|
|
Спектакуларен македонски фолклорен фестивал во Малени, Квинсланд |
Спектакуларен фолклорен концерт (vorkshop), се одржа во Малени, Квинсланд, Австралија, планинско гратче, оддалечено околу 100 километри северно од Бризбен, на 18 мај 2013 година, од 19.30-23.30 часот. Предавач и раководител беше познатиот и многу популарен македонски фолклорист и кореограф, Јорго Капорис (Yorgo Kaporis) од Сиднеј, лидер на фолклорната група “Балкан-танцовна работилница”, членка на австралиската асоцијација “Фолклорни танци на Австралија”, во соработка со музичката група “Линзи Полак музичка група” од Тин Тин, Квинсланд, Австралија, кој беше организаторот на концертот со учество на 23 музичари.
Кој е Линзи Полак? Линзи Полак го запознав на почетокот од втората половина на 80-ите години од минатиот век на свечености, како за Илинденското востание, кои се одржуваа секоја година во просториите на Македонската општина во Норт Перт, Западна Австралија. Линзи свиреше на неколку дувачки инструменти меѓу кои беше и гајдата. Линзи имаше придружба од 5-6 девојки кои го пратеа насекаде во Перт и околината, а во викендите свиреше и пееше, како во Фремантел маркет (необичен пазар) полн со дуќанчиња за храна, сувенири и сл. Тие пееја македонски песни. Еднаш на една од прослевите, еден средновековен Македонец, кој не знаеше добро англиски, кога ги чу девојките како пеат македонски песни, солзи му потекоа од одушевјување. Како е можно Австралијанки да пеат македонски песни!? Навистина и Австралија има свои таленти за фолклор, само треба да присуствуваат на часови за да се откријат. Линзи Полак, вештините со свирање на гајда на македонски песни, како и производство на гајди, ги научил од братот на Атанас Коларов познат солист во ансамбалот “Танец” од Република Македонија, кој беше близок пријател и соиграч на Георги Џорџ Томов. И двајцата емигрираа во САД, во Њујорк, во втората половина на 60-те години од минатиот век. Оваа вечер донесов со себе извесни материјали, како што се копии од страниците 56-61 од мојата книга „ТНМР Движење од Австралија“ издадена во 2008 година, на кои страници пишувам за Линзи Полак, за поедини негови учества на мултикулрурни фестивали во Перт, во паркот на населбата “Норт Перт”, каде секоја година се одржувааше фестивалот. Во тие страници има фотографија од Линзи, каде свири на гајда и други фотографии од фолклорни и музички групи од други етнички националности со нивни национални костуми. При покажување на останатите копи, како информации за називите и содржините на моите историски книги и книги за македонски човекови права, како и дела со национално политички содржини, кога дел од присутните музичари на Линзи прочитаа дека Македонците не се Грци, гласно коментираа, дека Александар Велики е Македонец, а не Грк. Тогаш пријде и Јорго. Кога Јорго го виде Георги Џорџ Томов на една од фотографиите извикна со пријатно изненадување: „Тоа е Џорџ од Америка, јас присуствував на неговите часови кои ги држеше 1993 година во Аделаид…“
Со посебни методи за брзо учење на македонски и балкански ора, Јорго, со голем успех ги научи учесниците на фестривалот, кои не пропуштија ниту едно оро. На фестивалот учествуваа околу 250 љубители на македонски и балкански народни песни и ора. Повеќето од присутните беа членови на интернационални фолклорни групи од Нуса, Намбор, Бризбен и други околни места од Квинсланд, како и неколку фолклористи од далечното Северно гратче Таунсвил. Еден дел од присутните беа облечени со фолклорни алишта по сопствени желби, за да се разликуваат од други учесници со скојдневни облеки. Најкарактеристично за фестивалот беше методот на изучување на ората, според педагошките принципи од полесно кон потешко, од побавно кон побрзо, се’ додека сите не ги научат одредените движења на ората. Секое оро беше пропратено од 25 мизичари, кои со различни музички инструменти, беа диригирани од познатиот музикант на Македонците, Линзи Полак. Јорго Капорис ја објаснуваше карактеристичната содржина на ората, за чекорите и движењата на телото од каков карактер е орото, што претставува, кога е весело, љубовно, хумористично или оро со елементи од секојдневијата, поврзано со поедини професии… Во врска со песните, кои со звуците на музиката беа оригинални македонски, македонските зборови ги преведуваше на англиски, а за време на целото оро песните ги пееше на оригинален македонски јазик. Така учесниците имаа претстава за чекорите на соодветното оро, што преставуваат движењата, текстот во песната и кои музички инструменти се користат. Песните и ората кои Јорго ги претстави на фестивалот, а кои се околу 25 во специјална касета, ќе набројам неколку од нив: Најпрво полесните ора „Јовано Јованке“, а подоцна и потешки и покомплицирани, како што беа „Касапско“, „Богдани“, „Битолско Право“ и други македонски ора со песни кои Јорго ги пееше, а поединци и учесници кои знаеја по некој збор од песната, го пратеа. При тоа, Јорго не пропушташе да нагласи дека соодветното оро и песната потекнуваат од карактеристичен дел на Македонија, како што е од Пиринска Македонија, од Егејска Македонија или од Република Македонија. Исто така, подетално ги објаснуваше и балканските ора. Во врска на поедини оригинални македонски ора, кои денес се изведуваат во Егејска Македонија (Северна грција), како и истите или слични македонски ора во Пиринска Македонија (Бугарија), се изменети со што попримиле Хеленски, односно Бугарски карактер. Јорго со разочарување неколку пати објасни дека му е многу мака што на Македонците во денешна Северна Грција, владата од Атина не им дозволува да зборуваат и да учат македонски мајчин јазик. Јанко ТОМОВ |