Среда, 20 Јули 2022   
ОЛИВЕРА И ЉУПЧО ЈОВАНОВСКИ –БУБЕОД АВСТРАЛИЈА СЕ ДОБРОДОЈДЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

11bub1 

11bub12

Брачниот  пар Оливера и Љупчо Јовановски – Бубесе Македонците кои долги години живееја во Мелбурн, Австралија, а сега се преселија во Скопје, во Македонија. Тие  долг период претставуваа мост на зближување на родниот крај - Македонија, и на втората татковина Австралија.  Животната сторија на Оливера и Љупчо Јовановски – Бубее интересна, ,,долга и широка”. Истовремено таа е и дел од историската судбина на Битола, Скопје, на Македонија и на македонската иселеничка сага во Австралија

Не може да се оддели животна сага на Јонче Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе ниту од македонската ниту од австралиската приказна. Тие двајца се дел од неа. Тие се дел од својата животна приказна, давајќи дел од себе и кога е во прашање родната грутка Македонија, но и кога е во прашање и втората татковинска посветеност во Австралија.

Кога се пишува за македонските иселеници во светот, неодминливи личности се Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе. Тие се патоказ како и на кој начин треба да се сакаат двете татковини, Македонија и Австралија, со цел да се покаже патот на иднините генерации кои доаѓаат.

Кои се Оливера и Љупчо Јовановски – Бубе? Оливера е позната и призната поетеса која пишува и проза и композиторски текстови кои ги преточува во музика. Љупчо, пак, е академски образован музичар кој ја започна својата кариера во Македонија, а потоа кариерата ја продолжил во македонската заедница во демократска Австралија.

Оливера е родена во Битола на 21 јули 1970 година. Од 1986 година живееше во Мелбурн, Австралија. Уште од најмладите години пројавува љубов кон пишаниот збор и на единаесетгодишна возраст ја објавува првата лична творба во „Битолски весник“, а потоа нејзини творби се објавуваат во разни детски списанија. Истовремено јавно настапува со свои творби на разни приредби.  Пред завршување на средното образование се иселува во Австралија каде работи во администрација и се здобива со диплома за бизнис-менаџмент. Во една од музичките турнеи на Љупчо во Австралија се запознаваат, а големата љубов кон Оливера го натера Љупчо да го напушти родното Скопје, да ги остави боемските денови и ноќи па стапија во брак, потоа Љупчо се пресели да живее во Австралија.Таму, Господ ги израдува со машка рожба им се роди синот Христијан – Ангел. 

И во таа далечна земја животот за Љупчо минуваше со пена затоа што и таму продолжи да работи како музичар. Кога и да му се постави прашањето на Љупчо што работел во Австралија тој со гордост кажува, јас сум академски образован музичар и само тоа знам да работам, музика, песна седум дена неделно, работно сум менувал и по два локали на вечер.....

Додека Љупчо свиреше и пееше по македонските свадби, крштевки прослави и ги забавуваше Македонците по ноќните локали и кафеани Оливера мудро се снаоѓаше со органзација на рестораните за брза храна Subway. Во еден период тие имаа три ресторани од овој американски бренд кој е многу популарен во Австралија.

Инаку, Оливера Јовановска има силна моќ во стиховите во кои доминира љубовта и  поврзаноста со нејзиниот роден град Битола (Маџар Маало, Довлеџик, Широк Сокак, Саат Кула, Пелистер...). Нејзините стихови го повикуваат иселеникот да им се врати во родното место и да се потсети на топлината на незаборавното детство кое таму го поминал. Така,  во песните носталгијата е артикулирана низ директен лирски говор, искрено и отворено.

Првото дело на Оливера Јовановска е стихозбирката „Неостварена љубов“.Врората стихозбирка го носи името „Магични љубовни зборови“.Третата стихозбирка на Оливера го носи името  „Омрзнати чувства“, ќетвртото нејзино дело е романот под наслов „Лавиринт на вистината“.

Љупчо Јовановски – Бубе е роден во Скопје на 23 октомври 1966 година. Желбата и дарбата за свирење и пеење се јавува и доаѓа до израз кај него уште во раните детски години, па на пет годишна возраст почнува да свири на хармоника. Завршува нижо и средно музичко на дувачки инструмент – труба. Желбата и дарбата за свирење и пеење ја усовршува и круниса со завршување на Музичка Академија. Уште во рана младост почнува да тезгари по скопските кафичи, кафулиња, диска, низ Македонија па и пошироко во поранешна Југославија, во Србија на хрватското приморје свирел неколку лета со познатиот Срѓан Маријановиќ и со многу други познати интерпретатори во тоа време.

Поради желбата да пее и поседување божествен глас, почнува да свири на синтисајзер и хармоника. Една од првите бенд-групи во кој бил член е „Калабалак“, потоа се редат низа врвни македонски групи со кои Љупчо тесно и долгогодишно соработувал од кои да го издвоиме легендарниот и незаборавен Скендер Амет. Исто така Љупчо долги години свирел исклучиво забавна музика во бенд „ ХКсанаду“.

