Среда, 05 Април 2023   
45 ГОДИНИ ПРОМОВИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

                                 1rvli1 2

Минатиот петок, 31 март, во библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј се одбележа 45 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“.  

На средбата членовите разменија сеќавања за минатите години кои ги поминаа во дружење и работење во промовирање и одгледување на македонскиот јаик и литература и промовирање на културните достигнувања во Македонија и Австралија. 

Исто така се прочитаа честитки кои пристигнаа од почесните членови и долгогодишните соработници со Друштвото како и од членовите кои живеат надвор од Сиднеј. Пораките беа јасни: Честит јубилеј Прличевци! Да ви се множат годините и успесите!

На средбата се забележа дека Друштвото со истоимената библиотека што поседува повеќе илјади книги кои се достапни за македонската заедница, посебна на младите кои го изучуваат македонскиот јазик, одигра важна улога во чување и одгледување на македонскиот јазик. Потоа издавњето на списанието „Повод“ како орган на Друштвото претставува стожер околу кој членовите ги промовираат своите креативни дела што се кулминира со издавачката дејност на литература од членовите. 

Досега Друштвото има издадено над 100 наслови од сите жанрови. Во Друштвото членуваат над 170 членови кои како дел од активностите на Друштвото и другите македонски асоцијации и Црковни Општини биле и сеуште се едни од главните носители на културниот живот на Македонците во Австралија. 

По повод 45 годишницата, членовите на Друштвото планираат повеќе културни активности, како издавање и промовирање на нови книги меѓу кои и Архивот на Друштвото, Монографија и сл. 

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.