Среда, 29 Јуни 2022   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО СКЕНДОВИ ВО СЕЛОТО НЕВОЛЈАНИ, ЛЕРИНСКО (5)

1le321

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

Во Егејска Македонија, покрај другите поголеми села, секако е и Неволјани. Тоа е дел од вистината за Македонија, за печалбарството, за минатото, за сегашноста и за иднината. Селото Неволјани се наоѓа на 3 километри јужно од градот Лерин и е распослано во подножјето на планините Кула и Лопушнец, непосредно под Калугерица и селската корија. Низ селото тече Неволјанска Река. Водите на оваа рекичка, која селаните ја викаат и Матица, во минатото вртела околу 15 воденици и ги поливала селските градини што ги имала секоја куќа, а исто и поголем дел од Неволјанското поле. Од Лопуш- нец доаѓа и рекичката Четирска. Неволјани има своја планина и поле и се наоѓа меѓу градот Лерин и селата Лажени, Песочница, Кучковени, Маала и Крапештина.

Според податоците на монографијата „Селото Неволјани - Леринско“ (1986) од покојниот Ристо  Кираџиев, кој живееше во Торонто, во минатото планинскиот масив Лопушнец му припаѓал на некој турски бег, кој потоа го продал на селата Неволјани и на Нерет, притоа поголемиот дел го купило селото Нерет, помалиот дел селото Неволјани, а нешто помалку задржал бегот Карасалија, кој потоа својот дел ѝ го продал на селската општина.

Исто така, според податоците од истата монографија, веројатно, селото Неволјани, како селска населба, постои многу векови, и е населено со македонско население уште од времето пред Самуиловото Царство. Подоцна, во времето на турското владеење, во селото се населиле и Турци така што според некои податоци во 1913 година, селото броело 1.833 жители, а во 1920 година имало 1.520 жители. Во 1928 година во Неволјани живееле 1.478 жители, додека според пописот од 1940 година е заведено дека во селото живеат 1731 жител. Податоците, пак, од 1971 година покажуваат дека во селото имало 732 житела, од кои 2/3 се Македонци, а останатите се грчки доселеници дојдени по 1924 година. Овие бројки јасно сведочат за масовното иселување на населението во прекуокеанските земји. Во немирните години на Граѓанската војна во Грција многу фамилии и поединци пребегнале во разни земји, бегајќи од теророт на реакционерните сили.

Како што се раскажувало од прадедо и дедо, селото Неволјани порано било лоцирано во полето кај месноста наречена Шулдур и така се викало некое време и самото село, што на турски значело „помини-застани“. Низ селото минувал патот од Лерин за Костур. Токму низ оваа населба минувале и караваните со камили, мазги и коњи – кои во тоа време биле единствениот начин за пренесување на трговската стока во споменатите градови.

Селаните тогаш имале доста мака од кираџиите што минувале низ селото, особено ноќе. На минување низ селототие им го краделе добитокот и го продавале во Костур, и им ги кршеле стаклата од прозорците. Затоа, околу 1518 година, селаните решиле да го преместат селото подалеку од патот, малку повисоко, токму на местото каде што се наоѓа и денес. Но, за ова требало да се прашаат турските власти. Коџобашија на селото тогаш бил некој по име Никола Топал и тој се решил да појде кај турскиот валија да побара дозвола за преместување на селото. Кога Никола Топал му го поставил прашањето на валијата, тој го прашал:

Зошто, бре ѓаур, сакаш да го преместуваш селото? Од неволја, ефенди, од неволја - му рекол коџобашијата Топал, објаснувајќи му ги причините и барањето на сите селани, нивните домови да бидат подалеку од главниот пат. Така била добиена дозволата за преместување на селото и бидејќи тоа било сторено по- ради неволјите, затоа и селото го добило името Неволјани.

