Среда, 30 Март 2022   
Средба на Централниот совет на Македонците во Германија со пратеникот Адис Ахметовиќ

 

На 24. март 2022 година, претседателот Роберт Кленковски и потпретседателот Горан Николоски преку платформата Zoom се сретнаат со народниот пратеник, господинот Адис Ахметовиќ.

Пратеникот Ахметовиќ ја поздравува иницијативата на Централниот совет и го поддржува овој прв контакт за размена на идеи.

Претседателот Роберт Кленкоски го запозна г-нот Ахметовиќ со Централниот совет и со неговите цели. Кленкоски понатаму нагласи дека балканските држави со нетрпение го очекуваат влегувањето во ЕУ, а особено Република Македонија, чијшто статус на кандидат за членство во ЕУ датира уште од 2005 година, а на патот до таму е попречувана со блокади од страна на Република Грција и Република Бугарија. Дури и кога во 2019 година беше изнајдено решение со грчката влада, до Македонија секогаш одново и одново беа упатувани барања, со што беше доведен во прашање целокупниот Берлински процес, како и довербата во ЕУ.

Кленкоски истакна дека вистинскиот пат е да се тргнат настрана историските и идентитетските прашања и да се почитуваат човековите и малцинските прашања. Не треба да се заборави дека македонското малцинство во земјите-членки на ЕУ, поточно Република Бугарија и Република Грција, сè уште не ужива никакви права во 21. век, без разлика дали станува збор за основање културни здруженија, свои политички партии или настава на македонски мајчин јазик. Европскиот суд за човекови права во Штразбург има донесено 16 правосилни пресуди во полза на македонското малцинство во Република Бугарија, коишто бугарската држава постојано ги игнорира. За разлика од нив, во земјите кои не се членки на ЕУ, како Србија и Албанија, правата на македонското малцинство се загарантирани. Не може да се игнорира правото на Македонците на самоопределување, универзално право кое им припаѓа на сите без исклучок. Одборот се надева дека Сојузна Република Германија и Европската Унија во овој поглед ќе извршат поголем притисок врз своите држави членки, но не и врз македонската влада да прави отстапки во идентитетскиот спор наметнат од Република Бугарија. Кленкоски инсистираше на тоа дека контрапродуктивната политика на Бугарија на среден и на долг рок може да има за резултат промена на расположението во земјата и дека Македонија е принудена да се приклучи кон други сојузи.

Заменик претседателот Горан Николоски посочи на уште еден специфичен проблем: Она што Одборот го забележува како опасност за Западот и за ЕУ е фактот дека не се европеизира Балканот, туку постепено, малку по малку, се балканизира ЕУ. Не смеат земјите-членки на ЕУ да го злоупотребуваат својот статус за да си ги спроведуваат своите политики. Ова нема да има крај, треба да се размисли, мора да се изнајдат механизми и да се имплементираат во овие процеси за да нема понатамошни злоупотреби. Тоа е во расчекор со европските вредности и со нашето поимање на демократијата, ги разочарува луѓето со мигрантско потекло од овие балкански земји, кои се пораснати на Западот, во ЕУ и кои живеат тука, кои тука ги уживаат сите права и можат да се организираат, но на сонародниците во соседните земји на Македонија и понатаму им се ускратуваат овие универзални права.

Г-н Ахметовиќ како голем поддржувач и пријател на Република Македонија ја нагласи својата поддршка и ја гледа земјата во ЕУ. Ахметовиќ го поздравува почетокот на разговорите со ЕУ и, и покрај бројните застои, смета дека е вистинско чудо што Македонија сè уште е еуфорична во однос на ЕУ, поради што политичарите од ЕУ треба да бидат благодарни, истакна Ахметовиќ. Барем од почетокот на војната во Украина се покажа колку големо е влијанието на политичките сили врз непожелниот Западен Балкан. Ахметовиќ беше многу задоволен кога канцеларот Олаф Шолц во својата вчерашна владина изјава повторно ја истакна иднината на Западен Балкан, кое значи прв чекор за отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, во вториот чекор се водењето пристапни преговори со Црна Гора, во третиот чекор треба од една страна да се реши проблемот со Албанија, Косово и Србија, а од друга страна проблемот со Босна и Херцеговина, а потоа овие држави, Србија и Босна, исто така да отпочнат преговори во следната фаза.

