Среда, 29 Мај 2013   
Во Сиднеј драмата БОРЕЊЕ СО МЕЧКА - WRESTLING THE BEAR се прикажа на англиски јазик

Минатиот вторник, 21 мај, бев сведок на прикажувањето на англиски јазик на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу. Да бидам искрен бев возбуден не само од самиот настан, туку и од извонредната драмска престава која ги воодушеви присутните Австралијанци, повеќето здравствени работници.

borenje-so-mecka-1

Во прекрасниот Civic Theatre во Хрствил, градско предградие на Сиднеј, екипата на австралјанско македонскиот театар од Сиднеј покажа дека нивната актерска и артистичка способност блесна на англиски јазик и ме направи да се чувствувам горд Македонец што на културно – театарско поле им покажуваме на Австралјанците дека сме нација со богата театарска култура од антикот и дека социјално – здравствените пораки ефективно можеме креативно да ги пренесеме до публиката. Публиката беше воодушевена од настапот на целата екипа која динамично презентира една реална слика на две семејства растргнати меѓу стравот и желбата да се победи најлошата болест. Покрај комичните моменти преовладуваше трагедијата – реалноста со која се соочуваат семејствата кога се борат со „мечка“.

Прикажувањето на драмата беше официјално отворена од професор David Currow, директор на Институтот за рак на Нов Јужен Велс. Потоа следеше професор Liauw, клинички директор на Одделот за рак во Јужно-источниот дел на Сиднеј кој нагласи дека здравствениот систем претставува како лавиринт низ кој многу тешко луѓето се снаоѓаат. Генералниот менаџер на Здравствениот оддел од Јужно-источниот дел на Сиднеј, Terry Clout, нагласи дека театарот како културен пристап е многу културно ефективен начин во пренесување на здравствените пораки и ваквите иновативни проекти се единствени во Австралија. Со тоа се започна кампањата наречена ‘Alive and out there - Живеам и понатаму’ наменета за македонската, арапската и грчката заедница. Драмата „Борење со мечка“ е дел од оваа кампања и ќе има водечка улога во припремање на материјал за обучување на здравствените работници во Австралија.

borenje-so-mecka-2

Да се надеваме дека и оваа драма ќе постигне интернационално признавање како драмата „Страв и срам“ за која се јави интерес да биде применета како драмски приод за намалување на стигмата во Индија и Катар.

Меѓу присутните убаво е да напоменеме дека беше и Д-р Маја Цветковска, претставник од Австралиско-македонската Докторска Асоцијација за НЈВ.


Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.