Среда, 26 Октомври 2022   
ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА – ПОСВЕТЕНИК НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ (1)

1los121

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА   МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА

Делото „Вистината за Македонија“ на Георги (Џорџ) Бранов од Канада е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие продолженија Славе Катин. Публикацијата е отпечатена во 2020 година на 140 страници на македонски и на англиски јазик како  (The Truth About Macedonia).

Ова дело го потврдува нараснатиот интерес кон историјата на Македонија во античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван. Така, во Воведот на публикацијата, Славе Катин го пишува следното

Ракописот „Вистината за Македонија“ на Георги (Џорџ) Бранов го потврдува нараснатиот интерес кон историјата на Македонија во античкиот период, кој посебно кај нас не бил често и континуирано истражуван и претставуван. Нараснатиот интерес не е случаен и доаѓа во одредена еволуција на прашањата во посочениот контекст. Токму затоа имаме можност со интерес да го проследиме и ова дело, кое се осврнува на скромен дел на историскиот развоен континуитет на Македонија во античкиот период.

Публикацијата „Вистинаta за Македонија“ е напишана со желба да понуди еден поглед, еден систематизиран прилог за македонските простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена група на научници, пред се’ на историчарите, со цел за анализа на историјата врз ос нова на многуте нови светски извори на информации за Македонија и античка Грција. Покрај тоа, таа е пишувана и за тоа на читателите со пошироки интересирања на македонски и на англиски јазик да им претстави скромна слика за историските случувања во периодот на Македонците Филип и Александар во античкиот период.

Делото е плод на повеќегодишната посветеност на Георги Бранов на историјата и континуирано следење на светската литература за Македонија во античкиот период. Делото е еден вид мислење на Македонците во иселеништвото. Бранов, како и иселени ците од сите делови на Македонија имаат потреба од оставнините, од вредностите, од тој трезор на незаборавот на времето, или да се потсетат на голем број патини на времето и од опасноста на заборавот. Зошто македонските иселеници со својот живот, работа и дело, оставиле белег во историјата на трудољубивиот и надарен македонски народ одсите делови на поделена Македонија.

Денес македонските доселеници во Канада со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите македонски народни песни и ги играат убавите македонски ора. Всушност, Македонците во Канада го афирмираат македонското име, културно-историското и национално минато и сегашноста на Македонија, а во исто време се дел на демократското канадско општество.

1los1213

Георги (Џорџ) Бранов е еден од нив како канадски Македонец, или македонски Канаѓанец по потекло од убавото македонско село Буф, Леринско, од егејскиот дел на Македонија. Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада. Тој е еден од истакнатите Македонци кои се иницијатори, организатори и големи борци за афирмација и за одбраната на македонското многувековно име  на Македонците ширум светот, на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на духовниот живот чии корени се уште од мисијата на апостол Павле во македонската земја, уште пред две илјади години.

Бранов е човекот кој со многу чувства и родољубие гледа на сè она што е поврзано со неговата дедовска земја, Македонија. Во исто време, тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во демократска Канада. Тој е особено активен во промовирањето на демократијата во Македонија како суверена, независна и самостојна држава на Балканот и на македонската вистина во светот.

Бранов е човекот на кого Македонија му е големата љубов, се гордее дека е Македонец и се бори за просперитетна иднина на Македонија. Тој не отстапува и го брани сè она што е поврзано со Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени ја   шири вистината за Македонија насекаде          во светот.

Затоа со право се вели дека Георги (Џорџ) Бранов навистина е Македонец кој се посветил на националното прашање. Тој, со своето знаење, со својата Господова дарба, интелигенција и приспособливост во новите демократски услови, успешно се приспособил на приликите во Канада. Воден од љубовта кон татковината и од нејзиното Сонце, како Големиот Александар Македонски, тој е мошне активен во иселеништвото. Цели дваесет години од осамостојувањето на  Република Македонија, тој со срце, душа и голема љубов учествува во опстојувањето на својот народ и својата татковина, Македонија

Непосреден повод за публикација „Вистината  за Македонија“ на Георги Бранов е неговата посветеност на Македонија во изминатите дваесетина години. Во овој период Џорџ Бранов  проучил повеќе од шеесет историски и научни книѓи од американски и канадски автори со тема   за Македонците, со особена нагласка  за Филип и Александар Македонски. Неговата главна цел е повеќе да се запознае со овој дел од  историјата, посебно да види како светските историчари го докажуваат потеклот на античкиот македонски      и античкиот грчки народ.

Така, меѓу другите факти со кои се објаснува во таа светска литература, меѓутоа, се поставува прашањето: Колку Македонците биле посебен народ и дека тие се различни од античките Грци.

Според неговите сознанија и податоците од историјата, Македонците биле нарекувани “варвари” (не антички Грци и културно заостанати). Античките Грци не     ги  сметале античките Македонци за антички грчки народ, исто и Македонците не се сметале за антички Грци.

Во историската литература е потврдено дека околу 60.000 антички грчки платеници војувале и загинале против војските на Филип и Александар. На пример, само во борбата кај реката Граник загинале околу 18.000 антички грчки војници-платеници и 2,000 била заробени, врзани во синџири и пратени како робови во Македонија да работат во рудниците. Истото се случувало и во војните кај Ис, Гангвамела и други битки . Со еден збор голем број антички Грци се бореле против античките Македонци.

Како пример го споменува суденјето на Филота кој бил прашан на кој јазик сака да се брани на судот? Тој одговорил - на антички  грчки. На тоа Александар се насмевнал и им рекол на судиите; „Видете го, се страми од својот јазик“.

Друг пример Бранов го кажува дека на спортските игри кои биле организирани после победите и кои биле слични на денешното борење, имало битка помеѓу антички македонски војник и антички грчки професионал борач. Во таквата борба македонскиот борач губел и му претело да биди убиен. Тогаш, Александар скокнал на теренот кај борачите и ги одделил со зборовите “Нема да дозволам Македонец да биди убиен“.

Исто така, во публикацијата „Вистината за  Македонија“ Георги (Џорџ) Бранов го потврдува фактор како што кажуваат историчарите дека   Македонците во античкиот период во целата десет годишна воена операција се кажувале дека се Македонци,  а не антички Грци. Затоа, тој остава на читателите да се запознаат со античката историја и сами да одлучат  дали Македонците биле антички Грци или посебен маке донски народ.

Георги (Џорџ) Бранов, чиј корени се од Егејска Македонија се надева и верува дека античката историја ќе остане како историја, а денес Македонците и Грците потребно е да имаат добрососедски заемни односи на европски начин за доброто и иднината на двата народа.

Продолжува 

1sla2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.