|
|
СПИСАНИЕТО „ПОВОД 61“ – ПОСВЕТА НА 45ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА МЛД „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ |
Новиот број 61 од април 2023 година на списанието „Повод“ е посветен на 45 годишнината на Македонското лтературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Австралија и претставува значаен прилог и афирматор на постоењето и активностите на Друштвото, кое го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија Овој број на списанието „Повод“ за литература, култура, историја и општествени прашања, на насловната страница содржи фотографијата на метрополата Сиднеј со Операта и портрет од охриѓанецот Григор Прличев. Списанието е исполнето со содржини кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, како и на Македонците во Австралија кои се вљубеници во пишаниот збор и се почитувачи на македонскиот и англискиот јазик. Во почетокот на списанието е даден текст на англиски и на македонски јазик на претседателот Душан Ристевски, под наслов „Кратка историја на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Во него, меѓу другото, се вели дека Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ е формирано на 31 март 1978 година, со цел зближување и обединување на македонските иселеници во Австралија кои активно учествуваат во областа на литературата и да се зачува и негува македонскиот литературен јазик и македонската литература. Во изминатите 45 години Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ успешно одржува годишни наградни конкурси за поезија и расказ за возрасни и деца, преку кои се поттикнуваат да учествуваат поетите и раскажувачите; МЛД секоја година организира повеќе поетско-книжевни средби за одбележување на својот јубилеј, како и на деновите поврзани со „Илинден“, поетот Прличев, Гоце Делчев и други. Во текстот, пак, под наслов „45 години промовирање на македонскиот јазик и култура“, авторот Душан Ристевски пишува дека на 31 март (петок), во библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј се одбележа 45 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“. На средбата членовите разменија сеќавања за минатите години кои ги поминаа во дружење и работење во промовирање и одгледување на македонскиот јаик и литература и промовирање на културните достигнувања во Македонија и Австралија. Исто така, во текстот е поместен импозантниот список на 330 членови на Друштвото „Григор Прличев“; списокот н двеаеттина дописни членви, на десеттина членови кои учествувале на „Струшкиите вечери на поезијата“, кајо и сто десеттете книги чиј издавач е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ проследени со дел од фотоархивата на Друштвото. Во продолжение е поместени текстот на Ѓорѓи Сталев под наслов „Моите сеќавања за МЛД „Григор Прличев“ во кој, меѓу другодот, се вели „Во учебната 1983 година македонскиот Републички секретаријат за образование ме испрати во Сиднеј, Австралија, како советник или припомошник на Школскиот македонски одбор чиј претседател во тоа време беше Тоде Кабровски. Бев срдечно пречекан, претставен пред Одборот и пред соодветните австралиски просветни власти. Бев поканет од тамошното Друштво на македонските писатели „Григор Прличев“ да присуствувам на средбите со членовите. Тогаш се запознав со Душан Ристевски, Иван Трпоски, Бранко Наумовски, Јован Кокаловски и други. По извесно време од тамошната државна институција за образование ненадејно добив покана да напишам рецензии за 7 - 8 стихозбирки од членовите на ова Друштво. Дадов позитивен одговор, ми ги испратија збирките и јас ги реализирав тие рецензии (на англиски јазик). Авторите на прифатените збирки беа презадоволни“. Во текстот, пак, под наслов „МЛД „Григор Прличев“ – Столбот во чувањето на македонскиот културен идентитет во дијаспората“, Александар Донски ќе напише дека Душан Ристевски прв пат го видел во 1988 година кога давал изјава во емисија на тогашната ТВ Скопје посветена на демонстрациите на Македонците од Австралија против грчкаиот шовинизам. Таа емисија ја имал снимено на видео и често ја гледал, па така го запомнал неговото име. Неколку години подоцна дознал и за работата на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, а недолго потоа почна нивната интензивна соработка која трае до денес. Исто така е дадена Честитката по под 45 годишниот јубилем на Друштвото од познатата новинарка Фиданка Танаскова. Во пролжение се дадени двата текстови од авторот на овие редови Славе Катин под наслов „45 години успешно постоење на МЛД „Григор Прличев“, во кој се вели дека тоа е прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Тоа беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата. Во текстот, пак, под наслов „Другарски и