|
|
ПРОБЛЕМОТ ПОМЕЃУ КРАЛОТ АЛЕКСАНДАР И АЛЕКСАНДАР ЛИНКЕСТИАН (6) |
ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА“ НА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) БРАНОВ ОД КАНАДА Противењето на Калистен многу го иритирало Александар кој не можел повеќе да ја издржи лутината за непослушноста од Калистен. Калистен исто така беше секогаш на страната на младите војничиња кога ќе направеа некој прекршок. Александар добил информација да тие му спремале и атентат за кој Калистен знаел, а не го известил Александар. Еден од организаторите бил по име Хермолос кој за време на испитувањето најмногу критички го напаѓал Кралот Александар за нефер и неправилно осудување на македонските Генерали и херои како Филота, Парменио, Клеит, Александар Линкестиан и сега Калистен додека азиските војници не биле каз- нувани за ништо. Према античките автори како Ариан, Плутар и Јастан, Калистен бил осуден и затворен во же- лезен кафез со отсечени усни, нос и уста, за да го гледаат војниците и да внесе страв на сите оние кој ќе имаат такви намери према него. Александар сакал да му пресуди на Калистен во прису- ство на Аристотел, но бидејќи не било изводливо тогаш тој бил обесен на крст. Александар Линкестиан бил братучед по бабата на кралот Александар, Евродика. Линкестида бил антички град во близина на денешна Битола. Жената на Аминта III дедото на Александар, Евродика била од Линкестидското Царство. Евродика имала три внуци од кои едниот бил Александар. После убиството на Филип II овие трojцa браќа биле осoмничени од Александар како соучесници во убиството на неговиот татко Филип. Поради овoj сомнеж Александар Велики ги ликвидирал двата брата, а едниот истоименик Александар го оставил. Кога Александар ја започнал војната со Персија Александар од Линкестида бил повикан да учествува во македонската војска. После победата на големата битка кај реката Граник на Александар од Линкестида му бил доделен повисок чин во војската. По извесно време Александар Велики дознал дека Александар Линкестиан пишувал писма за преговори со Дариј, персискиот цар. Тој му напишал дека ако му плател 1000 таленти тој ќе го ликвидирал Александар Македонски. Дариј се сложил со овој план. Кога се дознало и утврдило за овој план Александар од Линкестида бил осуден и погубен. ДВОБОЈ ПОМЕЃУ КОРАГУС (АЛЕКСАНДАРОВИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ) СО АТИЊАНИНОТ ДИОКСИППУС (ПРОФЕСИОНАЛЕН БОРАЧ) Диоксипус бил борач кој бил поголем и поснажен од Македонецот Корагус. После една голема победа на македонската војска Александар Велики организирал спортски игри (Олимпијада) и овие борци требало да излезат на двобој. Кога дошло закажаното време да се соочат овие два великана на стадионот, имало илјадници навивачи од грчка страна, а уште повеќе биле навивачите од македонска страна. Уште на самиот почеток на борбата Македонецот нападнал со копје кое било веднаш преполовено од грчкиот борач. Кога Курагус посегнал по неговиот меч, меѓувремено Гркот истрчал, скокнал и го соборил македонскиот борач на земја. Тој му застанал со едната нога на врат, но во тој момент Александар Велики скокнал од своето седиште и веднаш ја прекинал борбата точно во моментот кога Гркот се подготвувал да му го зададе последниот смртоносен убод. Крајниот исход од оваа борба бил многу понижувачки за Александар Велики и за македонските војници навивачи. Крајно разочарани македонските војници решиле да му се одмаздат на грчкиот победник. Тие решиле да ја сокријат кралската златна чаша (пехар) под перницата во собата на грчкиот борач. Кога по извесно време Александар ја побарал чашата која била изгубена и не можел да ја најде, по кратко пребарување низ собата на грчкиот борач, војниците је пронашле под перницата на грчкиот борач Диоксиппус. Тој веднаш бил повикан на рапорт кај Александар Велики. Грчкиот борач тргнал да се сретне со кралот, но во моментот пред да пристигне пред Александар извршил самоубиство Од оваа епизода може да се види колкава била омразата помеѓу овие два народа. Пред да ја започне големата војна со Персија, Александар Велики планирал да обезбеди политичка стабилност со соседите. Тој со сите соседни држави преговарал за мир. На оние кои не сакале да склучат договор, Александар им објавувал војна. Како прво, Филип и Александар објавиле војна со Атињаните кај местото Коро- неа со катастрофални последици за Атињаните. После оваа катастрофална војна кај Коронеа грчката доминантност драстично почнала да опаѓа и била заменета со нова доминација, а тоа била македонската. Кратко време по смртта на Филип, Александар Македонски тргнал во поход за одмаздување со Персија поради злосторствата направени над грчкиот народ и горењето на Атина. Александар, како и неговата војска, биле потполно подготвени за овој голем воен подвиг. Александар III наследил способна војска која била подготвена да ги жртвува своите животи за Александар и Македонија. Александар, исто така, бил физички трениран со сите вештини и воени искуства од најдобри воени генерали и војници. Александар бил и психолошки подготвен од неговиот пријател и учител Аристотел. Тој го обожувал Хомер и неговата историја, а особено Ахил бил негов најсакан идол и тој насекаде ја носел Хомеровата книга. Како прво, тој морал да војува и да се заштити од соседите и нивните постојани напади. Прво, успешно ги нападнал Илирите на запад, па Трабилите на север, Тракијците на исток и сите што имале недоразбирања со Александар III. Се вратил пак на југ да преговара за мир со Тева, но тие решиле да се спротивстават на Александар и неговата војска. Кратко време по неуспешните преговори со Тева, Александар ги нападнал. Во оваа војна Тева била опустошена и повеќе од шест илјади Теванци биле погубени, а голем број заробени и однесени во Македонија како робови да работат во рудниците. Теванците биле наговорени од Атињаните да им објават војна на Македонците како тие еднаш засекогаш би се ос- лободиле од македонската тиранија. Атињаните им ветиле дека тие ќе бидат помогнати од Атина. За жал, Теванците биле оставени на милост и не- милост на македонската војска. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |