|
|
ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ДЕЛА ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА |
Жири комисијата во состав на Мери Петковска (претседател),Славица Ристеска и Драгица Митев ги објави наградените дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2022 година организиран од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Конкурсот се организира за последните 45 години и има за цел да ги поттикне Македонците во Австралија да го промовира македонскиот јазик и ја задржува традицијата за негување на македонскиот пишан збор. За четирите категории пристигнаа 44 дела. Жири комисијата ја донесе следнава одлука: Трета награда: „Казна“ - Шифра: мајка, автор Наум Трајчески Песни за деца Првонаградена песна за возрасни: ОД ТУЃНА СТИГНАВ Ко уморена птица од туѓина стигнав. В растурено гнездо јас ноќта ја минав. Многупати ќерне се завртев в час. Наоколу гледав, не испуштив глас. Можеби по патот татко ми ќе мине, јавајќи на коњот дома за да стигне?! Бериќетот сакам повторно да никне. Мајка ми од негде " Сине!" да ми викне! Ветровите веат, прашина се крева. Во куќата наша сега има врева. Радувај се, село, со нас сите збрани- сонцето те грее од неколку страни! Потомци млади дојдени се тука, за баба и дедо срцето им чука. Дома да се врати не видоа дедо, не слушнаа баба да им каже: "Чедо!" Наум Трајчески
Првонаградена песна за деца: НОВАТА УЧИТЕЛКА Од како учителот во пензија појде на негово место учителка ни дојде. Се престави таа со презиме и име истото го посака да го сториме ние. Внимателно сите не прозива со ред зборовите и беа послатки од мед. "Ќе говориме денес за природата дечиња во гората знаеме има многу мечиња. Природата е мајка сите што не храни од секакво зло таа нас не брани". Ристе Петрески |