Среда, 10 Јули 2013   
Штипска здравица за дипломати од сто земји

_______3Во отава се пречекува со македонско вино

На Свечениот годишен прием организиран во чест на новопристигнатите дипломати во Канада, а под покровителство на Градоначалникот на Отава, се пиеше македонско вино во комбинација со индонезиска храна. Штипскиот Мерлот од Езимит беше здравицата, со која дипломатите од сите континенти, ја започнаа својата кариера во Канада.

Собирот е во организација на Дипломатската Асоцијација во главниот град на Канада, а од годинава е под покровителство на Градоначалникот на Отава, Џим Ватсон.

Во рамките на собирот на сите новопристигнати дипломати им беше поделен Прирачник со корисни информации за животот и работата во оваа метропола. Свое обраќање освен градоначалникот, имаа и членови на Бордот на дипломатската асоцијација, како и истакнати претставници од најголемите канадски компании.

Амбасадорот Ватсон го нагласи значењето кое за Отава го имаат претставниците на дипломатската заедница, како во секојдневниот живот во градот, така и во долгорочните пријателства кои Отава преку овие луѓе ги гради со светот.

Македонскиот амбасадор Тевдовски им порача на новите дипломати дека, како што се пречекани со македонско вино и индонезиска храна, така во својот мандат ќе имаат можност да се запознаат со културата и традициите на народите од сите континенти, зошто Канада нашла место и улога за сите нив во своето општество. „До минатата година ние дипломатите мислевме дека Фестивалот на Лалето е најзначајната холандска традиција во Отава, но по годинешниот настап на Македонските играорци на фестивалот тој станува традиција и за Македонците кои живеат во престолнината на Канада“ –нагласи амбасадорот.

Заблагодарувајќи се на канадскиот бизнисмен од македонско потекло Енди Плуков за донацијата на македонско вино, македонскиот амбасадор нагласи дека дијаспорите на сите народи во Канада претставуваат огромна предност и можност дипломатите од сите земји да имаат добра стартна позиција во развивањето на билатералните односи.

Претставникот на најголемиот канадски производител на авиони, компанија Бомбардие, Пиер Шенпјан, го нагласи задоволството што на вакви манифестации канадските компании можат да се запознаат со културата и традициите на различни земји и народи, што е основа за идната успешна соработка.

_______4

MACEDONIAN UNITED PRESS
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.