Среда, 21 Декември 2022   
ПОСЛЕ ДОГОТО ПАТУВАЊЕ, КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ПЕТТИОТ КОНТИНЕНТ ВО ПЕРТ(16)

1kiru3456

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“ 

Во ова продолжение ќе го претставиме пристигнуваљето на Иван Трпоски  во градот Перт, Западна Австрали, по поминувањето на  долгиот пат од Европа до Австралија. Од таму го продолжи патувањето кон Сиднеј. За ова прво патување во непознатата земја Австралија, Иван го напиша следното:

По долгото и здодевно патување, најпосле, еве сме и на ав­стралискиот континент, во гратчето Фримантел. Да, дефинитивно стапнавме и на абориџинскиот континент, Австралија. Тука бро­дот застана за десетина часа, па имавме можност да излеземе и да се прошетаме низ градот. Каква случајност? Меѓу луѓето кои си ги пречекуваа своите патници се видов со мојот соселанец, со волинецот Сандре Тупанчески. Тој работеше неколку години во планините на Западна Австралија, а сега беше тука. Се подготвува за да си оди во Македонија. Со нас дојде и мојот сопатник косел­чанецот, Сандре Стојаноски ‒ Прпач. Заедно ќе го видиме сосед-ниот град на Фримантел, престолнината на Западна Австралија, градот Перт. Во Фримантел слегоа и моите сопатници Спиро Рај­чиноски од Мислешево и Климе Чакар од Струга. Тие ќе заминат да бараат работа во планините на Западна Австралија. Сандре ми ги спомна волинците со коишто работел: Науме Николоски (Нело­ски), Војсе Тупанчески, Љубе Јакимоски и други.Недалеку од нив биле и баџанак ми Ѓорше Лошкоски, шура ми Јонче Иваноски и Спаско Митрески. Тој ми кажа дека земале добри пари, но рабо­тата била мачна. Работеле на многу голема температура, во рудни­ци, патишта, железници... Сандре нè прошета до градот Перт кој е оддалечен само 20 километри од пристаништето Фримантел. Со разгледница ѝ се јавив на сопругата Нада и ѝ кажав за средбата со Сандре. Австралиските градови ми се видоа многу убави и чисти. Ме зачуди сообраќајот, движењето е во спротивна насока од онаа во Европа. Англиски систем на возење и нема тука противење. Така сака кралицата, сите да возат од десно, а таа да вози од лево?!

Фримантел го оставивме во петок сабајле во 8.30 часот и по неколкудневно пловење бродот „Ахиле“ стигна во Мелбурн на 27. 9. 1968 година. Во овој втор по големина град во Австралија прес­тојувавме осум часа. Овде се истоварија малтезот Мајкл, преспанецот Петре со неговата заљубеница, битолчанецот Живко, дал­матинецот Иво и други наши сопатници. Низ Мелбурн шетавме со Љупчо Лазаревски, Сандре Стојаноски, Живко и Борис Печи-пајковски, Орде, Нада Спасевска, Ѓоко и Круме од Битола и други. Запознавме еден тукашен Далматинец, кој нѐ прошета низ цента­рот на Мелбурн. Ја видовме реката Јара и Трговскиот центар. Убав и голем град ни се виде Мелбурн, кој во тоа време броеше околу два и пол милиони жители. Далматинецот ни купи и неколку југо­словенски весници кои се печатеа тука. Ни велеше да се вардиме со кого ќе зборуваме. Тука има и усташи и четници и југошпиони! Е, со ова сега овој нѐ дозапусти. Ако мораа нашите родители да страдаат таму од ваквите пакосници, зошто треба сега и ние во Австралија да патиме од нив и од нивните потомци? Тој ни купи и билети за воз со кој нѐ испрати до пристаништето каде беше закот-вен бродот „Ахиле“. Учтиво му се заблагодаривме и си се вративме на бродот. И од Мелбурн им испратив разгледници на сопругата и на татко ми.

Утрото на 28. 9. 1968 година во 1.00 часот го оставивме Мел­бурн и тргнавме за Сиднеј. По тргнувањето за Сиднеј во кабина Ц-6 се направи гозба. Се собраа повеќемина Македонци. Сите донесоа по некаков пијалак за да наздравиме за нашата разделба. Ги распославме ќебињата на под и седнавме крснозе. Грамофонот беше пуштен да пее, а по него запеавме и сите ние. И оваа раздел­ба, иако нѐ зближи за кратко, беше мошне трогателна. Почнавме да си разменуваме адреси, да си ветуваме дека ќе се бараме, дека ќе се допишуваме... По веселбата некои си легнаа, да мигнат час-два, а некои поитаа во барот за да ги потрошат преостанатите италијан­ски лири.

