Среда, 06 Јули 2022   
ВИСТИНАТА ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД (6)

1mnm1 3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО

 

Во монографијата „Сеќавање“ на Дана Скендова - Скотланд е забележано дека нејзините родители иако имале мошне скромно потекло, беа вистински големи луѓе. Беа мирни, љубезни, подготвени секому да помогнат, чесни и добронамерни. Добри и лојални Македонците, среќни граѓани во новата татковина, Канада. Беа такви луѓе кои би сакале многумина да ги имаат за свои пријатели и соседи. Затоа, Дана била горда што имала такви родители.

Иако како деца не им било овозможено да одат на училиште, сепак, оделе на училиште само две зими, биле паметни и убаво воспитани. Дури и како млади, летата ги поминувале работејќи на ниви. Всушност, може да се каже дека завршиле само прво одделение. Но, неве ројатно е што можеле да читаат и пишуваат на два јазика - грчки што го учеле во училиште и македонски кои самите го учеле. Биле во можност да зборуваат четири јазици течно - македонски, грчки, бугарски и српски јазик. Мајка и’ го читала Светото писмо на македонски јазик, од почеток до крај. Научиле многу бидејќи се интересираа за литература и читаа многу книги на македонски јазик, од кои некои ги земаа од библиотеката „Алберт Кембел“ во Скарборо, која имала оддел за македонска литература.

Дошле во Канада повозрасни со еден дрвен  куфер и планина од долгови. Работеле многу часови за да заштедат доволно пари да ги платат позајмените пари и долговите за патните трошоци. Поради сите тие стресови татко и’ се разболел од дијабетес и морал да зема инсулински инјекции кои тој самиот си ги ставал секое утро до крајот на животот. Иако можеле да зборуваат англиски соодветно, сепак, не мо желе да совладаат читање и пишување.

Тие беа многу мудри луѓе и знаеја што е она што е повредно од вредноста на парите, највредниoт капитал во животот - а тоа беше нивното семејство. Го практикуваа она што го проповедаа секој ден и живееја секој ден во потполност, почитувајќи го она што биле во можност да го постигнат без ничија помош. Не беа богати, ама нивните чесни души беа богати со љубов. Нè учеа да почитуваме и дека кога имаме почит кон нас самите, тогаш ќе можеме да ги цениме и почитуваме другите.

Бидејќи бев единствено дете, секогаш го имав најдоброто што моите родители можеа да си дозволат да ми купат за облека, обувки и книги. Дури кога потпораснав, на околу 14 години, почнав да забележувам дека облеката на татко ми, како што се панталоните и јакните, е крајно несоодветна, боите не се совпаѓаа и не му беа точни. Татковците на моите другарчиња се облекуваа сосема поинаку. Кога го прашав за ова, тој само ми рече дека нему не му треба скапа облека за работа во фабриката. Еден ден, видов едно парче облека што го купил и кога погледнав во сметката, сфатив дека е купено од продавницата на Армијата на спасот. Тогаш сфатив дека секогаш го купувал најдоброто за мене, но многу помалку трошел за себе си.

Татко ми веруваше во науката и знаењето и го одобруваше и охрабруваше одењето на училиште и учењето, не само со читање книги, туку, исто така, со слушање примери и учејќи од нашите постари. Секогаш беа горди на секое мое постигнување, на секој план во животот, без разлика дали е големо или мало.

Мојот брак следеше по раѓањето на нивни- те внуки - Сузан и Дена кои им го препородија животот. Навистина беа горди бабa и дедо. Немаше нешто што не ќе направеа за нив, затоа моите родители секогаш беа почитувани и вклучени во нашиот живот.

Во 1977 година, за првпат од 1944 година, тие ја посетија Македонија. Сузан, која тогаш имаше 10 години, беше среќна што ја земаа со нив. Патувале во многу градови, како Скопје, Битола, Ресен, Охрид. Сите роднини на татко ми и неколкумина од страна на мајка ми дошле во Битола од Неволјани, каде што се собрале сите и прославиле со семејна вечера. Меѓу роднините кои дошле во Битола биле и баба Таса, мајка на татко ми, нејзината сестра Мара и многу други членови на семејството. Тие го посетиле братот Ѓорѓи, неговата сопруга Рајна и семејствата на Стефан и Маја во Бугарија, каде што ја посетиле нивната фарма надвор од Софија, поминувајќи го времето така што се присеќавале на спомените од детството.

1mnm1 1

Во 1982 година, „Македонка“, нашето познато културно-уметничко друштво од црквата „Свети Климент“ беше покането да ја посети и да настапи во Македонија. Сузан имаше среќа да биде избрана како една од играорките бидејќи имаше само 15 години. Баба Линка и дедо Коце одлучиле дека ќе биде од корист ако и тие патуваат заедно за да бидат таму во случај да потребаат. Бидејќи Дена не била воопшто во Македонија, овој пат решивме да ја испратиме и неа. При престојот во Македонија Сузан патувала на турнеите со „Македонка“, додека, пак, Дена останала со баба ѝ и дедо ѝ, но сестрите често се среќавале. 

Имало многу играорни групи од странство и додека настапувале во Ресен се одржувал избор на убавица. Кристин Гивенс од „Македонка“ го освоила првото место, а Сузан била втора. Таа беше апсолутно воодушевена и доби многу награди, вклучувајќи везени чарша- фи за маса, постелнина и многу други прекрасни подароци.

Во оваа прилика семејството повторно дошло од Неволјани да се видат во Битола и овој пат Дена за прв пат ги запознала. На крајот од турнејата на „Македонка“, Сузан се приклучила кон дедо и‘, и баба и‘ и заедно прошетале низ многу македонски градови и повторно отишле во Бугарија во посета на братот Џорџ и семејството во Софија, како и на Златните Песоци на Црното Море.

Во 1985 година, моите родители заминале на нивното најзначајно патување, кое било нивна вистинска животна авантура. Патувале со група Македонци во седумнеделна посета на Русија, каде посетиле седум градови, по еден град неделно, вклучувајќи ги Москва, Киев, Санкт Петербург, Ташкент. Го посетиле московскиот циркус, гледале балетска претстава, посетиле повеќе конзерваториуми, се сретнале со Македонци од Ташкент и оделе со претпладневни и попладневни автобуски тури на прошетка во повеќе градови. Имале кралски прием и кога се вратиле биле во можност да разоткријат голем дел од пропагандата против Русија.

Во 1987 година, ја прославивме Златната годишнина (50-тиот јубилеј) од венчавката на моите родители, со свечена вечера за околу 150 гости во познатиот ресторан во Торонто „Tony’s Ballroom“. Имавме среќа меѓу нас да биде Танас Струмос, најстариот кум на семејството Скендови, кој имаше повеќе од 80 години. Тој бил во Канада кога моите родители стапиле во брак и така нивниот син, Мајк, кој тогаш имал 7 години, бил кум на негово место и ги венчал моите родители. Кумот Мајк и кумата Магда Струмос, ито така, беа присутни на овој посебно значаен ден за моите родители.

По величествената вечера, започна и прославата и, се разбира, таа секогаш започнува со вовед и говори, по што нашата позната група „Бисер“ нè забавуваше со прекрасна музика и песни и тоа беше радосна вечер исполнета со песни и ора.

Водители на свеченоста беа Грег Скотланд, внук на Блер и Дена, нашата ќерка. Потоа следуваа говорите подготвени за оваа специјална пригода на мојот сопруг Блер и нашата ќерка Сузан.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.