Среда, 29 Декември 2021   
КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАКЕДОНСКИTE НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ - I ДЕЛ (12)

1tan121

Македонскиот материјален и духовен простор никогаш не бил затворен. Напротив, македонските духовници, културолози, писатели, ликовни, фолклорни и други творци постојано биле дел од хуманистичките текови и поборници на светлата иднина на човештвото. Таа се заснова врз македонската култура, традициите и обичаите. Затоа и Георги (Џорџ) Томов ги следел патеките на македонските видни дејци и народни творци од минатото и денес неговите знаења од фолклорот од Македонија и пошироко од Балканот ги пренесувал во новите средини

Значаен прилог за фолклористиката во САД, а со тоа и во Македонија и пошироко, се неговите текстови посветени на македонските игри и песни. Наредните два текста на Георги (Џорџ) Томов се токму такви. Тие се објавени во списанието “Вилтис”, “Надеж”, од Денвер, Колорадо, списание за фолклор и народни игри, во кое,  во превод на авторот на овие редови Славе Катин, меѓу другото се вели дека важен елемент во македонската национална историја е креативноста на земјата и еден сегмент од таа креативност ја прегрнува виртуозноста на македонските ора, од една страна, и импресивната акција/дејство од друга страна.

Македонското народно оро одразува една специфична карактеристика на нацијата, со фрапантна благонаклоност кон соседните држави и народи. Во исто време, македонските народни ора самите по себе имаат индивидуалност со вродена елегантност во сложените движења и целосна преданост кон телото и душата. Тие имплементираат една специфична хармонија и ги подигнуваат чувствата на степен на крајна перфекција. Тие повикуваат на прекрасно, емотивно и ритмично движење на телото кое евоцира вечна инспирација.

Многу историски моменти поврзани со древната и неодамнешната историја на Македонците не се случајно поврзани; нивниот одраз е екстремно видлив во добро познатите народни ора: Тешкото, Русалии, невестинското, комитското, калајџиското, беранчето, арамиското, жетварското, копачката и др.

Низ векови, па и денес, во двориштата на маркантните византиски цркви, селските куќи, собирите за време на одморите и на комеморативните историски датуми се собираат игроорци од оддалечени места за да го прослават и одбележат поводот, симбол на македонското минато, потсетување на идејата за заедничко живеење, да создадат идеална братска човечка заедница.

1tan1212

Млади играорци во иселеништвото 

Исто така, Георги (Џорџ) Томов напиша дека народните игра и песни не познаваат граници меѓу народите. Народното оро води потекло од народите, од луѓето. Тоа им служи ним и воспоставува уникатна основа за нивно единство. Македонските народни ора имаа сличности со народните ора на соседните држави на Србија, Бугарија, Албанија и Грција.

Орото се игра во круг, во смер спротивен на стрелките на часовникот. Постојат машки, женски и мешани ора. Направена е поделба според одредени црти, целта и контекстот. Секое народно оро го води ороводец, таканаречен танчер, збор кој доаѓа од зборот танец- народно оро. Ороводецот се смета дека е најдобриот игроорец. Слично, за да се постигне одредена правилна форма на прстен, има и друг добар игроорец на крај од прстенот, таканаречен “кец”.

Не е ретко да се биде сведок на инспиративна креативност на ороводоецот кој, придвижуван од емотивен полнеж и од задоволството, оддава признание на својот ентузијазам преку иновација на разнообразни движења и фигури. Ете така Македонецот, понесен од виорот на енда песна поврзана со историски моментум, т.е. спомен од македонското минато на едно оро, му припишува специфична црта или главна особина која манифестира оригиналност помеѓу другите народни ора на Балканот.

Едно народно оро или група народни ора, вклучува екстремно раскошна поврзаност на елементи на чекори наменети да сугерираат карактеристични страни на идејата што стои зад  истото и на целта што е пред него.

Тешко е да се сфати генијалноста на човека која го инспирира во креативноста на орото. Постојат голем број чекори и ора кои ја скриваат необјаснивоста на феноменот на сликање на обичниот, секојдневен живот на Македонците.

Според Томов имињата на ората потекнуваат од лични, географски и религиозни референци, вештини, идентификации што им се припишуваат на револуцијата и сл. Карактеристиките на секое специфично оро зависат од изворот, потеклото и времето на создавање; од разноликоста и богатството на местото, етничките и другите аспекти на регионот.

Гледачот е изненаден од правилната формација на играорци и тој има нагон и тежнее да ги изрази своите исклучителни чувства во суперлативи. Тој ќе каже дека орото е елегантно, пластично, кореографски богато, флексибилно, суптилно, емотивно обоено, итн. Но, навистина никој не може да навлезе во основниот мотив - поттикот, потстрекот, кој е суштина и генератор на таквата импресивност.

Македонското оро е воздржано, претпазливо - имате неодоливо чувство дека стопалата, со секој чекор, бараат безбедно, сигурно место да се одморат. Орото често започнува со движења кои се слични на религиозни емоции.

На пример, во западниот дел на Македонија (Тешкото, Невестинското), на почетокот темпото  речиси е аритмично, за во подоцнежната фаза да се развие во едно високоритмично ниво во потрага по експлозивна веселост и, на точката на најдивото темпо, тоа престанува како симбол на погодена цел.

1tan1213

Ансамблот „Томов“

Игроорците не го напуштаат подиумот поради физичка исцрпеност, туку поради процесот на “оствареност, на постигнатост”. Кога би продолжиле со играњето, орото би ја изгубило својата смисла. Од посебен интерес е фактот дека кореогорафијата во македонските ора произлегува од секојдневниот живот.

Го имаме случајот на калајџиско оро, кое вклучува професионални движења на калјаџискиот занает и кое е кореографирано во тој шаблон. Други ора се оро на жетварот, оро на орачите, итн.

Играорецот и кореографот Томов напиша дека е вредно да се спомене дека тоа се ора кои насликуваат чудесни, величенствени мимики на љубовта и борбите на овчарите и сите видови активности, тежнеења од секојдневното живеење.

Од друга страна, ората од источните делови на Македонија негуваат едно балансирано темпо без екстремни промени. Комплексноста и суптилноста на кореографиајата и ритмот на македонското оро се директно поврзани со музичкиот ритмички бит бидејќи орото, по правило, е поддржано од музиката и од песната.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.