|
|
Дали ОМД и во Скопје ќе го повтори успехот од Вашингтон? |
Колку што се наближува времето за одржување на 4-тата конференција на Обединетата Македонска Дијаспора во Скопје, Р. Македонија на 24-27 јули 2013 година, толку интересот во јавноста е се поголем и поголем. Членовите на оваа најуспешна македонска организација надвор од Македонија со нетрпение го очекуваат нејзиното отворање. Понудената програма, која навестува интересни теми за учесниците, особен приоритет ќе и се даде на темата – 100 годишнината од поделбата на Македонија во Букурешт, за која од излагањата на плејадата лично ќе бидат запознаени врвни професори и експерти по историски науки. Покрај предавањата предвидени се и дискусии на учесниците, средби со државни и странски дипломати, вечерни забави, патнички тури и секако Гала вечерта на која ќе бидат доделени повеќе признанија на заслужни активисти од македонската заедница, како и на поддржувачи и соработници од пријателски земји. Интересно е што ОМД организира и групни излети низ Скопје, низ Благоевград, низ Охрид, Струга и Пустец,низ Битола и Воден и низ познатите винарски визби на македонското повардарие. Убаво е да се види и чуе с# што е добро и е во интерес на Македонија и Македонците. А тоа без сомнение ќе ни го овозможат вредните организатори на ОМД. Се надеваме дека и овој пат ќе понесовме прекрасни спомени какви што понесовме од 3-тата конференција која што се одржа во Вашингтон во 2011 година. Како што сме информирани од Штабот на ОМД, учесниците на конференцијата во Скопје меѓу другите ќе ги поздрави и министерот за надворешни работи на Р. Македонија, г-динот Никола Поповски. Колку за потсетување на читателите, на 3-та конференција во Вашингтон во 2011 година, македонската делегација од Австралија ја сочинуваа следниве лица: Даме Крцоски, Роберт Пасквале, Цане Спасески (Перт), Ананија Ананиевски (Мелбурн), Здравко и Тони Јошески, Виктор Бивел и Иван Трпоски (Сиднеј).
Иван Трпоски
|