Среда, 06 Април 2022   
БАЛКАНСКИОТ ФОЛКЛОР НА ГЕОРГИ ТОМОВ (26)

1dev

Во ова продолжение за Георги Томов и неговиот ансамбл „Томов“ ќе го поместиме интервјуто што го направи Џеин Аронович (Jane Aranovitch), која го напиша следното:

„Георѓи Томов држи предавања за народните ора од поранешните републики на Југославија и го основа и е раководител на Ансамблот “Томов”. Неодамна предаваше во Торонто и во Монтреал.

          Прашање: Мора да сте уморен по патувањето во Торонто за работилницата и изложбата (на 17 април, 1993).

          Одговор: Да, многу сум уморен. Особено поради тоа што март е напорен месец за мене.

          П: Зошто?

          О: Работам со деца од трето, четврто и петто одделение во јавниот школски систем во Квинс. Тоа е експериментална програма дадена преку школскиот одбор во соработка со Уметничките партнери, младинска организација. Ова го правам веќе девет години.

          П: Која е целта на оваа програма?

          О: За децата од различна потекло да се запознаат со народните ора, песните и фолклорот, имам три одделенија и предавам грчки, полски и македонски фолклор. Држам часови од октомври до март, но минатата година бев во Австралија и ги одложив есенските часови, така што сега ќе држам часови до јуни.

          П: Колку е стар Ансамблот “Томов”?

          О: Деветнаесет години. Го основав во 1974. Наредната година е нашата 20-годишнина.

          П: Дали некогаш сте помослиле дека ќе постои толку долго?

          О: Никогаш не сонував дека ќе биде така, но постои голема енергија во групата. Прекрасно е.

          П: Каква работа баравте?

          О: Студирав вајарство. За да се добие добра работа, требаше да се биде член на Комунистичката партија. Тоа беше особено тешко за мене како Македонец во Загреб. (забелешка на уредникот: Загреб е главен град на Хрватска)

         1dev2

П: Како решивте да заминете?

          О: Во Загреб, се запознав со една Словенка. Нејзиниот татко неодамна се беше преселил во САД. Планирав да одам во Монтреал со Ансамлот “Ладо” за Еџпо 67; и таа реши да дојде. По два месеци, сепак, таа се врати дома. Но од тогаш, живеам со нејзиниот татко. Тој има 80 години сега и јас се грижам за него. Неговата сопруга умрела пред тој да дојде тука во 1967. Настапував со “Ладо” во Монтреал, потоа во САД и на крај во Њујорк јас едноставно решив да останам.

          П: Што правевте кога стигнавте во Њујорк?

          О: Започнав да работам како вајар во Сцулпуре Хоусе, вршев поправки, правев калапи, секакви работи поврзани со вајарството. Бев студирал две години во Скопје на Вишата педагошка академија за уметност. Исто така, бев и во Париз во 1964? Да студирам неколку месеци.

          П: Од каде играорството? 

          О: По Париз, се вратив и почнав да играм во “Танец”. Тоа траеше сî до 1962. Се вратив во Скопје по земјотресот во 1963. Ја изгубивме нашата куќа, но сите во семејството беа здрави и живи. Отидов во Загреб бидејќи почнав да играм во “Ладо”, а завршив во Њујорк по Еџпо 67.

           П: Планиравте ли да останете во Њујорк?

           О: Отидов во американскиот Конзулат и прашав дали може да добијам виза за престој од една година. Реков дека сакам да студирам вајарство. Ме прашаа дали сум побарал отсуство од директорот на “Ладо”. Реков дека не, дека сакам прво да знам дали дали е можно да останам. Ми рекоа дека вообичаено е прво отсуство, па после виза, но сепак се сложија. Ми рекоа ништо да не зборувам, да не правам скандал како Нуреев, како Баришников! Го информирав “Ладо”, во последните минути пред да го напуштат Њујорк. Ми рекоа да не им кажувам на другите играорци.

           П: И, назад во Sculpture House во Њујорк...

           О: Таму навистина немав можност да работам ништо креативно. Тоа беше само бизнис. Останав околу три години, до 1970.

           П: Што направивте тогаш?

           О: Во 1970, добив мала работа во Блоомингдале’с. Целата идеја беше да научам повеќе англиски и да контактирам со луѓе. Ги сакам луѓето. Бев продавач во машкото одделение. Останав таму до 1975. Потоа, отворив танцово студио и работев во него до 1982.

          П: Каков вид на танцово студио?

