Среда, 10 Август 2022   
ЕРУСАЛИМ – ГРАДОТ НА ЕВРЕЈСКАТА ВЕЧНОСТ (15)

1izs1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Ѕидот на плачот е свето место за Евреите. Местото каде Евреите секојдневно се молат, место каде жените и мажите одвоено се молат, местото каде, според Евреите, се случиле најголемите настани кои го одбележале човештвото. Тоа е местото каде се наоѓа каменот од кој е основан светот, раѓањето на првиот човек Адам, местото каде Аврам му служел на Бог, проповедањето на Исус, првиот и вториот храм на Евреите.

Жалта за Ерусалим не можела да биде потисната и во миговите на најголемата среќа; за време на свадбен ритуал, младоженецот – Евреин со десната нога ја здробува чашата, како симбол на уривањето на ерусалимскиот Храм. Потоа следува молитвата – со задолжително споменување на Светиот град, па дури потоа да настапи славењето кое, исто така, не е лишено од помислата на Ерусалим; секој нов дом, секоја нова генерација е на чекор поблиску на остварувањето на сонот над соништата – враќањето во Ерусалим.

За време на прославувањето на големиот еврејски празник - Пасха, од уста на уста на еврејската заедница се пренесувал заветот: „Догодина во Ерусалим“. Сите знаеле дека тоа „догодина“ значи децении, векови. Меѓутоа, никој не се сомневал дека ќе дојде денот.

И, навистина дојде денот. „Ако тоа го сакате тогаш тоа не е сон – да живеете како слободен народ во својата земја“, зборуваше Теодор Херцл, таткото на ционизмот, сееврејско политичко движење чија цел беше создавање на државата Израел.

Од крајот на минатиот век, илјадници Евреи од сите делови на светот купуваа билет за еден правец: за земјата за која не знаеја ништо и за која не ги врзуваше ништо, освен паметењето и заветот - „Ако те заборавам Ерусалиме…“.

Денешен Израел многу малку личи на она што бил во минатото. Огромната Јудејска Пустина која зафаќа шеесетина отсто од вкупната територија на Израел, постојано се претвора во зелена оаза. Таму, со изградбата на разни мелиорациони и други зафати, најмногу од системот „капка по капка“, потоа со копањето на каменот од песочните предели за градба на урбаните населби, се создава плодна почва

Денес, на тие простори можат да се видат огромен број пластеници, стаклени градини, лозови и овошни плантажи, индустриски растенија, жито, безброј расадници, цветни градини и бројни зелени површини. За да се постигне сето ова како главен базен за наводнување се користи водата од Галилејското Езеро. Често се вели дека тој кој ги држи изворите на висорамнината Голан и водите на Галилејското Езеро, тој го држи во своите раце животот на Светата земја.

Бројот на населението во Израел е во постојан пораст, затоа е тешко да се одреди точниот број. Меѓутоа, според последниот попис на населението во Израел, денес живеат околу 8 милиони жители. Од вкупниот број на населението околу 6 милиони се Евреи, поголем дел од Русија, односно од Советскиот Сојуз (околу 1 милион), како и од поголем број европски и други земји во светот.

Од преостанатиот милион од населението осумдесет отсто се муслимани, а дваесет отсто се христијани (католици и православни). Арапите (Палестинците) кои останаа да живеат во Израел по 1948 година, имаат израелско државјанство, додека бројката од околу 2 милиона Палестинци кои живеат во Газа, Витлеем, Ерихон и во други градови под палестинска управа, не се државјани на Израел.

Службен јазик во Израел е хебрејскиот (ибри), како и арапскиот јазик, на кои се пишува од десно кон лево. Исто така, англискиот и рускиот јазик имаат свое место во секојдневното комуницирање. Инаку, во текот на својата историја Евреите често користеле два или повеќе јазици, но сега хебрејскиот го сметаат за изворен, со кој се напишани нивните споменици на културата и разните книжевни дела. Хебрејскиот јазик спаѓа во групата на северозападни семитски јазици.

Остварувањето на вековните идеали за создавање сопствена држава и многудецениските стремежи на Евреите за Светата земја се остварија во 1948 година. Вистина, постигната е целта бидејќи кај голем број Евреи ширум светот секогаш тлеел донаторскиот однос и љубовта кон новата држава и големата хуманост кон својот народ, кон еврејството, кон посреќната иднина на својата идна татковина.

Според некои податоци, уште од времето на почетните доаѓања на првите жители во новата држава Израел, тие биле финансиски помагани од богатите Евреи во дијаспората. Во поново време, пак, особено по Втората светска војна таквите финансиски донации се зголемувале и се зголемуваат од ден-во ден. Затоа, Израел денес е реалност и гордост на многумина кои материјално го помогнале опстојувањето на државата, на големиот број институти и институции, кои се реалност и предизвик за новите генерации.

Во периодот од 1948 година па до денес, Евреите од дијаспората во Израел формирале голем број фондации, донации, институции и други форми на финансирање, кои на свој специфичен начин ги изразуваат завештанијата, желбите, љубовта и мотивите на голем број Евреи ширум светот, особено на оние кои живеат во Соединетите Американски Држави и Канада.

Со давањето донации, поклонувања, дарувања, со формирањето на фондации и други форми на помош, всушност, Евреите ја стимулираат, ја помагаат и  поттикнуваат подобрата иднина на својата држава и на својот народ во Израел. Притоа, таму е создадена една традиција со која се манифестира приврзаноста и љубовта на Евреите кон сè она што се постигнува во нивната држава. Таквите релации создаваат трајни врски меѓу Евреите во дијаспората и Израел.

По примерот на Евреите одреден број Македонци во дијаспората формираа свој фондации во Република Македонија. Меѓу нив треба да се истакнат: Атанас Близнаков, Петар Стаматов и  Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски од САД.

Продолжува

1slav kat Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.