И еве го најпосле и последното наше патувачко утринско видело. Да, тоа нè осамна тогаш кога бродот полека талкаше низ сиднејските заливи. Пред нас се распосла фантастична панорама. Од една страна прекрасно зеленило, од друга страна Луна Парк. Пред нас најатрактивната австралискотуристичка мека ‒ Мостот Хаба. Боже ‒ какво железно створение? Надвиснат над морскиот залив, а на него бучава од автомобили, автобуси, возови... Сите патници се надвор од своите кабини. За првпат во нашиот живот, еве, во живо го гледаме Сиднеј. Да, Сиднеј е пред нас, околу нас, под нас... Бродот, испотен од предолгиот пат, здивна на сиднејско­то пристаниште Пирмонд. Пристаништето е полно со луѓе. Сите љубопитно ѕиркаме низ толпата за да си ги препознаеме луѓето кои треба да нѐ пречекаат. Истото го прават и тие со оџагорени очи кон нас. Најпосле, еве, карши нас го препознавам свирежот на колегата Андон Стоески. Да, веднаш до него е брат ми Спаско, па братучедите од Андон, Спаса, Менка, Доља, Наумка и Пере Стоески. Но и братучедот Крсте Трајкоски од Драслајца, па Вој­се Иваноски, Коста и Тане Скепароски и, секако, Крсте Стоески кој си ја пречекува сопругата Цвета со децата Ристе, Благојче и Миле.

По царинските проверки, ние сме на сиднејското тло. Да, еве на 1. 10. 1968 година јас газам на земјата од градот Сиднеј, на земјата од Абориџините, која од 1788 година, по доаѓањето на капетан Кук во заливот во Когра (Сиднеј), оваа земја остана под доминација на англиското кралство. На пристаништето вис­тински хаос. Едни се гушкаат, други се смеат, трети плачат... Во тој метеж го видов и стружанецот Тоди, на кого му го пренесов поздравот од неговата сопруга Милица, која бара што побрзо да ѝ се врати назад. Пригушени од сите присутни, групно патуваме кон автомобилите за да се одвозиме до нашите идни живеалишта. Брат ми Спаско ме запозна со идниот газда Трајче Спироски, другар на нашиот зет Борис и со брат му на Трајче, Благоја Ма­рически. Тие имаат уште еден брат по име Крсте Ѓорѓиески, кој не е присутен меѓу нас. Тие се родум од охридското село Завој, а преселени во битолското село Лажец. Попатно гледав валкани улици, постари монтажни куќи, а тулените се прилепувани на еден долг темел. Андон и Спаско им свиркаа и дофрлуваа, на ан­глиски, на Австралијанките, за кои велеа дека се Кенгурки, а тие беа русокоси, барџести, високи и витки. Куќата во која ќе живеам е сопственост на Трајче и Трајанка Спироски. Монтажна, штиче-на, покриена со ламарина. Имаа девојче и дете, Ленка и Љупчо. Подоцна им се роди и синот Гордан. Куќата се наоѓа на адреса 36 Гров Стрит во населбата Мериквил.

Тука живееја десетина станари. Сопругата на Трајче, Трајанка, имаше приредено приго­ден ручек, од кој се насладија и повеќемина од нивните станари. Храната немаше причина да се игнорира. Беше вкусна, а пивото прекрасно. Веднаш се запознав и со станарите кои живееја во тој дом. Повеќето беа од охридскиот регион, а работеа на смени и во различни компании и фабрики. Јас и брат ми Спаско спиевме во една мала соба. Во другите соби спиеја по тројца луѓе. Куќата имаше четири спални соби. Газдите со децата спиеја на веран-дата, која ја обградија и си направија соба. Мораше да се има што повеќе станари, за да влегуваат во семејната каса што повеќе пари. Во почетокот плаќавме по три долари, а после по четири до­лари неделно. Сами си готвевме, перевме, пеглавме... Двата дена од викендот ги поминавме со Спаско и Андон во разгледување на центарот на Сиднеј. Вечерта посетивме и едно кафеанче каде се збираа мотористи. Ги нарекуваа Бајки или Боџи. Тие беа безработ-ници, зборуваа само за женски и за тепање. За ништо друго. Мене ми беа антипатични овие луѓе и не посакав никогаш да другарувам со нив.

Сиднеј е просторно многу широк град. За да го поминеш просторот со автомобил од едниот крај до другиот ти требаат пол­ни два часа. Интересно за овој град е и тоа што западните и јуж­ните предградија му се мошне сиромашни и валкани, а источните и северните му се богати и чисти. Централниот дел на градот го красат неколку повеќекатници, меѓу кои Градската зграда и Згра­дата на кралицата Викторија. Исто така е голем и убав сиднејскиот мост кој ги поврзува југ со север. Подоцна, во непосредна близина на Мостот, се изгради и прочуената Оперска куќа. Поради убавата глетка, луѓето од предградијата доаѓаа тука за да се сликаат и сли­ките да им ги испратат на своите роднини и пријатели. Така можат да им се пофалат за убавините на градот.

Станарите на Трајче Спироски: прв ред од лево Кире Пановски од Новаци, до него е Перо Сидороски од Опеница, до него е Иван Трпо­ски од Волино (со децата на газдата Горан и Љупчо) до мене е Никола Трајчески од Косел, до него е Ристо Каранфиловски од Долно Дупени, а во вториот ред се Ѓорѓи Ростанковски од Цапари и Трајче Шапкар од Велгошти (1969 год.).

Проодолжува

1sla2Подготвил: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.