Среда, 05 Јуни 2013   
Гордост е да се родиш и да умреш за Македонија

gordana-dimovska
Пишува: Гордана Димовска

И покрај сите внатрешни делби и препреки, македонскиот народ и народности отсекогаш  тежнееле за слободен живот без ропства и туѓи влијанија. По многу бурни настани во минатото оставено е многу за науката да испитува, историјата да бележи, генерациите да паметат и почитуваат.

Со развојот на интернет мрежата и појавата на форуми, и социјални мрежи, секојдневно сме во можност да прочитаме нови статии, колумни, како и  изразување на патриотските чувства преку пораки, песни, аманети, цитати од познати историски имиња. Тоа е уште една предност на интернетот со чија помош корисниците обелоденуваат нешто ново,нешто што долго време не било достапно или пак одредени институции, политичари и други центри на моќта, го кријат од  јавноста.

“За да се пишуваме Македонци крвавеле мажишта, за името Македонија се крикало и се пекало, за Македонија брат на брата рака кревал,другар од другар се делел кога ја бранел својата вистина за Македонија. Во радост и во с‘клет, во добрини и искушенија гордост е да се родиш и да умреш за Македонија“ . Со овие силни зборови, македонскиот глумец Илија Милчин ја заврши емисијата “Македонија низ вековите“ и се збогува со  дваесетиот век

И  покрај слободата и независноста во 21-виот век, сепак во земјата се појавуваат препреки кои го кочат економскиот развој на земјата и формираат ситуација  на безизлезност. Тие кои успеале некогаш да не разделат, не ги оставаат на мир ни денешните генерации. Поставување на посебни услови за Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, се еден пример како големите сили уште ги имаат “картите в раце“ и ја ставаат земјата во ситуација да се обезличи. Често пати слушаме како секоја генерација има своја борба. Дали тоа треба да значи дека некој  треба вечно да се бори за да ги исправува грешките на своите претходници?  И така со години, и векови. Дури и децата во иселеништво покажуваат интерес и грижа за татковината на нивните родители. Што може човек да заклучи кога ќе слушне како прашуваат прашања од типот: зошто се дозволи токму  Македонија да биде поделена, зошто се сменило знамето, зошто грците го нарекуваат Александар Македонски, Грк, која е симболиката на македонското знаме.

Вистински, идни амбасадори  кои  преку изучувањето на јазикот се побогати за уште едно културно и историско наследство.

Ако јужниот сосед и во услови на банкрот покажува единство во остварување на нивните барања, зошто ние не можеме да го сториме истото. И кога се знае се, и кога се има развиена свест за тоа како треба да се штитат македонските национални белези, што се случува? Се  носат закони со кои им се угодува на соседите, се потпишува рамковен договор, се променува знаме, па ФИРОМ налепницата,  и се водат преговори да се промени и државното име. Значи, наместо да се браниме, ние им помагаме да си ја дозавршат започнатата работа.Народот е психолошки измачен од вакви ситуации, и секогаш на секој можен начин реагира и укажува на значењето од зачувување на нашето уставно име Република Македонија. Иако многупати е речено дека народот е ‘единствен господар и наследник на Македонија‘, од настанатите ситуации со т.н спор со името се добива впечаток дека тоа право на сопственост да не може да се ужива. Постојано во страв да не се случи губење на македонското име а со тоа и македонскиот идентитет. Се чини дека сите знаме што сакаме но не знаеме како да го добиеме тоа што го сакаме. Патиштата до успех и задоволување на правдата, се уште се енигма.

Човекот во себе носи некоја неисцрпна сила, која треба да ја употреби за уривање на сите пречки кои се спритвставуваат. Историјата на секој народ, не само на македонскиот е борба на светлината со темнината, борба на правото со силата. Со праведноста на своите дела, се добива тоа што се сака. Сите правни експерти, историчари,академски организации,институции и лоби групи со заедничка соработка би требало силно да го зајакнат одбранбениот механизам и да се спротивстават на секакви обиди за дискриминација и омаловажување на македонската нација. Ако не е доволно тоа што досега е направено, можеби е знак дека се потребни промени и укажување на грешки од минатото.  Можеби само така ќе бидеме и ние силни и единствени како јужниот сосед па ќе успееме во нашите напори да го зачуваме и добиеме она што ни припаѓа.

И покрај обидите на угледни странски пратеници да ја обелоденат вистината за Македонија, сепак се случи таа кобна поделба  со Букурешкиот договор.  Со тешки последици , разнебитување на македонското ткиво, психолошко делење на народот. Но и покрај тоа, Македонците изодија долг и трнлив пат и не треба да дозволат никогаш и никој да ги раздели.

Во овој прилог  вредно е да се спомене заложбата на францускиот пратеник Франси Де Пресансе  во 1903 година кој го изјавил следново: „Бевте погодени од чудниот и скандалозен однос на Грција денес, Таа сакаше да го наметне мислењето дека сите оние кои се борат во интерес на целото население во Македонија, од османлиите до Албанците, за да ги извојуваат основните гаранции за живот, дека ние ги помагаме за да воспоставиме превласт на некој ентитет врз другите раси кои исто така живеат на тлото на Македонија. Тоа што јас го сакам, тоа што ние го сакаме, е состојба која ќе биде подеднакво праведна за сите раси што живеат во таа земја. И ние имаме право да се свртиме кон Грција и да и кажеме: Какво чудно и какво жалосно однесување! Ова и до денес не се променило. Но не треба да се заборави на жртвата која ја дадоа нашите претци за да се дојде до слобода. Нивните идеали се наша заклетва.

Превземено од Радио Илинден - Мелбурн
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.