|
|
Нова книга : ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК |
Нова книга : ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК Деновиве, во издание на компанијата BOZPAC LTD, од печат излезе историското книжевно дело „Четврта генерација“ од авторите Благоја Божиноски и Владо Крстевски на англиски јазик. Оригиналот на книгата „Четврта генерација“ на македонски јазик излезе од печат во 2012 година. Преводот на англиски јазик го направи Елизабета Стрезов, во уредништво на Елизабета Колупачев Steward, а со корекција на Адам Аргировски. Оваа извонредно историско дело кое ја претставува Македонската заедница во Њукастел, а го опфаќа периодот од 1924 година кога во Њукастел се доселил првиот емигрант од Македонија, а тоа бил Лазар Порковиќ од битолското село Цапари. Секако поради економски и политички причини ветровите подоцна ќе ги довеат и другите емигрантски групи како оние од 1935 до 1939 година, а најголемата група на македонски емигранти ќе допатува меѓу 1950 до 1970 година, чија бројка се проценува дека изнесувала околу 4000 Македонци. Токму оттогаш почнуваат да се организираат Македонците во Њукастел на сите полиња и да почнат да градат цркви, клубови, да отвораат училишта и се друго што им е потребно за да се вклопат во мултиетничкото австралиско општество. Спрема записот објавен во списанието „Копнеж“ од 1985 година во кое се вели дека се регистрирани 578 македонски фамилии кои живеат во Њукастел и во подрачјето на Хантар Вали. Честитки за авторите на ова историско дело Благоја Божиноски и Владо Крстевски кои на 470 страници објавиле стотици записи и уште толку фотографии, со кои трајно го овековечиле животот на Македонците во овој прекрасен австралиски град. Ова дело би било пожелно да го поседува не само во секоја фамилијарна витрина, туку него треба да го има и во сите витрини на книжевните институции и библиотеки, а посбно, би било пожелно него да го има и во Институтот за национална историја на Република Македонија. Иван Трпоски |