Среда, 22 Март 2023   
СТИБЕРА – ЕДЕН ОД ЗНАЧАЈНИТЕ АНТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТИ (11)

1luko123456

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Од училиштето се упативме кон куќата во која се родил Гога Атанасоски, или Танасоски, како што го викаа некои од селаните. Куќата е сместена на југоисточната страна од селото, во подножјето на Веслец и сега е сопственост на роднина на Гога. Куќата каде се родил и одраснал Гога е една од најбогатите во селото. Таму видовме гумно за вршење жито многу прецизно направено, на кое во средината е поставен воденични камен.

Гога ни ги покажа и просториите, кои сега се без покрив, а кои биле работна просторија за неговиот самоук дедо и каде ги правел сите земјоделски алати. Исто така, се напивме ладна вода од чешмата чија чиста вода ја донеле од планината и која ја направиле членовите на неговото семејство. Чешмата и денес им служи на селаните во текот на целата година да се снабдат со ладна планинска вода и да ги напојат говедата и овците.

Пред да го напуштиме маалото каде се родил и одраснал Гога, еден од неговите соседи кој вареше ракија, не покани да ја пробаме препечената комова ракија, каква во минатото правеле предците на Гога и другите селани во Марул. Во дворот на домаќинот се собраа и неколку други соселани и роднини на Гога, од каде имавме пријатна разделба.

Сите тие му посакаа добар пат и го поканија, пак, да им дојде. Но нивната желба беше наредниот пат Гога да дојде по идниот нов пат, кој ќе им ги скрати маките и ќе ги отвори портите на куќите кои се оставени на забот на времето. Фотографот Драган беше неуморен и направи многу фотографии, со што го овековечи враќањето на Гога Атанасоски во неговото родно место.

Од Марул тргнавме накај патот за Подмол и Канатларци. Притоа разговаравме за историските наоди во крајот на Гога Атанасоски. Имено, во непосредна близина на родното село Марул е откриено археолошкото наоѓалиште под име Павла чука. Овој локалитет е откриен во 1936 година, кога за првпат се вршени ископувања под раководство на српскиот археолог Никола Вулиќ.

Од 2007 година, пак, македонските институции надлежни за овие археолошки наоди продолжија со свои истражувања. Така се потврди дека таму има гробница изградена од поголеми камени блокови. Засводениот влез (дромос) на гробницата е со должина од 11 м, а со височина од 3,15 метри, додека централниот-внатрешниот дел има димензии 6х3,5 метри. Оваа монументална и уникатна гробница од македонски тип датира од IV век од старата ера (пред Христа).

Многумина сметаат дека таа е гробница на еден од дедовците на Александар III Македонски (Велики), недалеку од гробовите на дедовците на Гога Атанасоски. Оваа монументална гробница во подоцнежниот римски период била почитувана како вакафско (црковно) место.

Исто така, кога го поминавме Ерековци разговаравме за еден од најстарите локалитети во Прилепско - Чука кај селото Тополчани и Стибера кај селото Чепигово, кои се наоѓаат на неколку километри од родното место на Гога–Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Тие несомнено имаат значајна улога во настанувањето на националната култура и уметност во Македонија.

Така, Стибера која се наоѓа во близина на селото Чепигово е еден од најзначајните антички локалитети на територијата на Прилеп и пошироко. Стибера бил активен град од IV век пред Христа до III век од новата ера. Се наоѓал на патот од Скопје кон Хераклеја. Испитувањата на овој антички локалитет се започнати во 1953 година и траат до денес.

На овој старомакедонски локалитет покрај остатоците од градби како што се Гимназионот и Римскиот храм, најдено е голем број мермерна пластика, меѓу која се издвојуваат тринаесетте портрети и четирите културни статуи во природна големина. Многумина археолози сметаат дека Стибера било омилено место на Филип II Македонски.

Го продолживме патувањето од Тополчани кон Прилеп и за дваесетина минути стигнавме во градот на тутунот и мермерот. По патот размислував дека токму тие македонски антички градби околу родното село Марул, на Гога му пренеле генетска жичка и голема љубов кон минатото, сегашноста и иднината за сè што е македонско.

Застанавме недалеку од центарот на градот, на улицата „11 Октомври“ бр. 166. Бев љубопитен, а во исто време имав желба да направиме неколку фотографии од куќата во која Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски го поминал своето детство и дел од младоста. Тука неговите родители и тој се доселиле во 1963 година, кога имал само 11 години.

Се уверив дека таа е убава градска куќа и во убав дел на Прилеп. Притоа, Атанасоски ме информира дека првата нивна стара куќа била изградена во 1915 година на истото место каде е и сегашната градба. Старата куќата ја изградиле неговите прадедовци Стојан и Ризо кои биле доста зафатени, а се занимавале со трговија. Новата куќа, пак, во која сега живее Војне Атанасоски, ја изградил татко му Алексо.

1luko1234567
Камениот слон над Прилеп

Мојата посета на Прилеп и разговорите за минатото, сегашноста и идните планови на бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ ги продолживме во хотелот „Сонце ГА“.

Инаку, за живото и делото на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, Славе Николовски - Катин, е автор на неговата Монографија кое има две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а  е на македонски и на англиски јазик. Ова моногравско дело е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски денеска е еден од најуспешните бизнисмени во САД и во светот. Во 1970 година заминува за Америка (Њујорк) кај својот постар брат Јосиф. По само пет години ќе формираат своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија.

Седиштето на „Мајкрофрекс инк.“ (Microflex Inc.) е во Ормонд Бич на Флорида, чии наполно автоматизирани погони се распослани на над 16 илјади квадратни метри. Врвниот квалитет на флексибилните метални производи ги задоволуваат потребите на светски познатите: Форд, Крајслер, Џенерал моторс, Џенерал електрик, НАСА и други фирми ширум светот. Неодамна е почната изградбата на нови производни погони во Америка.

А господинот Атанасоски планира да го изгради и првиот погон во Македонија за да се задоволат потребите на ЕУ, НАТО и другите европски земји со производи од добро познатата и призната програма на "Microflex" потврдени со сертификати за стандардизација (ISO 9001).

Неодамна престојуваше во Македонија по што се уверивме дека тој навистина е прототип на Македонец кој со своето знаење, интелигенција, итрина и адаптибилност успешно се снашол во туѓина. Воден од љубовта кон Македонија и од нејзиното сонце, активен е и овде дома повеќе од десетина години и тоа во економијата, политиката, медиумите...

Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски, Големиот Џорџ, како милуваат да кажат неговите пријатели, е исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија. Тој, без сомнение, е еден од економски најуспешните Македонци во светот. Иако подолго време живее во Флорида, во Соединетите Американски Држави, од своето емигрирање до денес тој е длабоко и силно поврзан со судбината, вистината и настаните во Македонија.

Џорџ Атанасоски по националност е Македонец и православен христијанин по вера. Тој е еден од најголемите иницијатори и организатори на одбраната на ма- кедонското име, особено на македонското знаме од Кутлеш. Тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Северна Америка.

Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за можностите за македонски стопански, економски, културни и верски препород, како и за нејзиниот натамошен демократски развој како суверена самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.