          О: Имав големо танцово студио во Менхетен. Давав секаков вид на часови по фолклор, со различни учители - како Мајкл Херман, Стив Залф, Карл Фингер и многу други. Имавме часови во понеделник, вторник и среда попладне. Потоа, студиото стана главно седиште на играорното друштво, почнувајќи од 1974.

          П: Што ве натера да основата играорно друштво?

          О: Бев вклучен во давање часови на 14-та улица и 6-та авенија. Фридаѕ мигхт гроуп? Тоа беше позната група во тоа време. Имаше голем ентузијазам и луѓето постојано ме прашуваа кога ќе почнам со играорно друштво. На крај, решив да пробам. Организирав аудиции, почнав да купувам носии и посветував време на водење забелешки за кореографии.

          П: Кога беше првиот настап на играорната група?

          О: Првиот настап кој јас го кореографирав беше на Денот на благодарноста, 1974. Го изведовме “Повардарието”.

          П: Тоа е истото како денешниот ваш “Повардарски сплет”?

          О: Не, имаше бројни промени. Во тогашното беа вклучени “Тино Море”, “Буфчанско”, а завршуваше со “Црногорка”.

          П: Дали кореографиравте за други групи?

          О: Да. Го кореографирав балетот во Линколн Центарот за Виенската оперска куќа во 1986 и исто така кореографирав за Зимските олимписки игри во Лејк Пласид во 1980. Мојот Ансамбал настапуваше во Линколн Центарот скоро секоја година. А во 1988, имавме прва целовечерна настап во Карнеги хол. Другите настапи таму беа со групи-гости.

          Јас сум, исто така, член-основач на американската Организација за славистичко наследство (Славиц Херитаге Организатион). Тоа е непрофитна организација која се бави со зачувување и презентирање на културата на славјанските народи. Тие имаат настап секоја година. Секој од 13 членки изведува ора и песни од својата земја.

          П: Дали работите со некоја друга група?

          О: Јас сум уметнички директор на културното друштво “Гоце Делчев”. Тоа е група од 60-тина деца од Македонското здружение од Њу Џерси. Настапуваме за црквата или понекогаш на фестивали во Њу Џерси.

         1dev3

П: Значи, вие не работите, немате работа?

          О: Работам на определено време во Citybank - 20 часа неделно. Тоа ми дава право на здравствено осигурување. Јас сум Шеф на Протоколот во Салата за вечера, но работам сe’ што е потребно. Тоа е стална работа од 10:30 до 14:30 секој ден.

          Тоа ми одговара бидејќи работам со децата од 09:00 до 10:0, а потоа сум зафатен со групата од Њу Џерси или со мојот Ансамбл. Работам од 08:00 до полноќ, често сам шијам носии до разденување. Исто така, предавам на работилници, како оваа овде и во Австралија минатата година.

           П: Дали затоа отидовте во Австралија?

           О: Брат ми и сестра ми живеат таму веќе долго време. Тоа беше прв пат што го видов брат ми за овие 30 години. Останав два месеца во Австралија на гости и предавајќи на работилници. Бев гостин на австралиското Здружение на танцови учители и предавав во Сиднеј, Канбера, Мелбурн, Аделаид и во Перт.

          П: Слушнав дека има многу Македонци во Австралија?

          О: Има силна Македонска заедница таму, околу 400.000. А, најмладите зборуваат македонски со австралиски акцент!

          П: Покрај сите играорни активности кои ве окупираат, разбрав дека сте многу активен во областа на човековите права. Дали е тоа точно?

          О: Без избран за Претседател на Македонското здружение за човекови права во Америка. Работиме напорно за да ја елиминираме дискриминацијата против Македонците кои се на работа овде во САД и таму, на другата страна. Сакаме почитување на човековите права на Македоницте за да можат да учат на својот јазик, да ја практикуват својата религија и да бидат слободни да патуваат и живеат каде што сакаат. Тие сакаат да живеат во мир.

          П: Дали е тоа политичко тело?

          О: Не, нема поврзаност со македонската влада. Тоа здружение е активно во САД. Честопати, не се согласувам со македонските политичари. Не ги мешам човековите права со политиката. Тоа е хуманитарна, а не политичка организација. Аутсајдери како Бугари и Грци може да гледаат на неа како на политичка организација. Но, не е.

          Таа се формираше поради тоа што имаше недостиг на лекови во Македонија. Испративме 35.000 долари донација за лекови, а американската влада донираше 5 долари за секој 1 долар што ние го дадовме. Таа започна како организација да дава помош. Но, сега, таа е предмет на самозадоволство за оние од нас кои живееме во САД: имаме наши човекови права. Сакаме нашите браќа и сестри, таму преку, да ги имаат истите права.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.