Среда, 09 Ноември 2022   
ПОЧИНА ТЕЛИ МОРИОВЧЕ ЕДЕН ОД ЗНАЧАЈНИТЕ АКТИВИСТИТЕ ВО „ОБЕДИНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ “ И „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО

1mor1

Тели Мориовче беше еден од познатите активисти во Македонската заедница во Торонто.Тој три мандати (1969-1971: 1976-1977 и 1993-1994 година) беше претседател на познатата национална организација „Обединети Македонци“ од Торонто, Канада и еден мандат во 1973-74 година беше претседател на првата македонска православна црква во Канада,  „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Тели Мориовче беше посветен на македонските прашања и македонската кауза. Живееше во Канада, а беше бранител и обединувач на етничка Македонија и македонска вистина. Тој беше роден на 28 мај 1938 година во големото македонско село Арменоро, Леринско, во Егејска Македонија, а во Канада скоро цело време се занимаваше со угостителска дејност. Тој беше голем другар на авторот на овие редови Славе Катин, како и на голем број Македонци во иселеништвото и во Македонија.

Неговото родно село Арменоро или Армерово чие име грчките власти го смениле во Арменохори е сместено недалеку. од Лерин, во Егејска Македонија. Тоа денес припаѓа во општината Лерин, во Источниот округ во областа Западна Македонија, на Грција. Сместено е на 4 км североисточно од Лерин, а има и железничка станица на главната линија Солун - Битола. Во ова убаво и големо село живее население чиј број е околу илјада жители, од кои Македонците  и денес го сочинуваат огромното мнозинство.

Тели Мориовче го напушти своето родно Арменоро како младич во 1958 година и замина за, Канада. Уште во времето на својата преселба во Торонто, тој со срце и душа се вклучува во активностите на Mакедонската заедница во Торонто. Од самиот почеток на основањето на Организацијата "Обединети Македонци" во 1959 година, станува еден од најактивните членови и во три мандати е нејзин претседател и тоа: 1969-70, 1976-77 и во 1993-94 година,   што   е,   секако, резултат на неговата голема активност и љубов за етничка Македонија.

Инаку, Тели Мориовче беше петтиот претседател на Македонската националната организација “Обединети Македонци” од Торонто, Канада која беше формирана од група Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија. Уште во почетокот Организацијата имаше за цел да формира самостојна национална македонска асоцијација која ќе се бори за зачувување на македонскиот национален идентитет и македонска вистина и ќе се бори за обединување на македонските доселеници во Канада.

Тели Мориовче беше еден од најактивните членови на организацијата “Обединети Македонци”, која  првиот чекор во организирањето беше направен на пикникот посветен на Илинден во 1958 година. Овој пикник во националниот живот на Македонците во Торонто и пошироко има посебно значење. Тој претставува прв значаен симбол на иселеничкото единство на Македонците од етничка Макеонија во демократска Канада.

1mor12

Треба да се одбележи дека 28 април 1959 година е запишан со златни букви, бидејќи на тој ден се одржа историската Конференција на која беше прифатен Уставот и беше донесено решение за формирање и регистрирање на Македонската национална организација “Обединети Македонци”. Со тоа Организацијата “Обединети Македонци” започна со решавање на значајни иселенички прашања на Македонците во Канада.

Едни од важните задачи и потреби на македонските доселеници од етничка Македонија беше изградба на македонска православна црква под јуриздикција на Светата православна црква во Македонија, а со цел да ги задоволи верските, духовните, културните и воопшто националните потреби на Македонци од сите делови на Македонија. Затоа, Организацијата “Обединети Македонци” беше регистрирана како македонска национална културно-просветна непрофитна организација, која ги постави темелите на црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто

Љубовта кон родната Македонија и кон македонскиот народ, Тели Мориовче ја изразуваше со неговото активно вклучување во организирањето и во иднината на Македонската православна црква "Свети Климент Охридски" и тоа од првите месеци и години Повеќепати бешее член на Црковната управа, a во 1973-74 година едногласно беше избран за претседател на овој најголем духовен и национален храм, кој е неодминливо и значајно место на македонските браќа и сестри од сите делови на Македонија кои живеат во Онтарио.

Исто така, во своето повеќегодишно членување Тели Мориовче имаше и други должности во црковната управа, Така, меѓу другото, бил потпретседател, секретар, заменик благајник, a беше и еден од првите организатори на Американско-канадско-македонска епархија и еден од поактивните учесници на црковно-народните собори на Македонската православна црква што беа одржани во Охрид  Затоа, со право се вели дека неговиот придонес во „Свети Климент Охридски" беше многу значаен и бележит.

Инаку, македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната дедовка земја Македонија 

Така, македонската православна црква „Свети Климент Охридски" во изминатите години повеќепати беше домаќин на големи, масовни и значајни собири кои што оставија силен печат, а некои од нив беа вистински пионерски зафати, кои испишаа ново значајно поглавје во животот на Македонската заедница во Канада.

Треба да се одбележи дека на 4 октомври 1969 година, со учество на мнозинство делегати и гости, се формира Првото епархиско собрание како врвно тело на оваа прекуокеанска Македонска епархија. Овој значаен собир го раководеше митрополитот г. Кирил, кој беше голем пријател и почитувач на Тели Мориовче. Поздравувајќи ги присутните тој рече дека оваа одлука е извонредно значајна и голема и отвора нова страница во заедничкиот духовен живот на сите македонските верници надвор од Македонија. Потоа, со свои видувања за емиграцијата и за нејзиното заедничко организирање, независно што тоа се големи далечини за поврзувањето со мајката Македонска православна црква зборуваа, меѓу другите и Тели Мориовче.

Инаку, Македонската православна црква "Свети Климент Охридски"  успеа таа да ги обедини Македонците на национално и духовно поле и да развие силна дејност во животот на доселениците од сите делови на Македонија во демократска Канада, како и да ги отстрани влијанијата на туѓите пропаганди. За сите тие активности на црква "Свети Климент Охридски"  и на  Организација „Обединети Македонци“ од Торонто има големи заслуги покојниот Тели Мориовче.

Тели Мориовче беше еден од ктиторите на Македонската православна соборна црква „Свети Климент Охридски“. Тој беше добар, верен христијанин кој ја сакаше својата црква. Како горд член на црквата и на организацијата „Обединети Македонци“, уште од нивното формирање, тој беше страстен Македонец кој го посвети својот живот за македонската кауза.

Тели Мориовче, на кој кога дојде во Канада неговото службено име му беше Aristotelis Morihovitis и набргу го промени во Тели Мориовче почина на 84 годишна воздраст, на  4 ноември 2022 година, а беше опкружен со. Беше сакан и почитуван од неговото семејство, а беше и грижлив сопруг, татко, дедо и прадедо. Многу ќе недостасува на неговата сопруга Лена, децата Мери, Пол, Франсис и Софи, и неговите седум  внучиња и едно правнуче. Тели  ќе недостасува не само на семејството, туку и на сите негови другари и пријатели во Канада и во Македонија. 

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.