|
|
Во Велехрад- Чешка, изложба на македонски ракописи |
Низ звуците од Златоустовата литургија и со благослов од Архиепископот Г.Г. Стефан и Папата Франсис и со претставници на Католичката црква во Велехрад- Чешката, изложбата македонски ракописи ја отвори амбасадорот на Р. М. во Чешката Република Паскал Стојчески. Изложбата Manuscripta Glagolitica содржи експонати на глаголично и кирилично писмо, вклучувајќи и репродукции на вредни ракописи од Македонија, денес во збирките на НУБ Св. Климент Охридски и други библиотеки во светот и ќе биде отворена до крајот на месец јуни. За проектот и македонското ко- партнерство во прославувањето на јубилејот зборуваше Гоче Мирчевски, претседател на Македонската заедница во Чешка, а за мисиите на светите браќа Кирил и Методиј со посебна нагласка на првата - Брегалничката мисија говореше амбасадорот Мартин Треневски, истражувач и голем почитувач на солунските браќа. Треневски посебно се задржа на сознанијата во голем број житија за светите Кирил и Методиј дека првото словенско писмо - глаголицата и првите црковни книги на старомакедонски односно старословенски јазик се напишани за потребите на Македонците во Струмичко - Брегалничката област. Истиот ден попладнето во епископскиот центар Оломоуц се одржа голем собир на Македонците - деца бегалци од егејскиот дел на Македонија кои ги одбележаа трите годишнини: 110 години од Илинденското востание , 100 години од поделбите на Македонија и Букурешкиот договор и 65 години од егзодусот на Македонците од Беломорска Македонија.
|