|
|
ДОАЃАЊЕТО НА СОПРУГАТА НА ИВАН, НАДА ВО АВСТРАЛИЈА (18) |
ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА ВО ДЕЛОТО „ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ“ Ова продолжение ќе го посветиме на љубената на Иван Трпоски, неговата сопруга Нада во Австралија. Притоа ќе пренесеме интересни случувања во тие почетни години на нивниот успешен брак во новата средина во Австралија. Така, за ова продолжение Иван ќе го напише следното: За пречекот на Нада најпрво зедов годишен одмор, потоа организирав стан, а најпосле морав да организирам и нејзин пречек. Богоја и Јованка Бочески ветија дека тие ќе дојдат и со нивниот автомобил ќе ја превозиме Нада од пристаниште до дома. Босан-скиот Србин Мијо вети дека ќе ја донесе жена му за да подготви ручек. Така, дента пред да дојде Нада, јас си ги накупив сите потребни намирници и пијалаци. Нада се збогува со мајка ѝ Мара, прва од лево, стрина ѝ Трајанка и маштеата Менка Трпоски во Охрид (1970 год.) Утрото на 12. 7. 1970 година точно во 7.00 часот тропнаа на врата Богоја и Јованка, а веднаш по нив, Војсе Иваноски ги довезе Мијо, неговата сопруга и трите нивни деца. Па така, најпрво наздравивме за светиот празник Св. Петар и Павле (Петровден), кој се совпаѓаше дента, а потоа и за Надиното доаѓање во Австралија. И покрај богатата гардероба што ја поседував, а имав да не претерам, околу петнаесет чифта чевли и што уште не друго. Сум купувал сè што ми се допаѓало, бидејќи немаше кој да ми прави програма во купувачката. За тој ден одбрав модерен англиски костум со џелат-ка, убава вратоврска со чапрак на неа, а на ракавите од кошулата опалски копчиња. Повторно ќе се правам зет, само овојпат за истата невеста. Се прекрстив и замолитвив кон Господ бог, што здрава и жива ќе ми ја донесе сопругата. Некој ќе се засмее за оваа молитва, но не е за смеење. Луѓе сме. Таа е млада и патува подолго време со разни луѓе, наеднаш ќе ја удрат хормоните в мозок и ќе заборави дека треба некој да ја пречека во Сиднеј. Па ако не ја најдеме таму, ќе испадне по онаа народната: Бендисан, не целиван! А бев сведок и видов што се случуваше кога патував со бродот. Еве сме подготвени и тргнуваме за на пристаниште во Пир-монт. Уште од далеку го догледавме на бродското пристаниште и грчкиот брод „Патрис“ кој веќе беше засидрен. Луѓе како испуште-но улиште се раздвижуваа по морските кејови. Меѓу нив ги забележавме најновите волински гастарбајтери Тоде Лабоски и Трене Иваноски, а со нив и коселчанецот Никола Трајчески. Тие ми кажаа дека Нада ја виделе на бродските тераси. Ми ја покажаа каде е застаната. Ми тропна нешто радосно во душата, па посакав веднаш со мимика и викотници да ѝ покажам дека сум тука. Погледите ни се сретнаа. Ја видов милата моја сопруга како ми мавта со раката. Имаше рамна фризура, која послушно ѝ се крепеше на рамената. Облечена беше во синкаст волнен фустан кој немирно ѝ го притискаше бујното младо тело, прекриен со бело лесно џемперче. Еве, по толку допишување, сега и физички ни се сретнаа нашите погледи. Не ја кријам радоста. Заемно бевме среќни. Пред да излезе Нада, луѓето во шеги ме искапија. Тешко тебе, ми велат, ти ќе си знаеш вечерва што ќе те снајде. По двегодишна осаменост, засушените алати во плуски ќе ви се претворат...! Најпосле, еве ми ја сопругата. И таа стапна на австралиското копно. Се затрчуваме еден кон друг и низ весела смеа се слеавме во силна прегратка. Ја милувам по лицето, по косата, по телото. Срцето силно ѝ тупоти. Очите ѝ се влажни. Целата е втурната во мене. – Мислев дека ќе умрам пред да се видиме – со прекинувања на зборовите милно ми шепоти. Пријателите дојдоа да се поздрават со неа, а претходно дофрлуваа шеговити зборови упатени на наша сметка. Меѓу пречекувачите беа и братучедите на Нада, Науме и Климе Три-фуноски од Ливоишта, Трајче Шапкароски од Велгошти, Мијо и многу други. По поздравите и фотографирањето, со автомобилите се упативме дома. Тука нè пречекаа домаќинот Божин Николоски, Мијовата фамилија и соседите кои потекнуваа од ресенските села. Се наздравуваше со алкохолот што го донесе Нада: ракија и вињак, а и со австралиските пијалаци, виски, пиво, вино и разновидни безалкохолни пијалаци. Грамофонот што го купила во Џибути трештеше со најнови македонски песни. По неговиот замор Мијо продолжи со неговата излитена виолина да дрнка и пее. Беше весело. Не кријам, ќе признам. Еднаш кога влегов в соба за да земам некакви работи, внатре влезе и Нада. Нејзините очи просто ме молеа за да ѝ ја смирам љубовната вртоглавица. Јас