Тоа е накратко легендата за селото Неволјани. Но, и со иселувањето на Турците составот на населението бил: 80% македонски Словени, христијани, а 20% биле Турци, муслимани. Иако Турците биле далеку помалубројни, тие ја поседувале најплодната земја. Имено, полето му припаѓало на селскиот бег Карасалија, како и власта над македонските селани. Тие требало, прво, да ги завршат сите полски работи на беговите ниви, па потоа на своите ниви и бавчи.

Летото, пак, кога се берела пченката, сите селани по наредба на бегот требало да се договорат да си ја соберат пченката само за еден ден, затоа што следниот ден во тие ниви влегувале стадата на бегот да пасат и им правеле штета ако пченката не била собрана. Овој тежок ропски живот се пренесувал од поколение на поколение со кажување за маките и страдањата на поробените Македонци.

1le3212

Игри од Егејска Македонија

На пример, на денот на бербата на богатиот род на пченката, излегувал бегот Карасалија на патот што води кон полето и седнувал на земјата со скрстени нозе. Го забодувал ножот в земја крај себе, да го гледаат селаните што минувале и Карасалија под закана им наредувал на сите да одат право во неговиот чифлиг да му ја соберат пченката од нивите па потоа да се погрижат за своите ниви.

Според податоците на Ристо Кираџиев во село Неволјани во старо време имало 5 цркви и тоа: „Свети Илија“, „Свети Димитрија“, „Јаноа црква“, „Света Петка“ и „Света Богородица“.

„Јаноа црква“ за време на турското владеење била разурната, а бидејќи се наоѓала надвор од селото, Турците не им дозволиле на селаните повторно да ја изградат. Урнатините опстојувале сè до крајот на Втората светска војна. Тогаш Трајан Мишката од Неволјани со свои средства на тоа место подигнал едно мало манастирче, таму поставил икона и кандило, а на Иљо Јованов му оставил завет и нешто пари, по неговата смрт да се грижи за тоа црквиче и да го пали кандилото.

Црквата „Свети Димитрија“, што се наоѓа во селото пред Кираџичините порти, била добро сочувана за време на османлиското владеење. Таа е оградена со 3 метри висок ѕид, а во авлијата на црквата има многубројни и разни плодни и декоративни дрвја што претставуваат вистински украс како за црквата, така и за селото. За оваа црква се грижеле Мице и Мицејца Алексови.

За време на Првата светска војна црквата настрадала, авлијата била разурната, но додека семејството Алексови биле живи тие се грижеле за неа и некако го одржувале и се грижеле и за иконостасот на црквата. Потоа за црквата се грижеле жените од маалото, сè додека селската општина и црковната управа не се погрижиле како што требало за оваа црква што пропаѓала.

И црквата „Свети Илија“, што се наоѓа на горниот крај од селото, пропаѓала со текот на времето и на тоа место постоело мало манастирче за кое се грижел Коле Трајчев. Овде секоја година на ден Илинден се одржува голема прослава и народна веселба. Се собира цело село, и старо и младо, на панаѓур. Оваа убава традиција продолжува и до ден-денес, иако селото по Граѓанската војна во Грција (1946-1949) е преполовено и речиси три четвртини од жите лите на селото се иселиле.

По пропаѓањето на гореспоменатите цркви, селото се присобра  околу црквата „Света Петка“, изградена уште во 1832 година, според написот на камената плоча пред самиот олтар на црквата.

Но, бидејќи селото постојано се развивало и растело, оваа црква веќе била мала за селото. Затоа селаните се здружиле и со свои прило зи и лична доброволна работа во 1900 година започнале со изградба на новата црква „Света Богородица“, голема и убава каква што немало во цела Леринска околија, па ниту во градот Лерин. Црквата била градена од делкан камен од вредните раце на неволјанчани во текот на десет години и била завршена и осветена во 1910 година. Над главната врата на црквата на голема камена плоча бил напишан датумот на изградбата и со кирилско писмо биле напишани имињата на главните иницијатори за изградбата. Но, во 1925 година, грчките власти испратиле специјално човек кој со длето го избришал словеномакедонскиот натпис на таа плоча.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победнички листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победнички листи за парламентарните и...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.