Претседателот Кленкоски се осврна на проблемот од недостиг на перспективи за младите луѓе од земјите од Балканот, поради што мнозина си заминуваат од земјата; тоа е добро за Германија од аспект на нова и поволна работна сила, но долгорочно гледано тоа им штети на балканските земји, кои не им нудат никаква перспектива на своите млади луѓе. Кленкоски додаде дека во последните десет години и откако Бугарија влезе во ЕУ, голем број млади Македонци стекнале бугарско државјанство главно од економски причини со цел да си ја побараат среќата во ЕУ. Овие млади луѓе не се во Република Македонија, ама бугарската страна ги искористува за својата пропаганда и ги прогласува за таканаречено „големо бугарско малцинство“ во македонската држава, со цел да бидат вклучени во македонскиот устав. На еден перфиден начин бугарската влада на Петков ова барање го изнесува пред македонската влада како еден од условите за почеток на пристапните преговори.

Г-н Ахмедовиќ истакна дека влезот во ЕУ не претставува решение за сите внатрешнополитички проблеми. Затоа влезот во ЕУ е многу важен, всушност да се искористи самиот пристапен процес за да може внатре во самата земја, на пример во случајот со Македонија, да се спроведат натамошни реформи, да продолжи борбата против корупцијата, за натамошни инвестиции во стопанството, во иднината, во подобра клима, за трансформација на индустријата и инвестиции во перспективата за младите луѓе, за социјалната правда, за еднакви можности за сите, квалификација а не партиска книшка, и стоп за непотизмот – сето ова се теми на коишто мора да се работи, за луѓето да имаат причина да останат во земјата. Балканот, кој всушност, е мултикултурен, мора да се обиде да оцрта една таква слика на општеството кадешто најважни ќе бидат компетентноста, квалификацијата и трудољубивоста. Овие три клучни фундаменти не доаѓаат преку ноќ и тоа не може да се постигне ниту со закон, всушност тоа е менталитетот којшто мора да се менува. На тоа мора да поработиме интензивно, особено ние од дијаспората. Германија сите нам ни пружи перспективи и можности кои не би ги имале таму. Исто така е важно да не ја заборавиме внатрешната политика и постојано да ги опоменуваме тамошните политичари.

На крајот од разговорот, г-нот Ахметовиќ уште еднаш ги изнесе најкрупните цели на пратеничката група СПД, најголемата пратеничка група во Бундестагот за наредните четири години, во однос на Западниот Балкан и посебно Република Македонија:

  1. Европските перспективи на Македонија
  2. Интензивирање на билатералните односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија
  3. Неопходноста од европски план за иднината на балканскиот регион со оглед на фактот дека и понатаму продолжува иселувањето на висококвалификувана работна сила во странство, што значи дека земјата губи работна сила, односно да се дејствува против миграцијата, кризите и тензиите во регионот.

Г-н Ахметовиќ ја нуди својата поддршка и соработка со централниот совет како глас на Македонците во Германија, со кои ги дели истите цели: влегување во ЕУ, јакнење на регионот, неговата иднина и дијаспората во Германија. Ова ќе биде земено како ориентир за идната соработка.

Г-нот Ахметовиќ е претседател на партијата СПД во Хановер, пратеник во Бундестагот и член на Комисијата за надворешни работи. Од страна на пратеничката група СПД е назначен за известувач на работната група за надворешна политика за Западен Балкан. Регионот ги опфаќа земјите Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Како известувач за овој балкански регион, Ахметовиќ во иднина ќе подготвува консултации во врска со одделни проекти и мерки и ќе изнесува предлози пред својата пратеничка група за да може Комисијата за надворешни работи да донесе заклучоци. Во ова својство тој исто така е одговорен за поднесување извештаи до Парламентот.

Одборот му благодари на г-нот Ахметовиќ за оваа исклучително важна средба и му посакува нему и на неговиот тим многу натамошни успеси.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.