и играње македонски ора се должело, делумно, на признанието кое Македонија го добила како важен светски ентитет. Другата причина за зголемениот интерес за македонскиот фолклор и играорството лежела во убавината, во длабочината на душата и духот кои се наоѓаат во македонската народна музика.

Разновидноста на расположението прикажано во многу ора - понекогаш весели, понекогаш чувствителни и ора кои понекогаш се самостојни, друг пат енергични и жестоки. Овие ора овозможуваат проток на сила и енергија низ телото, ослободувајќи ги инхибициите и притисокот. Она што танцувањето, играњето го изнесува на виделина е живоста, силата и радоста од живеењето и постоењето.

Народното оро, според својата природа, е традиционален начин на општествено самоизразување кое евоцира емоции кај луѓето - манифестирање на љубов, додворување, дружељубивост, среќа и радост на животот. Играњето народни ора, т.е. танцувањето

обезбедува една колористична и графичка алка во која се спојува потребата да се изразат чувства преку движења со среќата која произлегува од дружењето.

1is1901 

Георги со македонски играорци пред манастирот „Св. Ѓорѓи“ 

Денес, повеќе од кога било луѓето чија цела лепеза од чувства е погодена од стресот и притисокот, постои потреба од слобода за изразување на чувства која се манифестира со прекрасни движења на телото при танцување во ритмот на народното оро.

Како бегство од едноличниот свет и како прибежиште од секојдневните грижи и проблеми, играњето нуди мир и радост во форма на енергични и корисни физички активности поврзани со потребата на човекот да биде заедно со оние кои споделуваат исти интереси. Убавината на македонското топло сонце, вечното сино небо, нејзините планини и реки, нејзините сребрени езера - сите тие зрачат во мелодиите и ритмовите на вајарството на Георги (Џорџ) Томов.

Концертите на ансамблот “Томов” постојано биле исполнети со разновидност, возбуда, боја и младост. Сите народните носии биле автентични и увезени. Во програмите биле вметнати ора од многу други земји, а не само од балканските, меѓу кои се истакнуваат танцовите со кломпи (цокули) од Северна Каролина. Овие рустични американски танчери, заедно со виртуозноста на богатиот македонски фолклор биле постојано поздравувани со френетични аплаузи.

Практично, секоја вечер се танцувало во студиото на Георги (Џорџ) Томов со зголемување на бројот на оние кои биле привлечени од оваа убава, чиста забава и освежувачка форма на рекреација и вежби за дружење.

Освен горенаведеното, Георги (Џорџ) Томов имал и други бројни достигнувања кои заслужуваат да се споменат. Така, во 1979 година, овој голем човек ги дизајнирал костумите за бостонската продукција на Шекспировата драма “Дванаесетта ноќ”, изведена во Институтот за технологија од Масачусец. Во 1980 година, ги кореографирал танцовите за Фолклорниот ансамбл “Свадба” од Питсбург, а во истата година тоа го направил и за Фолклорниот ансамбл “Живели” од Колумбос, Охајо.

Во 1983 година, бил кореограф во Франц Лехарсовата танцова нумера “Царевич”, во продукција на  њујоршката “Виена опера хаус” во  “Линколн центарот” и во “Алис Тули холот”. Од 1984 година, Георги Томов давал часови и држел  предавања за македонски, балкански и полски ора и фолклор на деца од државните училишта во рамките на општините Квинс и Менхетен во Њујорк. Овие програми ги спонзорирале Бордот (Одборот) за образование на државата Њујорк, уметничките Партнерски организации и Младинската организација на Квинс.       

Во 1973 година, Природно-историскиот музеј го поканил Томов да држи предавање и да ги изложи македонски народни носии и инструменти. Важно е да се истакне дека во 1980 година, Фолклорниот ансамбл “Томов” имал свој настап на Зимските олимписки игри одржавни во Лејк Плесид, во државата Њујорк.

 Во 1986 година, ја креирал специјалната кореографија за завршниот церемонијал на Стогодишнината од Статуата на слободата. Потоа, во 1990 година, ансамблот “Томов” настапил на официјалната церемонија за повторното отворање на Елис островот Четири пати бил на турнеја во Македонија. Групата имала повеќе од 280 настапи, вклучувајќи ги и настапите на ТВ станици во САД и во други земји, со што милиони гледачи го виделе овој ансамбл.

