|
|
ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СКЕНДОВИ СО ПРЕСЕЛБАТА ВО ВОЈВОДИНА (8) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО Во 1948 година, моите родители добиле наредба дека сите Македонци од егејскиот дел на Македонија кои преминале во Федеративна Народна Република Југославија мора да се преселат Н во селата во Војводина, во близина на унгарската граница, некои во Крушевље, некои во Гаково и во други села. Овие села претходо пред Втората светска војна биле населени со Германци, но биле напуштени за време на немирите од војната и сега селата биле ненаселени. Иако никаква вис- тинска причина не била дадена во тоа време, се чини дека поради тоа што Федеративна Народна Република Југославија сакала да биде на страната со Соединетите Американски Држави, а не со Сталин и Советскиот Сојуз, овие луѓе се сметале за закана. Тоа било време на големи пресврти насекаде, особено преку границата поради Грчката граѓанска војна и партизаните кои се бореле за комунизмот и да се избегнат какви било инциденти по должината на границата и поголеми проблеми поради тоа што југословенската политика се променила, била донесена одлука да се евакуираат оние Македонци од егејскиот дел на Македонија, наречени бегалци, и да се однесат што е можно повеќе подалеку од границата. Набргу потоа границата била затворена. Татко ми побарал нашето семејство да биде помилувано, бидејќи сум имала 4 години, а близ- наците само 10 месеци, но тоа било одбиено и ние сме однесени, со запрежни вагони, во Кру- шевље. Можам да се замислам себе си како се држам за фустанот на мајка ми на ладно и ветро- вито време. Мајка ми ги држеше близнаците, а татко ми неколкуте патни торби во кои беа наши те најважни лични предмети. Се сеќавам на возот, темен и студен, осветлен со само неколку свеќи. Мајка ми ги сушеше бебешките пелени на свеќи и повторно ги замотуваше бебињата во нив. Кога стигнавме во Крушевље беше тешко да се најде вода, а куќите беа во лоша состојба и мораше да се поправат за да станат удобни за живеење. Близначињата добија тешка инфекција како резултат на лошите санитарни услови и, во суштина, ужасно страдаа поради исипот на кожата од грубите пелени. Поради тешките животни услови и влошената здравствена состојба близнаците набрзо и умреа, во еден ист ден, згасна животот на две невини бебиња. Беа закопани и оставени таму во некоја непозната земја. Јас преживеав и останав нивно единствено дете. Поради смртта на бебињата, мајка ми се разболе многу тешко и единствено љубовта кон Бога и молитвата се чини ја утешуваа. Една ноќ, сонила сон во кој Богородица (Дева Марија) дошла кај неа и ја замолила „да дојдеш, да нè најдеш, нè изгореа во црквата, те молиме спаси нè“ и мајка ми отишла да бара црква во близина - што била запалена. Влег ла во една црква и пронашла две икони што уште стоеле на ѕидот - искинати, изгорени и со дамки од вода. Ги зела и татко ми направил дрвени рамки и им ставил стакло. Мајка ми ги носела со неа секаде каде што оделе и ги донела во Канада, нивната крајна дестинација. Тие се историски и ги чувам и ценам како дел од историјата на моето семејство. Татко ми аплицирал за дозвола да го напуштат Крушевље поради депресијата на мајка ми и лошото здравје и, за среќа, овој пат им било дозволено да ја напуштат земјата. Така заминавме во Земун, во Србија. Таму научив да зборувам на српски јазик и кога дојдовме во Канада, зборував само српски, но морав да научам и македонски. Татко ми работеше во градежништво. Живеевме во една долга дрвена зграда во која беа сместени многу семејства, на секое по една соба. Имаше централна кујна. Се сеќавам на моите домашни миленичиња - кутрето Боби и мачката Маре. Тие продолжија да ме развеселуваат заедно со другарка ми Снежана. Храната беше ограничена, имавме купони за месо, а децата добиваа купони за млеко. Се сеќавам како одев во локалната продавница за месо и ги прашував месарите: „Чико Церо, чико Перо, ќе има ли месо за нас денес?“, а тие ќе одговореа: „Ќе има, девојче, ќе има“. Здравјето на мајка ми се подобри и мора да кажам дека по трагедиите низ коишто помина, таа се покажа како многу храбар човек и се надевам дека и јас ќе бидам како неа во време на неволја. Секоја недела, одевме со траект преку Дунав во Белград и се сеќавам дека се возевме со трамвај до зоолош- ката градина, а родителите ме водеа во еден ресторан за деца, наречен „Детска градина“, бидејќи јадев малку. Но, и покрај тоа што немаа пари, изгле да дека секогаш имаа за мене да ме почестат.
