Среда, 31 Мај 2023   
ПАТУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И ПРВА ПОСЕТА НА СЕЛОТО БРЕЗНИЦА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (18)

1vl91

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО - АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“ 

Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е издание на „Македонска искра“  од Скопје, отпечатено во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Тоа е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави 

Животната приказна на семејството Влашо е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на дедовкста татковина – Македонија.

Ние Македонците во етничка Македонија и насекаде по свeтот, заедно со нашите соседни нации и држави, треба да бидеме горди што бројни факти од досегашните историски, научни, културолошки, археолошки и иселенички наоди и вистини потврдиле, дека на голем број личности со балканско, европско и светско значење, корените  им се и од Македонија.

Сето тоа треба нас Македонците да не поврзува и зближува со балканските соседни држави и нации, а не да не разделува, како што се примерите со договорите за „добрососедство“ со Грција и Бугарија, заедно со „напатствијата“ од Албанија, Заборавајќи ја eдна од најголемите христијански заповеди кoja гласи: "Сакај го ближниот како што се сакаш себе си"

Монографското дело Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.

Монографијата, главно, е наменета за идните генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат воСАД, со цеп да нв ги заборават сопсгвените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и нсторијата на семејсгвото Власхо со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа 

Мислев дека патување на мојот живот ќе биде денот кога всушност ќе ја посетам Македонија. Тоа време, се уште бев во Хобарт, работејќи со еден релативно нов потпретседател и главен финансиски службеник, Чак Соломонсон. Тој, според моето мислење, беше првиот професионален извршен директор однадвор.

Тој имаше искуство; беше главен финансиски директор на друга компанија. Беше навистина добар човек. Не само тоа, тој ми стана и многу добар пријател.

По некои настани од Хобарт во кантри клубот на Трој, ќе седевме на клупата на игралиштето за голф кај првата дупка, и ќе си правевме муабет. Многу научив од него за тоа каков навистина треба да биде еден извршен директор.

Во 1979 година, требаше да одам за Европа од Хобарт и знаев дека тоа е вистинското време да се обидам. Го прашав Чак дали постои можност да се оди во Грција, бидејќи сакам да го посетам родниот дом на моите родители.

„Ќе направиме нешто,“ рече тој. И ми рече да му се јавам на грчкиот дистрибутер и со него да договорам обиколка на капацитетите во Атина.

Сепак, тоа требаше да го направам на враќање. Прво, со авион отидов од Германија за Солун – сегашно Тесалоники, но ако погледнете во старите мапи, тогаш беше дел од Македонија.

Мојот чичко и сопругот на мојата тетка дојдоа да ме пречекаат на аеродромот. Тие беа најшетаните во целото семејство таму. И двајцата имаа заминато од земјата, едниот за Полска, а другиот за Русија кога беше војната на партизаните кон крајот на 1940-те години. Но, откако се вратија во селото, немаа одено на многу места. Така да ова беше и за нив еден голем настан.

Се качивме на воз – со мотор на пареа! – од Солун до Лерин (сега името му беше сементо во Флорина од Грците), патување со воз кое траеше околу три часа за да се поминат околу 120 милји. Возот беше полн со патници, и на мое изненадување, сите зборуваа на македонски јазик. Си мислев дека со грчкото владеење, тие сите ќе зборуваа грчки јазик. Ми олесна, како и да е не знаев да зборувам грчки јазик.

Од Лерин, со такси отидовме во Брезница. А и тоа не беше кратко возење, имаше 26 милји, 40 минути возење во регионот на Преспа, кој е планински. Додека да стигнеме, падна ноќ, и не можев добро да го видам селото на моите родители се до наредниот ден.

 Бев во село, но се чувствував како да сум во сред пустина. Немаше улично осветлување, немаше продавници, ниту една работа што може да се види дури и во малите села.

 Брезница сега се викаше Ватохорион, променетото име е од грчката влада за време на кампањата која ја организираше при насилна асимилација. Тоа започна по 1918 година, со менување на називите на градовите како Брезница, а беше уште позасилено во 1928 година за да се сменат сите топоними, вклучувајќи ги натписите на зградите во грчки. На крај, во 1936 година, извршија хеленизација на сите лични и семејни имиња на македонските жители како и на самиот град, училиштата мораа да предаваат само на грчки јазик. (извор: Makedonija.info)

Но, не сум сигурен дека во денешно време луѓето што живеат таму го викаат Вахаторион наместо Брезница, дури и дел од грчката туристичка литература се уште го нарекува Брезница.

Бев навистина изненаден од тоа колку е мало селото на моите родители. Кога ја слушав мајка ми кога велеше дека се мачеле, колку далеку требало да одат за да стигнат на училиште, јас си мислев дека е многу поголемо.

Всушност и било поголемо.

Областа неверојатно се намали. Кога моите родители растеа, населението таму беше близу 770, што беше бројката на пописот во 1940 година. До 1951 година, беше пријавено бројка од 232 жители. („Студии за грчката историја на грчката граѓанска војна 1945-49“ од Ларс Беренцен, Џон О. Иатридес, Оле Лангвиц Смит, 1987, стр. 80)/(“Studies in the Greek History of the Greek Civil War 1945-49” by Lars Bærentzen, ‎John O. Iatrides, ‎Ole Langwitz Smith, 1987, p. 80).

Полни срца, но празно село

Додека да дојдам јас таму, бројот на жители веќе одамна се намалил под таа бројка; во пописот во 1991 година, беа заведени само 51 жител. („Лерин во жалост“, од Анатас Тане Маумовски, превод Елизабет Колупачев Стјуарт, 2014, стр. 87) Тогаш во селото живееја само шест луѓе преку целата година. Повеќето од тие импресивни покриви од црвени глинени ќерамиди беа врз празни градби.

Денес, никој не живее во селото преку целата година.

Меѓутоа, вујко ми сè уште живееше во семејниот дом на мајка ми. Беше прилично скромно: една сијалица во главната просторија, во дневната соба. Една славина за вода, но не кујна како кога помислуваме на една кујна, со апарати.

И, ете, еден телевизор.

Ги запознав и тетките, сестрата на мајка ми и жената на нејзиниот брат. Запознав неколку братучеди, сите од страната на семејството Малта; во Брезница не остана ниту еден Влашо. Прекрасно се забавувавме таа вечер зборувајќи за тоа како секој од нас дојде до местото каде што е сега и што прават членовите на нивното американско семејство.

Не можам доволно да им се заблагодарам на моите родители што ме научија да зборувам на јазикот кое е мое наследство.

Мојата спална соба беше горе во соба за која ми кажаа дека мајка ми и дедо ми спиеле во различни периоди. Целиот втор кат го имав за себе. Но, тоа не е особено добра работа кога бањата е надвор!

Наутро, се прошетав низ селото. Планините Скирка, која беше карпеста и Буче, која беше покриена со шума, (двете се дел од планинскиот венец Пинд) беа токму каде што ми кажале дека се. Имаше две или три крави, и мораа да ги носат на паша во поле. Кравите беа индивидуална сопственост, но сите ги делеа одговорностите. Некој ги носеше кравите на пасење секој ден. Се пошегував дека и јас ќе мора да ги однесам еден ден на пасење додека сум таму, но никогаш не дојде ред. Сепак, кога следниот пат дојдов во посета, немаше веќе крави.

Сакав да го видам имотот на семејството Влашо, и ја разгледавме околината за да утврдиме каде можеше да биде куќата. Сега немаше куќа. Беше уништена, бомбардирана во една од војните. Бев крајно изненаден кога видов колку е блиску до домот на родителите на мајка ми, мислев дека мајка ми морала да помине поголем пат за да се пресели кај свекорот и свекрвата.

Мајка ми исто така зборуваше дека работела во локалната градина. Мислев дека и таа е многу далеку. Како младо момче кое растело во САД, мислам дека замислував дека сето тоа е поголемо.

Црквата, македонска црква, се уште беше таму, со бела фасада и мало кубе, со малтерисана ограда околу црковниот двор. Сека, се разбира, беше грчка православна црква. Тоа време, ретко се оддржуваа богослужби – главно имаше венчавки или погреби. Но, на неа се сеќаваше брат ми. Стив никогаш не зборуваше за Македонија; беше како да не сакаше да знаеш дека тој некогаш живеел таму. Но, се сеќаваше дека еднаш беше во голема неволја кога пукаше со пиштол на каписли во црквата.

Продолжува 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.