Во истата таа година (1990), Георги (Џорџ) Томов го организирал и бил прв претседател на Македонското движење за човекови права за Њујорк, Њу Џерси и Североисточниот дел од Соединетите Американски Држави. Исто така, треба да се напомене дека во “Книгата за песни на имигрантите” од Џери Силверман, издадена од “Мелби” македонската песна “Бог да бие кој прв појде” ја претставувал токму доселеникот Георги (Џорџ) Томов.

Исто така, тој напишал бројни написи и текстови за весници и списанија во цела Америка. Кратка биографија на Томов е дадена во Маргуисовото второ издание “Кој е кој во Америка” како дел од секторот за забава и разонода.

Од доцните 60-ти па се’ до крајот на неговиот живот, овој неуморен војник на уметноста, држел предавања и бил демонстратор за балкански и македонски фолклор и народни ора на бројни универзитети, библиотеки, музеи, цркви, културни институции и клубови во цела САД, Канада и Австралија. Георги (Џорџ) Томов беше член на Американското здружение за унапредување на студиите по славистика.

Во 1991 година,  Државниот архив на Македонија од Скопје ја основа фондацијата “Георги Томов - фолклористот”, како признание на неговите културни активности за зачувување и презентирање на богатата разноликост на македонската народна уметност во Соединетите Американски Држави, Канада и во Австралија. Тоа е потврда на фактот дека зголемениот интерес кај младите луѓе да научат повеќе за   меѓународниот фолклор ги води кон подобро меѓусебно разбирање со народите од другите земји.             

Георги Томов се вработил како скулптор во Њујорк во Скулптур Хаус. Негово значајно вајарско дело беше скулптурата на коњ во природна големина. Делото беше поставено на влезот на Бадвајзер музејот во Коперстаун, Њујорк, но денес се наоѓа во Bools Garden на Флорида. Тој е автор и на заштитниот знак на Canadian Spirits Company - војникот Бифитер, а неговиот потпис се наоѓа и под коњчето што веќе долги години е препознатлив знак.

Исто така, човекот што цели 50 години ја прославува[e македонската култура, орото, песната и традицијата ширум светот, има[e извајано голем број други скулптури како: бисти, минијатури, предмети и слично. За неговата работа како сцулптор ќе позајмиме дел од текстот на Алберт Кеј, концертен уметнички директор, кој, меѓу другото, го напиша следното:

„Илјадници луѓе кои го запознаа Георги (Џорџ) Томов видоа дека  патувањата комбинирани со неговото знаење за играта на телото се визуелно прикажани во неговите склуптури. Неговата специјалност е портретирањето; секое дело го 'заробува' карактерот, расположението и карактеристиките на телото така што делото дејствува како да е живо. 

Тој како уметник со срце бил прогонуван да создава совршени вајарски дела. Неговата крајна желба била да се пресели во еден мирен, тивок град на запад и да прави она што најмногу сака - да твори со својот ум и своите раце. 

Ѓеорѓи Томов ги искористува можностите кои Њујорк ги нуди и целосно ги исполнува своите денови. Држеше предавања како гостин-предавач во Универзитетот Њујорк, пишуваше написи за Фолк Магазине и го правеше распоредот за серија предавања на колеџи на Западниот брег. 

1is1902

Георги (Џорџ) Томов скулпторот 

Плановите за свое студио каде ќе држи часови за фолклор и за вајарство се исполнија и Ѓеорѓи ја задоволи својата амбиција да дава часови и прифати една од многуте понуди да предава на универзитетско ниво. 

Алберт Кеј го напиша  и следново за Георги Томов:

„Народните ора, според својата дефиниција, се традиционален начин на општествено самоизразување кои евоцираат емоции кај луѓето - манифестирање на љубов, додворување, општествени обичаи, дружељубивост, среќа и радост на животот. Танцувањето обезбедува една колористична и графичка алка во која се спојува потребата да се изразат чувства преку движења со среќата која произлегува од дружењето со другите кои го споделуваат истиот ентузијазам за оваа најстара, а сепак, најмодерна форма на танцување. 

Денес, кога човекот, кој поседува цела лепеза чувства, е погоден од стресот и притисокот, постои потреба за опуштање во изразувањето кое се манифестира со убавите движења на телото во форма на народни ора. 

Како бегство од едноличниот свет и како прибежиште од секојдневните грижи и проблеми, танцувањето нуди мир и радост во форма на енергични и корисни физички активности поврзани со потребата на човекот да биде заедно со оние кои споделуваат исти интереси. Убавината на македонското топло сонце, вечното сино небо, нејзините планини и реки, нејзините сребрени езера - сите тие зрачат во мелодиите и ритмовите на вајарството на Ѓеорѓи (Џорџ) Томов“, напиша Алберт Кеј.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.