|
|
ИГРАОРНАТА ГРУПА „ТОМОВ“ ГИ РАСТЕРА ДОЖДЛИВИТЕ ДЕНОВИ НА БЛУЗОТ (24) |
Во продолжение го пренесуваме текстот објавен во „Тајмс Херал Рекорс“ (The Times Herald Record) од 7 јули 1994 година, објавен под наслов „Играорната група ги растера дождливите денов“ од Мерилин Шварц (Marilin Schwarts). Во него се вели следното: „Лок Шелдреик (Loch Sheldrake)– Емотивно и скалдно испеаните песни, инструментите кои произведуваат соло вибрирачки гласови и ората на еден мултикултурен народ беа повеќе од доволни да ги растераат дождливите денови на блузот, во четврток, во текот на настапот на Југословенскиот фолклорен ансамбл “Томов” во Колеџот во Саливан (Sullivan County Community College, SCCC). Преполнетата публика имаше прилика да ја доживее културата на Србија, Македонија, Хрватска и Словенија со посредство на орото и музиката на првиот ден на отворање на Саливан фестивалот '84, спонзориран одЅСССиод Sullivan County for the Arts. Сликата на селскиот живот, со играорците и музичарите во главна улога, ја обезбеди позадина/кулисата за воодушевувачките настапи со полет, а живоста се прошири и на оркестарот кој користи како традиционални жичани инструменти, така и помодерни. Рачно изработените носии само беа додаток кон боите на сцената. Музички, претставата оживеа со трите “Песни од Македонија и Хрватска”, кои обелоденија хумористични и романтични мелодии. Во една од песните, групата се усклади на еден необично интуитивен, инстинктивен начин. Другите музички главни атракции вклучуваа една жена која изведе брилијантна џипси соло на виолина, додека гајдата ги обезбеди звуците во заднината за играорната изведба. Концертот започна со “Ора од Србија”. Играорците започнаа во курогови, потоа се ширеа преку бината. Еден повикувач ги иницираше движењата додека играорците живо удираа со нозете од една до друга страна. Жените потскокнуваа и мавтаа со марамчиња. Играорците, во прави линии, се држеа меѓусебно за појасите/ремените и додека играа, се поставуваа во прави линии и накосо преку целата бина, а на крај формираа коцка. Огнени=ватрени повици ги придржуваа играорците кои одеа напред на своите петици. “Невестинското”, ритуал пред свадба, беше засилено со металните парички прикачени на марамите, кои ѕвонеа/звечеа. Чекорите беа умерено одржување на рамнотежа од една на друга нога. Воздржаните движења варираа од рамнотежа до лесно кривулкање до допири на стапалата во вид на круг. Палави е зборот за да се опишат Влашките ора. На почетокот, една шапка на еден играорец беше украдена од страна на една играорка. Орото ја прикажува неговата збунетост додека се обидува да ја пронајде шапката. Синџир играроки секогаш го спречуваат да си ја земе шапката, сé додека двајца играорци не доаѓаат да му помогнаа да се извлече. Играорките во редот прикажаа синхронизирано вешто играње со нозете, потоа играорците со лизгање доаѓаат на сцената, викајќи, “Хеј хај, ура”. Групата излгеда дека се забавуваше со ова оро и навистина беше големо задоволство да се гледаат. Приказот на играорните стилови од целата Европа и Русија беше евидентен во “Буњевачко оро”. Со групи од двајца играорци и една играорка, некои делови од орото беа слични на руската тројка. Ѕвончињата околу глуждовите врз чизмите на играорците обезбедија необична придружба, засилувајќи ги нивните чекори и штракање со петиците. “Сплетот од Повардарје” започна со звуците од гајдата во позадина. Со чекори и потскокнувања, кругот стануваше помал и потесен додека играорците се доближуваа до средината. Играјќи со брзи чекори, играорките меѓусебно се држеа за коланите/појасите и мавтаа со марамчиња. Овој македонски сплет докажа дека брејкденсот не е ништо ново, бидејќи едно трио играорци паѓаа за да одоздола си ги удрат нозете додека се исправаа. Живиот “Сплет од Хрватска” го најави вториот дел од концертот. Играорците скокаа енергично во разни правци. Приказот на центрифугалната сила беше неодоллив кога играорците во кругови ги држеа играорките околу половината под рацете и ги вртеа сî додека тие станаа толку забрзани што нозете ги кренаа од подот.
„Пиринска“ игра Кореографот Георѓи Томов, човекот кој вртеше со колковите, играше едно оро со кама/нож во машкото оро “Дупљаја”. Двајца играорци со дршки од метли мафтаа со своите стапови и ги присилија другите да скокаат под и над стапот додека се вртеа наоколу. Сите се чудеа како еден бокал со вино секогаш стоеше врз главата на едне играорец додека тој играше и држеше рамнотежа. Играорците се доближуваа еден до друг со пеење во хор, вртејќи со колковите и играјќи со брзи чекори. Секогаш кога го гледам “Гламоч” чувствувам стравопочитување поради неговиот мирен, тивок интензитет. За време на турската окупација, културните настани биле забранети и на народот не му било дозволено да свири на народните инструменти. Поради тоа, орото беше изведено речиси во целосен мрак и тишина. Единствениот звук беше ѕвецкањето на металните парички кои беа прикачени на прслуците од играорките додека тие играа во круг и се вртеа, држеа рамнотежа и вешто одеа на прсти. Во “Сплетот од источна Македонија” уште еднаш се појави повикувач кој ги извикуваше различните чекори. Играорците и играорките се држеа меѓусебно за коланите, потоа женските линии се пресекуваа меѓу себе и направија формација во вид на ѕвезда. Орото ја водеше вечерта во радосна завршница“, пишува Мерилин Шварц. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН
|