Германија, Австрија, Италија, Шветска, Америка се чести дестинации каде Бубе гостува и низ песна ја ублажува носталгијата на луѓето кој работат и живеат надвор од Македонија. Така во далечната 2005 година како член на „Банд Хармнија“ беше поканет на 6 месечна турнеа во Мелбурн Австралија. Таму ј запознава неговата сродна душа и стапува во брак со поетесата Оливера. Љупчо со својот талент лесно се прилагодува и е прекрасно прифатен од колегите во Австралија, а највеќе од публиката. Така што во Австралија ја продолжува неговата музичка кариера, и се дружи не само со македонските музичари што доаѓаа на турнеи, туку и пошироко со колегите од Србија, Босна, Хрватска ги има доста, но ќе наброиме неколку, Легендарниот Мухарем Сербезовски, Јелена Брочич, Халид Бешлич и многу други. 

Иако долги години живее во Австралија често доаѓа во родното Скопје некогаш два пати годишно, така што одржува добар контакт со своите колеги. Учествувал и на многу музички фестивали како музичар, па и како интерпретатор во дует и соло. Да наброиме некои од нив. „Гоце Фест“, „Цветници“, „Филиграни“, а во 2012 на „Роса фест“ се појавува соло со песната „Војна и Љубов“.

Во 2011 година го издаде неговото прво ЦД со 10 песни под наслов „Прегрниме за Збогум“. Неколку години подоцна ја испеа и песната „Битола во Срцето“.

Според изјавите на Оливера, носталгијата ги влечеше кон родниот крај. Тие често ја посетуваа својата родна земја Македонија, или така наречено Битола и Скопје. Посетите на Љупчо во Македонија повеќе личеа на бизнис патувања, не одмор, затоа што во секое доаѓање имаше работни обврски снимаше песни, телевизиски настапи, се појавуваше на фестивали воедно и неговиот приватен бизнис што е поврзан со неговото хоби колекција на стари автомобили, и автомеханика без престан, функционираа додека тој беше во Австралија. Како што деновите минуваа така годините натежнуваа, па носталгијата кон родниот крај растеше се повеќе.

Пред седум месеци им се оствари и таа желба допатуваа во Македонија каде што мислат дека ќе успеат да останат за подолг период. Еве што ќе одговорат на прашањето како се снаоѓаат во родната земја, што очекуваат, и како се прифатени, оваа за нив родена земја, но нова средина. Така, тие велат: 

1bu5

Христијан е запишан во основно училиште и ја заврши годината со одличен успех, тој не само  што е редовно запишан на настава во Македонија присуствува и на онлајн настава од Австралија. Веќе 6 години наназад го изучува и кинескиот јазик. Од  4 годишна возраст се занимава со неколку спортови кои активно ги тренира, а најголема пасија му е тенисот. Моментално тренира 4 дена неделно со желба еден ден да ја претставува Македонија на големите тенисерски терени во светот.  

Скромен е одговорот на Оливера. “Ние сме задоволни со малку, не бараме погача преку леб, во Австралија живеевме модерен брз живот, имавме голема раскошна куќа, ресторант, шлеп служба, 12 автомобили често патувавме имаме посетено поголем дел од територијата на Австралија. Сме биле во Индија, Фиџи, Пукет, Тајланд, во многу европски земји, но сепак како годините на возраста се нижат така носталгијата се зголемува за враќање во родната земја.  Се надеваме дека ќе останеме во Македонија за долг период. Австралија ни е втора мајка јас живеев 35 години во Австралија таму ги поминав младите години па секогаш Австралија ќе има посебно место во моето срце“, вели Оливера.  

Одговор на прашањето што очекуваат од Македонија  Љупчо Јовановски – Бубе рече.

 „Било во која држава да живееш треба да работиш, секаде се’ е исто, да имаш убав живот треба да работиш никаде никој не ти дава ништо во ова денешно време секаде е тешко за добро да се заработи. Разликата е тоа што само државите се именуваат со различно име, се’ зависи од вас колку ќе вложите и дадете од себе да имате успешен живот. За тоа се доказ и сите активности што ги направивме за овие 6 месеци од јануари од кога дојдовме во Македонија. Имавме поединечно интервју Оливера и јас со Милева од ТВ Сонце, настапував на овогодишниот „ Гоце фест“ со текст што Оливера го напиша, се направија две промоции на 4 книги на Оливера, една во Скопје една во Охрид и двете беа пренесувани преку ТВ програмите во Македонија и во дијаспората. Бев поканет во музичките емисии „Мерак меана“ и „Имаат Немаат“. Заедно со Оливера учествуваме во брза кујна, фамилијарно бевме почесни гости на „Зевзекманија“.

Ова што го наброив значи дека неуморно работиме без разлика каде и да сме на земјината топка, исто така ги пренесуваме овие работни навики и на синот Христијан, да биде упорен и да не се откажува од тоа што го замислил, упорноста е дел под успехот. Да се надеваме дека во Македонија ќе останеме подолг период, бидејќи ние сме добродојдени во Македонија“, рече Љупчо Јовановски – Бубе. 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.