пријателски средби со членови на Друштвото е забележано следното; „Моето другарување со членови на Литературното друштво „Григор Прличв“ од Сиднеј започна уште во времето кога бев уредник во списанието „Македонија“ на поранешната Матица на иселеници од Македонија. Се сеќавам, мојот учител во новинарството и публицистиката и главен уредник на списанието Христо Андоновски, кој многу ме почитуваше, ми рече: „Катин, ти си дојден од Канада во Маакедонија и најдобро го познаваш иселеништвото. Затоа, ти и Радмила Трифуновска ќе се грижите за иселениците кои ќе дојдат кај нас, особено за оние кои пишуваат и се чувари на македонскиот јазик и вистината за етничка Македонија“ По повод 45 годишнината на Друштвото амбасадотот м-р Мартин Треневски ќе напише дека убаво е чувството кога се навраќаме на значајни годишнини и јубилеи кои оставиле длабоки траги и сеќавања во нашите души. Особено пријатно е тоа чувство кога значајните датуми се поврзани со некого лично, а за тоа придонесле личности и настани во времето кога се случиле, а сеуште длабоко, многу длабоко се врежани во сеќавањето на човека! По повод 45 годишнината на МЛД „Григор Прличев“ се дадени текстови од познатите личности во литературата: Васил Тоциновски, Ѓорѓи Лазаревским од Македонија и Гордана Димовска во име на членовите на МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн, а следи песната „Кога тргнав во тугина“ од Наум Трајчески. Посебен простор е посветен на текстоите по повод 45 годишнината на МЛД „Григор Прличев“ од познатиот публицист и сопственик на порталот „Политекон“ од Сиднеј, Виктор Бивел, потоа од д-р Васил Тулевски, кој вели дека тие, постарите членови на друштвото ги поставиле темелите на кои помладите генерации ќе можат да се надградуваат и продолжат да го негуваат македонскиот збор и го бранат Македонското битие. Нека друштвото продолжи да живее вечно! Исто така се поместени честитките по повод јубилејот на Друштвото од поетите: Оливера Јовановска од Македонија, Саво Костадиновски од Германија, Радојка Трајановски, Тоде Кабровски и Љупка Митриќевска од Австралија, а се поместени песните „Лазарки“ од Иван Трпоски, „Сеќавање на Григор Прличев“ од Оливера Јовановска, „Возвиши се Григоре“ од Крсте Наумоски, „Поклон за ГригорПрличев“ од Гордана Димовска и „Григор Прличев“ од Наум Пауноски. Во овој јубилеен број на списанието „Повод“ е поместен текстот за новата книга против големобугарската пропаганда од познатиот автор Александар Донски, кја е на англиски јазик и за која, меѓу другото се вели: „Книгата е објавена само во електронска форма и истата веќе е испратена на сите над 700 членови на Европскиот парламент, на сите амбасади во нашата држава и на други меѓународни институции и поединци, а поставена е и на бесплатно симнување на интернет. Во книгата авторот Александар Донски, преку релевантни цитати, главно од бугарски и странски извори, на едноставен начин објаснува зошто Македонците никогаш не биле Бугари ниту во историјата, ниту денес“. Во продолжение се дадени текстови за изложбата на Билјана Јуруковска во Сиднеј од Иван Трпоски и за културната средба во Торонто, Канада за промовирањето на делата „Американски син на Македонија“ од Лу Влашо од САД, “Творештвото на Славе Катин“ од Душан Ристевски-Македон од Австралија и монографијата за „Силјан Мицевски“ од Славе Катин од Македонија во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски, што го напиша познатата новинарка и естраден уметник Соња Лозановска, главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ во Торонто, Канада. Посебен простор е посветен за познатиот артист Васко Србиновски, кој е познат и признат како најдобар актер од Дијаспората. Својата кариера ја започна пред триесет години во Волонгонг со Македонскиот театар од Илавара. Играл главни улоги во повеќе театарски претстави во Македонскиот театар “Благоја Нешковски“ од Илавара (Волонгонг), во Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и други На крајот е поместен текст за Македонското етничко училиште „Никола Карев“ во Боренинг (Сиднеј), во кој, меѓу другото, се вели дека ова училиште е отворено на 11 февруари 1997 година. Тоа го финансираат родителите, а добива помош и од Министерството за образование на Нов Јужен Велс. Иницијатори за формирање на ова училиште беа Миле Швигер, Војче Митковски, Аница Георгиевска а први учители беа: Сузана Стефановска, Елизабета Стојановска, Дијана Ивановска и Соња Старковска. Училиштето беше отворено со цел македонското население кое живее во тој дел од градот Сиднеј да можат да ги носат нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик и да се запознаат со македонската историја, култура и традиција. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |