Среда, 09 Август 2023   
Промовирана книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски

Dusan12

Во Македонската академија на науките и уметностите промовирана книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“ од авторот Иван Трпоски

Творечките 45 лета на македонските ентузијасти

Во хрониката на позначајните настани од културата во главниот град, деновиве во Скопје беше одржана  промоција на книгата „Од архивите на Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј“, дело на познатиот автор и активист Иван Трпоски, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите.

Книгата која беше претставена, е извонреден документариум, хроника и убаво обликуван приказ и доказ на издавачкиот опус и на севкупната активност во 45-те години постоење и дејност, на една од најпознатите македонски писателски асоцијации на петтиот континент.

Тој е групен портрет на 350 творци, почнувајќи од упорниот и неуморен претседател Душан Ристевски, и сите заедно, кои во изминатиот  речиси половина век направија толку многу, а толку далеку од родната земја. Преку, творештвото на мајчиниот македонски јазик,и низата други активности, тие го афирмираат и негуваат и македонското име и македонскиот етникум во Сиднеј, Нов Јужен Велс и пошироко.

На промоцијата се обрати и претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, кој истакна дека оваа книга сведочи и за непокорот,и за спротивставувањето на разнебитувањето на Македонија. Со порака : да продолжи успешната мисија во јакнењето на тој непокор и одржувањето на нераскинливата врска со татковината.

Претставувајќи ја книгата, проф. д-р Елка Јачева Улчар потенцираше дека пред 45 години група ентузијасти во туѓа земја, далеку од дома, се здружиле, се обединиле и го формирале ова Литературно друштво, па нивната  голема мисија продолжува и во времето идно.

Авторот Иван Трпоски, чии роднокрајни корени се охридски,и кој е  добитник на повеќе награди и признанија, направил дело за почит и респект.     

Dusan1

Фиданка Танаскова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.