|
|
КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД ОД ТОРОНТО Блер Атол Мур Скотланд, сопругот на Дана Скендова е роден во болницата „Свети Јосиф“ во Торонто, на 26 јуни 1940 година, помладиот син на Џорџ Скотланд и Елена Харви Скотланд. Брат му Џон е постар шест години. Неговиот татко Џорџ кој е роден во Пертшир, Шкотска, при крајот на XX век, е единствено момче во семејството со четири сестри. Играле фудбал во клубот „Свети Џонсон“ и во 20-тите години на XX век, од далечната Шкотска дошол во Канада во потрага по подобар живот. Во те кот на депресијата во 1929 година отпатувал на запад кон прериите и преживеал работејќи како патувачки механичар, поправајќи возови за компанијата ЦПР. Се вратил во Онтарио со својот партнер Леонард Ламб и започнале бизнис со сликарство и поправка на високи згради. Во по четокот на 30-тите години на XX век, се запознал и се оженил со Ела (Елена) Харви, која, исто така, била Шкотланѓанка, од Единбург. Компанијата на Ламб и Скотланд станала добро позната и просперитетна во сликарство, украсување и полирање со песочен млаз и опстојувала повеќе од педесет години. Господин Ламб бил пилот на воздухопловните сили за време на Втората светска војна и, за жал, во текот на една од мисиите во бомбардирањето, неговиот авион бил соборен и тој не се вратил. Семејството Скотланд го негува сеќавањето кон него така што го задржале неговото име во бизнисот. Сторијата продолжува и дознаваме дека Блер како бебе плачел многу и поголемото братче Џон одлучил да го смири ставајќи му топчиња нафталин, но за среќа мајката го спречила навреме. Сигурна сум дека братот Џон сè уште се сеќава на таа случка. Семејството живеело во прекрасен дом на авенијата „Армадејл“, во селото Свонси, како што било познато во тоа време, во областа Блор и Џејн, токму пред реката Хамбер. Блер имаше многу стории за раното детство и неговиот живот на авенијата „Армадејл“. Очигледно бил доста љубопитно момче и авантурист. Еден ден кога бил мал, отишол надвор на прошетка со една млада бејбиситерка од соседството и паднал во реката Хамбер и, според кажувањето на брат му, еден господин скокнал и го извадил од водата. Сепак, Блер имаше поинаква верзија - дека двајца мажи во морнарска облека во чун го извлекле на брегот на реката. Во секој случај, имал голема среќа. Во текот на таа иста недела, еден продавач дошол во нивниот дом да ги измери прозорците и го паркирал својот автомобил во предниот дел на куќата кој се наоѓал на врвот на улицата, на стрмнина. Бидејќи Блер имал испитувачки дух, се качил со помош на една штица, влегол во автомобилот и некако успеал да ја ослободи рачната сопирачка. Автомобилот почнал да се движи надолу по улицата и, повторно, некој скокнал во автомобилот и го спасил Блер од катастрофата што следела. Следниот ден пишувало во весникот што се случило кога Блер бил спасен, но тој рекол: „Не знам зошто го сторив тоа“ и тоа станало интересна приказна од секојдневието. Првично, браќата учеле во државното училиште „Свонси“, но ја имале таа привилегија да го посетуваат колеџот „Свети Андреј“, приватно училиште за момчиња во Аурора. Колеџот „Свети Андреј“ бил во интернат и секое утро учениците морале да стануваат рано, да го наместат креветот, да ги светнат чевлите, да одат на молитва во капела, а потоа да појадуваат. Секоја недела учениците оделе в град да присуствуваат на служба во црква по нивен избор. Уште од рана возраст Блер имал дарба за спорт и токму тука имал можност да учествува и да игра во многу спортски тимови како што се: крикет, ватерполо и фудбал.
Bолницата „Свети Јосиф“ во Торонто Амбицијата на Блер во тоа време, според писмото од директорот, била да стане одбранбен играч во фудбалскиот тим. Морал да оди на лекарски преглед пред да учествува во каква било спортска активност и откако утврдиле дека има срцев шум, не му дозволиле повеќе да спортува. Поради овој проблем и од причина затоа што го обзела носталгија и не уживал да биде далеку од дома, тој се вратил во својот град Торонто за да го продолжи школувањето. Брат му Џон продолжил со учењето и дипломирал на ко- леџот „Свети Андреј“. За Блер немало здравствени правила што ќе го спречат да учествува во кој било спорт бидејќи тој е роден спортист. Во младите години играл хокеј каде бил голман. Учествувал на спортските натпревари „Хамберсајд“ и бил одбранбен играч во фудбалската екипа на средното училиште и шампион во пинг-понг. Преку бизнисот, членовите на неговото семејство биле членови на „Вестон голф“ и „Кантри клуб“ и како јуниор Блер бил брилјантен во голф и ветувал голема иднина, но, за жал, го напуштил интересот за овој спорт, но продолжил да игра колку што можел почесто. Блер живееше и дишеше за спортот и имаше радиофоничен спикерски глас. Можеше да ги рецитира составите на тимовите и статистиката за секој играч во Големата лига, бејзбол, фудбал, хокеј, и за тековните и за многуте години наназад. Секогаш зборуваше за неговата желба да стане спортски коментатор. Сепак, по завршувањето на средното училиште, Блер се приклучил во семејниот бизнис на татка си и брат му и останал таму додека компанијата не се продала во 1984 година. По продажбата на компанијата, Блер работел во фирмата „Декорал пеинтинг“, како менаџер на канцеларијата, во „Симпсон“ со скратено работно време, а потоа 25 години работел во „Сеарс“до неговото пензионирање во јуни 2012 година. Блер ги сакаше и почитуваше својот брат и снаата Мерилин, како и нивното семејство. Тие му беа единственото негово семејство во Канада. Блер како личност беше многу чувствителен и внимателен, беше длабоко погоден од разделбата на своите родители кога имал само седум години и од прераната смрт на мајка си. Единствениот подарок што му беше многу драгоцен од мајка му беше еден прекрасен синосив џемпер-палто и секогаш кога не се чувствуваше добро, ќе го облечеше бидејќи тоа му даваше утеха. Тој исто така беше тажен и огорчени од прераната смрт на неговиот внук Блер Андреј (Дру) кој беше крстен по него. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |