Среда, 29 Март 2023   
ГОДИНИТЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ СОН ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (9)

1del12

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

По Втората светска војна, работите почнаа да се менуваат во Америка. Тие промени исто така дојдоа и во нашата фамилија. Татко ми немаше завршено ни трето одделение, но јас одев на колеџ. И иако немавме многу пари, станав еден од најдобро облечените момчиња во средно училиште.

Во првата година од средното училиште, моите родители ми купија пар фармерки Левис и една маица со кратки ракави, а мајка ми ми соши кошула. Таа ја соши кошулата на една стара машина за шиење која ја купивме од една сосетка, и се сеќавам дека требаше да отидам до кај еден друг пријател за да ми ги сошијат дупките за копчињата. Ги носев тие фармерки и ги менував маицата и сошиената кошула речиси цела прва година од средно. (Таа стара машина за шиење, патем, се уште е во нашето семејство, во домот на мојот син Винс!)

Веќе во втората година, работите се сменија на подобро. Брат ми работеше и имав повеќе облека. Но, драстичната промена со случи во трета година, кога ме ангажираше Диксон Тејлорс, кој изработуваше машки одела по мерка. Во тоа време беше мода момците да носат панталони изработени по мерка, а девојките здолништа изработени по мерка, доколу можеа тоа да си го дозволат. Диксон ме ангажираше мене да ги промовирам и да продавам панталони и здолништа на моите врсници.

За да можам тоа и да го сторам, во училиште носев панталони скроени по мерка и тоа секој ден различни. Од некој кој немаше што да облече, станав некој кој носеше најдобра облека од сите!

И кога наполнив 16 години, брат ми и родителите се договорија да купиме автомобил – солиден користен Понтијак. Се сметаше за семеен автомобил, така што повремено и јас можев да ги возам моите родители. Во јуни 1953 година, добив возачка дозвола и летото истата година ги возев моите родители и сестра ми 325 милји до Торонто во Канада, во посета на братот на мајка ми, кој таму емигрирал.

За некој кој имаше 16 години, тоа беше навистина големо прво патување со автомобил. И за мајка ми беше доста незаборавно – навистина емотивна повторна средба со единствениот член од нејзиното семејство кој можеше да го посети. Таа никогаш веќе не си ги виде родителите во Македонија. Не го видела брат ѝ уште од кога имала 20 години, а сега нејзиниот постар син веќе беше вработен, а помалиот се подготвуваше да студира на колеџ. 

Колеџ, со иднина пред себе

Требаше да се возиме четири часа до Универзитетот во Охајо во времето пред да се изгради автопатот 77, кој ќе ни го скратеше тоа време на два и пол часа. Всушност, во тоа време воопшто немаше автопати.

Универзитетот се наоѓаше во долината Апалачи (Appalachian Valley), опкружена со високите ридови на јужно Охајо, сместен во еден мал град Атенс (Athens) кој се протегаше на реката Хокинг (Hocking). Всушност, тој беше нарекуван и како „Харвард на Хокинг“ (Harvard on the Hocking), бидејќи бил дизајниран со ист изглед со ѕидови покриени со бршлен и со исти цели како дел од наставниот план како и престижниот факултет од Истокот.

Но, за разлика од Харвард, Атенс не беше во близина на некој вид транспорт кој би ме однел дома. Мораше да одам со автостоп, кое во тоа време беше вообичаено и многу побезбедно. Но, немаше директна врска, па морав да одам натаму-наваму низ државата, каде ме возеа и по тројца, четворица, па дури и пет различни возачи.

Или пак, ако имав среќа, можев да се возам со еден од побогатите студенти кои имаа автомобил и одеа накај север.

Во првата година, јас и Чарли делевме соба, живеевме во новиот – во тој период – студентски дом Ист Грин (East Green) и ги јадевме оброците во една стара воена касарна. Повоениот зголемен наталитет (бејби бум), ни беше зад грб и секоја празна зграда беше барана за живеење на студентите.

Се спријателив со еден Македонец од Кливленд, Ед Велков, и станавме добри другари – толку бевме блиски што луѓето мислеа дека сме братучеди, а ние ги остававме да мислат така. Не нарекоа „близнаците со златен прав“ (Gold Dust Twins), по една рекламна забавна кампања за популарен производ за перење.

Откако свечено се обврзав да влезам во Тета Чи (Theta Chi), заедно со Ед, можевме да живееме заедно во куќата на братството. Додека од друга страна, братучедот на Чарли го убеди да се придружи на друго братство, Сигма Ну (Sigma Nu), но тоа не му наштети на нашето пријателство.

1del123456

Дел од Универзитетот во Охајо

Се уште работев за да можам да си ги платам оброците и други работи што ми требаа. Овој пат, работев како келнер во ресторанот „Реинбоу“ во Атенс, кој беше во сопственост на фамилијата Анастас, кои беа Грци, потоа отворија и бар, и со тек на време, станав таму бармен.

Тука исто така запознав една многу привлечна млада дама која дојде да бара работа и која се викаше Џенет Констанс Сиарс. Почнавме да излегуваме заедно и бевме сериозни во врската, и потоа тивко се венчавме во 1958 година. Да се биде женет студент на колеџ не е лесно, понекогаш Џенет живееше со нејзините родители, а во други ситуации имавме соба или стан каде можевме да бидеме заедно. Во февруари 1959 година, се роди нашиот прв син Винсент Тод Влашо.

И Џен и јас работевме во „Реинбоу“ додека не пристигна Винс. Да бидеш студент на колеџ и татко, а и нов татко и да работиш, навистина не беше лесно, но сепак се снајдовме. Со сеќавам со нежност како го ставав Винсент на едната рака додека главчето му беше на дланката и се шетав по улиците на Атенс.

Тој само што наполни три месеци кога јас дипломирав, што беше уште еден многу голем ден. Јас сум првиот во моето семејство кој дипломирал на колеџ.

Додека да дипломирам во 1959 година, веќе бев женет и имав дете, така што образованието не ми беше веќе толку важно во тоа време како што требаше да ми биде.

Но, го ценев своето образование и со текот на времето работев на тоа и други да се запишат на универзитетот, а особено да работам на тоа да донесам Македонци да се образуваат, исто така.

 Основав огранок за алумни Сид Бекерт во округот Мајами (Трој, Охајо) со помош на Џек Елис, Дејв Скот и Глен Корлет на Универзитетот во Охајо.

Работев во меѓународната програма Катлерс Сколарс (Cutlers Scholars) (особено македонската програмата на Гуштеров) за студенти кои студираат за да можат да имаат влијание во нивните заедници.

Помагав на македонските студенти да го посетуваат Универзитет во Охајо во други програми како и во Катлер,

Работев за Проектот за глобална конкурентност (Global Competitiveness Project) помеѓу Универзитет во Охајо и Македонија.

Помагав во воспоставувањето на програмата за институционална соработка помеѓу Универзитет во Охајо и Македонија.

Продолжува 

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.