ја помилував по лицето, по косата и страсно ја бакнав. Таа се запали, ме држеше за раце, целата залепена во мојата прегратка. Нема што да чекаме. Ја заклучивме вратата и се грабнавме како крадци за да ѝ се оддолжиме на љубовта. Низ рафал-ните бакнежи, пропратени со силни стисоци на истакнатите љубовни облици. Побрзавме со расфрлување на долните облеки, анасетот на оргазмот обострано беше мошне брз. Овој крадливски љубовен настан беше многу краток, спрема оној кој ќе треба да се одржи вечерта, а на кој ќе треба да се допре секое видно и скришно мевце на двете наши запалени тела. По претераното конзумирање алкохол, Хрватот Френк почна да јаде стакла од чаши, подоцна ќе се истепаа со Војсе, потоа со Мијо и на крај со Тоде. Нему маицата во крв му ја натопи. Ги смирив некако па почнаа повторно да се гушкаат, пеат и играат. Вечерта ни дојде на посета поранешниот газда Трајче Спироски со сопругата Трајанка и децата Ленка, Љупчо и Гордан. Трајче нè покани на свадба од некој негов роднина. Прифативме. Па така, Војсе со својот автомобил нѐ одвози со Нада, Тоде и Френк на свадбениот церемонијал на кој беше мошне весело. Во тогашните времиња во Австралија, на веселбите беа добредојдени и непока-нетите гости. Нада кога дојде во Австралија почна да ги збира моите парични заеми. На Зарко Бочески му имав дадено 100 долари, на Боге Бочески 100 долари, на Андон Стоески 110 долари, на Тоде Лабоски 60 долари, на Соколе Донески 30 долари, на Војсе Иваноски 10 долари, на Андон Стоески 115 долари итн. Нада веднаш се вработи во фабрика за проверување на штофови. Фабриката се викаше „Глобе“, а се наоѓаше во населбата Енморе. На работа одеше и се враќаше пешки, а патот ѝ одземаше пет до осум минути. Во писмото од татко ми имаше кратко писмо од маштеата Менка, а наменето за Нада. Еве неколку цитати од тоа писмо: „Здра-во несто Иванице, писмото ваше го добивме и научивме дека све добри, здрави и живи и све среќни што све заедно. Несто Иванице, со ногу голем поздрав од мене свекрвати Менка, несто писмово ти го пиша и плача како за ќерка, ми е жаљ за тебе и затва несто олку плача, а и за Иван, ако не су го родила ама ве сакам несто како свои чеда. Несто да ми кажиш како ти е животот таму дали се навикна или уште неси. Да ми пуштиш една слика со Иван, ногу сака да те гледа, ми се чинит од некаде пак ќе дојш и ќе ми се смејш како ми се смејше кога беше овде. Несто не ти бара ништо, ќора дода, само слика и ќе чека да ме израдвате со друго. Ние сме здрави ко воуци и кај мајка ти Мара се арни сношти бев и им однесов шамија за да е клат на чатија, брати Јонче е крена куќата. Несто Иванице сега да ти кажа Горица и Диме станаа и си се вселија во нивната куќа. Се шо најдоа пајнци лајци кренаа одовде. Сега несто создравје да ве најт писмово мое ве поздрвјам ја мајка ви Менка.“ Другиот ден им вративме одговор и им пративме слика и 53 долари. Деновиве на стан кај Божин дојде Цветко Димоски од Из-деглавје. Добар по душа, но неписмен по ука. Писмата за пријателите и за сопругата му ги пишував јас. Најмногу скршен се чув-ствуваше кога сакаше тој нешто љубовно да ѝ напише на сопругата, па се срамеше од мене тоа да ѝ го каже. Јас како човек од доверба му стоев на расположение и во строга дискретност, што и денес, по 40 години, таа обврска ја чувам. На барање од татко ми, му испратив уште 50 долари за да ги измири трошоците. Во писмото од брат ми Спаско читам: Во Перт не слегувам јас за да го пречекам помалиот брат Ангеле, бидејќи ќе потрошам многу пари. Ангеле ќе дојде кај мене со еден мој пријател. Овде работат следниве волинци: Науме и Ристе Кожески, Ѓорше Лошкоски, Никола Војданоски, Димитри Маркоски, Диме Велјаноски, Љубе и Томе Јакимоски и Илија Илинкоски. Препорачано писмо добивме од татко ми и од братучедот Кристафил. Еве ги новостите: Трпо ви испраќат извод на родени, сакат да го земете и него во Австралија.Тој е малолетен, па не знам дали ќе успеам или не, но ќе пробам. (Документите од Трпе со плачење ги поднесов на 15. 12. 1970 година. Ја проколнував и судбината и самиот себе, зошто се откорнавме од татковината сите, особено еве и ова младо дете кое нема ни 18 години). Кристафил ми јавува дека се свршил за Вера Мартиноска од Мислешево, студентка на ВП во Битола. На свршувачката било многу весело, но на Кристафил не пошле да му честитаат неговите најмили: дедо му Никола, стрико му Љубе и сестра му Веса. Дедо му Никола и стрико му Љубе, останале затворени во одајче и не излегле и по молбата на Кристафил упатена до нив. Проодолжува |