Земун Мајка ми имаше брат во Торонто, Канада, и татко ми мислеше дека најдобриот курс за дејству вање во овој момент е да се обиде да емигрираме во Канада и затоа стапил во контакт со чичко ми Мајк, кој бил во Канада веќе многу години, да го замоли да нè спонзорира и да плати за нашето патување во Канада, но на почетокот тој одбил да ни помогне. Тогаш татко ми го прашал неговиот вујко, мојот дедо Крсте Атанасов од областа Акрон, Охајо, во САД, дали тој може да нè спонзорира за да заминеме во САД. За жал, квотата била испол- нета, но тој се понудил да му даде пари на чичко Мајк па тој да може да нè спонзорира во Канада и ние му благодариме на Бога секој ден за оваа негова добрина. Добивме пасоши и спонзорство, но од непознати причини за нас, документите беа запленети во две одделни прилики од страна на тајната полиција и тоа среде ноќ. За жал, татко ми немаше доволно пари да ги поткупи. Управата за иселеништво ни кажа дека можеме да ја напуштиме Србија и да одиме во Канада преку Трст, Италија, град којшто во тоа време беше југословенска територија. Татко ми се определи за овој план, бидејќи се чинеше дека е единствената опција да емигрираме во Канада. Сепак, не сфатил дека тие нè праќаат во камп за бегалци. И така, со еден куфер и облеката што ја носевме, откако ни беше даден список на предмети што беа дозволени да ги понесеме, бевме шокирани кога стигнавме во Трст во декември 1950 година. Имаше два кампа - Свети Сава и Језуитскиот камп. Спиевме во една зграда со неколку катови и решетки на прозорците, во засебни простории одделени со јажиња и сиви ќебиња. Спиевме на сламарки, а тука имаше уште една госпоѓа која беше сместена во аголот на нашиот мал ’шатор’, која поставуваше многу прашања, поставена таму како информатор. Какво изненадување, наместо да одиме во Канада, откако дознаа дека татко ми е роден во Не- волјани, Грција, тие сакаа да нè вратат назад, што ќе беше смртна казна за татко ми, бидејќи сфати- ле дека се борел за Македонија. Татко ми ја искористил личната карта од Бугарија, во која имало бугарски печат за деновите кога работел таму и им изјавил дека е Бугарин, но тие сè уште не ги потпишуваа документите за аплицирање за виза во Канада. Затоа, татко ми го следел службеникот кој работел во визната канцеларија до неговиот дом и му понудил мито, што тој без двоумење го прифатил и следниот ден истиот тој службеник ги потпишал документите за добивање пасоши. Ако татко ми не размислувал така брзо, неговата судбина ќе беше речиси иста како и судбината на неговиот брат, Стефо, кој кога бил однесен од селото бил етикетиран како комунист и додека го носеле кон островот Макронисо, тој исчезнал и никогаш не пристигнал на својата дестинација, најверојатно затоа што по патот бил убиен. Тоа беше токму пред Велигден и се сеќавам како излеговме со татко ми и ги разгледувавме излозите во продавниците во Трст. Застанавме пред една продавница за слатки и гледав во излогот каде што имаше секакви видови вкусни чоколада-зајчиња, јајца и најразлични наполитанки. Навистина не знаев каков вкус имаат таквите чоколади бидејќи никогаш ги немав вкусено пред тоа, но изгледаа вкусни. Ѝ се восхитував на една мала, сина кофичка, висока не повеќе од 3 см, со мали бонбони, слични како мониста во неа. Татко ми ми рече: „Не, чупе, мое. Сакам да ти купам нешто, но немаме пари“. Но, ут- рото на Велигден, ми рече да погледнам под перницата и таму, на мое големо изненадување, беше ма- лечката сина кофичка со малечките жолти бонбони - татко ми секогаш правеше да се случуваат чуда и, ох, како се смеев и колку бев среќна тогаш. И така, со нетрпение го чекавме последниот документ за да тргнеме на пат за Канада и да от- почнеме нов и посреќен живот. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН
|