Среда, 15 Март 2023   
СУДБИНАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ВЛАШО ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (7)

1br12345678

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Да се пишува за заминувањето на моите родители од Македонија значи да се објасни некоја историја на промените што се случија таму. Еве временска рамка на работите што и беа направени на нивната татковина што несомнено придонесе за нивната одлука да се населат во САД:

● 1913: По Балканските војни, Грција ја анектира Јужна Македонија и започна насилна кампања на асимилација и грчко населување

● 1914 година, по Првата светска војна, до 1928 година: Започнува присилната хеленизација — културна и јазична асимилација — на македонските говорители. Почнувајќи од 1918 година, 825 македонски градови се преименувани во грчки. Во 1927 година се бара промена на македонските имиња и презимиња во грчки.

● 1930-тите: се палат македонските книги и документи; се менуваат натписите на јавните згради; гробиштата се урнуваат со булдожери. Натписите на гробовите се избришани уште во 1928 година.

● 1936: Јоанис Метаксас, како премиер на Грција, започнува кампања за целосно елиминирање на македонскиот идентитет и култура. Македонскиот јазик е забранет; илјадници Македонци се депортирани на островите Тасос и Кефалонија. До 1941 година.100.000 Македонци биле протерани од Егејска Македонија.

● 1944-48: Започнува масовниот егзодус од Егејска Македонија. Околу 44.000 македонски деца го губат државјанството и се сместени во бегалски кампови низ Источна Европа.

● 1959: Се појавуваат меѓународни извештаи за кршење на човековите права. Македонците во Грција се принудени да положат јазична заклетва со откажување од сопствениот јазик.

● 1991: Грција започна агресивна меѓународна кампања против ново независната Македонија, која се појави по распадот на Југославија. Нејзиниот прием во Европската заедница е одложен.

● 1993: Поради грчките приговори, Македонија е примена во ООН под името „Поранешна Југословенска Република“.

● 1993-1995: Грција наметна трговско ембарго на Македонија, речиси уништувајќи ја македонската економија, со што стапката на невработеност се искачи на 70 проценти откако македонскиот претседател Киро Глигоров одби да ги преименува земјата, нацијата и јазикот или да го промени уставниот член 47, во кој се прецизира дека „Република Македонија се грижи за статусот и правата на оние лица кои припаѓаат на македонскиот народ во соседните земји, како и на македонските иселеници, го помага нивниот културен развој и ги промовира врските со нив“.

● 1994: Хјуман рајтс воч објави обвинувачки извештај кој ги документира грчките злоупотреби врз Македонците, вклучително и прашањата за верската слобода.

● 1995: Потпишана е привремена спогодба. Грција ја принудува Македонија да се откаже од Сонцето на Вергина со 16 краци како свое знаме, тврдејќи дека и припаѓа на Егејска Македонија, област која била припоена на Грција.

● 2008: Грција стави вето на македонскиот прием во НАТО.

● 2008: Обединетите нации објавуваат извештај во кој се документира континуираното кршење на човековите права во Грција врз Македонците

● 2009: Грција стави вето на приемот на Македонија во ЕУ.

● 2011: Македонија го доби случајот на Меѓународниот суд на правдата против Грција. МСП пресуди дека Грција ја прекршила својата обврска од член 11, став 1, од Времената спогодба од 13 септември 1995 година.

● 2018: Децениското угнетување и енергичната кампања резултираат со Договорот од Преспа, кој ја принудува Македонија да се откаже од своето малцинство во Грција и да ги промени своите книги по историја.

И Бугарите од Балканските војни негираат дека постоиме како народ со свој јазик и култура. Тито ни го даде единственото место наречено Македонија, кое мораше да се бори за признавање и по Договорот од Преспа беше преименуван во Република Северна Македонија, што навистина мразам да го пишувам овде бидејќи тоа е Република Македонија.

Извори:

Историја на Македонија (History of Macedonia --  historyofmacedonia.org

Human Rights Watch -- hrw.org/legacy/reports/pdfs/g/greece/greece945.pdf

1br12345678

Судбината на прогонетите деца (деца бегалци) од Егејска Македонија

Во дијаспората

Можам само да ја замислам дискусијата во домот на семејството Влашо во Брезница за време на брзите промени што се одвивале и кои довеле до одлуката Илјо, Зисо и Кано да заминат за Америка. Интересно е што патувањето на татко ми се одвива во иста временска рамка кога Грција ја превзема контролата над нашиот регион и работи на тоа да ја избрише нашата историја и култура.

Татко ми си замина од Македонија пред Грците да почнат да ги менуваат имињата на луѓето и на селата и да издејствуваат тие да звучат и да изгледаат грчки. Дедо ми бил Влашо, а татко ми и неговиот брат Кано (Џон) никогаш не го сменија изговорот и пишувањето на нашето презиме, така што истото стои најмалку шест генерации.

Не сум сигурен дали чичко ми Кано се вратил во Брезница да се ожени, но верувам дека го сторил тоа, па потоа повторно се вратил во САД. На крај, почина во Екорс, во Мичиген. Другиот чичко се уште бил во Македонија во времето кога им се менуваа имињата и неговото презиме било сменето во Власис. Моминското презиме на мајка ми било Малта, и тоа било сменето во Малтас. Називот на нашето село исто така било сменето, од Брезница во Ватахорион.

Дедо ми Илјо, сепак на крај се вратил во селото. Но, што се случило со другиот брат и сестрите на татко ми? Сите тие заминале од Македонија и од селото.

Неговиот брат, Тодор Власис, емигрирал во Австралија со неговата сопруга, Лена.

Другата сестра, Велика, (мажена за Илјо Папагеоргиу), не беше веќе со нејзиниот сопруг, таа остана во селото се додеке не се укажа можност да отиде кај нејзиниот син во Чехословачка (сега Република Чешка).

И покрај сите лоши работи што се случуваа, за време на Партизанската војна во 1948 година, преку 44,000 деца бегалци (деца кои можеа да одат, а не беа доволно стари да се приклучат на војската) биле одземени од своите родители од Грција – понекогаш под изговор дека сакаат да ги заштитат за време на војната, преку роднини кои соработувале со нив, или понекогаш, само биле одземени. Расеани како семиња, некои од нив завршиле во бегалски кампови во Источна Европа, на локации како Скопје, Белград, Будимпешта, Прага, Букурешт, па дури и подалеку, како во Москва, Варшава и Ташкент.

Ова имаше навистина големо влијание врз моето семејство:

Двете деца на Тодор и Лена – моите братучеди Васил Власис (Бил) и неговата сестра Цана во тоа време биле однесени во Романија. Тие беа во можност да им се придружат на родителите во Австралија во 1956 година. Другата сестра, Софија, отиде во Русија и конечно се соедини со своето семејство во Австралија во 1968 година.

Продолжува 

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.